ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година
2ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година
Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
2Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
ТехнологијаИнтернетот на „Starlink“ достапен во 32 земји, наскоро и во МакедонијаСателитската интернет услуга „Starlink“ од компанијата „SpaceX“ сега е достапна во 32 земји во светот.Вселенската компанија на Илон Маск на Твитер профилот ја објави оваа информација а посочуваат и дека услугата ќе биде испорачана веднаш, што претставува голем напредок во одност на претходните ситуавии, во кои купувчаите мораа да чекаат и по неколку месеци за да ја добијат платената услуга. На нивната веб страна се наоѓа и мапа која прикажува каде се е достапна оваа услуга. Поголем дел од Европа, Северна Америка и делови на Јужна Америка, Австралија и Нов Зеланд се покриени со сателитскиот интернет на оваа компанија. На мапата, поголем дел од змејите се прикажани со темно сина боја, која означува дека во тое делови наскоро ќе пристигне услугата. Тоа би можело да се случи уште следната година. Во овие делови од светот спаѓа и Македонија. Услугата е веќе достапна кај нашите соседи Бугарија и Грција. Starlink is now available in 32 countries around the world. People ordering from areas marked “available” will have their Starlink shipped immediately → https://t.co/slZbTmHdml pic.twitter.com/CecM1pkf5D — SpaceX (@SpaceX) May 13, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваНаоми Кембел застана зад ди-џеј пулт и ја отвори ски сезоната на Јахорина во БиХ Познатата британска манекенка и модна икона Наоми Кембел настапи како диџеј на Јахорина во саботата навечер, отворајќи ја новата зимска туристичка сезона. Нејзиниот сет беше централниот настан на отворањето на скијачкиот турнир. Пристигнување и прес-конференција Кембел слета на аеродромот во Сараево попладнето, по што се упати кон Јахорина, каде што се одржа прес-конференција пред настапот. Претседателот на Надзорниот одбор на Олимпискиот центар Јахорина, Недељко Елек, во таа пригода рече дека нејзиното пристигнување е голема чест и потврда дека Јахорина станала светска дестинација. Тој на шега додаде дека со неа пристигнал и снег на планината. Елек, исто така, му подари на познатиот гостин посебен подарок - традиционална рачно изработена облека од регионот Сараево-Романија, која во минатото ја носеле жените од таа област. Кембел истакна дека тоа е нејзин прв пат на Јахорина и им се заблагодари за топлото добредојде. „Многу сум среќна што сум тука. Ви посакувам на сите одличен почеток на скијачката сезона. Големо задоволство ми е и со нетрпение очекувам да ви пуштам музика вечерва. Се надевам дека сите ќе танцувате“, рече таа. Музички сет и нова кариера Таа застана на диџејската маса по настапот на Никола Роквиќ, кој ја отвори вечерта. За време на нејзиниот настап, публиката го слушна репертоарот што таа вообичаено го изведува, а листата на песни вклучуваше, меѓу другите, „Remembering“, „63 Mean Street“, „Empty Trainload of Sky“, „Naturally“, „Poncho Leftie“, „The Cottage“, „Tuesday's News“, „Your House“, како и преработка на класиката „Knockin' on Heaven's Door“. Иако стекна светска слава на модните писти како дел од генерацијата супермодели што ја одбележаа историјата на модата, Кемпбел во последните години гради и музичка кариера. По години свирење музика приватно за пријатели, таа го имаше своето јавно деби како диџеј во март 2025 година со поддршка и менторство на диџејот Чарлс Принс. Оттогаш, таа редовно настапува на ексклузивни настани и модни недели во Дубаи, Париз, Минхен, Азербејџан и Милано.Тагови: Наоми Кембел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГолем украински напад на Русија- биле соборени над 1.000 дронови, тврди Москва Повеќе од десетина руски региони, вклучувајќи ја и Москва, беа цел на украински беспилотни летала во уште еден напад во текот на ноќта.Русија денеска објави дека нејзините сили собориле повеќе од илјада авиони, пишува Euronews. Новиот напад се случи само еден ден откако Русија објави дека уништила повеќе од 1.200 украински беспилотни летала. Стотици авиони во последниот бран го таргетираа московскиот регион, додека украинските сили нападнаа и десетина други области. Двете земји ги засилија воздушните напади во последните месеци, бидејќи војната влегува во својата петта година. Извештај од Москва Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека повеќе од 500 беспилотни летала летале во пошироката област на главниот град. „Повеќето од нив беа неутрализирани од силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана на далечните пристапи. Вкупно 105 беспилотни летала беа уништени на самиот пристап кон Москва“, напиша Собјанин на државната платформа Max. Иако редовно се спроведуваат размени на затвореници, дипломатските напори за завршување на најтешкиот европски конфликт од Втората светска војна сè уште не доведоа до конкретен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата годинаЗа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, младите и понатаму остануваат приоритет. Покрај можностите за вработување и самовработување преку Оперативниот план, реконструкција на студентски домови, младински додатоци и решавање на дигиталната нееднаквост, овој пат ВМРО-ДПМНЕ со нови можности за студентите. Во соработка меѓу повеќе институции, Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии, се подготвува студентска картичка со 20% попуст преку апликацијата М-услуги, која студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година. Паралелно, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка. Паралелно со оваа иницијатива, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка, со цел проширување на можностите за младите и унапредување на дигиталните услуги наменети за нив. ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки продолжува да создава можности и подобри услови за студентите, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter