ФудбалИнтер Мајами почна со изградба на стадион од милијарда долари Интер Мајами потврди дека изградбата на новиот стадион е започната.Ќе се вика Парк на слободата во Мајами, ќе собира 25.000 луѓе, ќе чини милијарда долари, а Лионел Меси и неговите соиграчи ќе играат таму во 2025 година. Стадионот ќе биде изграден како дел од јавен парк, а ќе има и фудбалски, тениски и атлетски игралишта, деловни простории и трговски центар. Луксузниот хотел ќе нуди сместување во 750 соби. "Со Интер Мајами, моето семејство тргна да изгради нешто трансформативно. За само четири години ја сменивме светската перцепција за фудбалот во Америка. Се водиме од истата визија кога ја започнуваме изградбата на Паркот на слободата во Мајами", изјавија од клубот. Сопственикот на извршното мнозинство, Хорхе Мас, додава: „Ќе поставиме нов стандард за тоа какви можат да бидат спортските комплекси. Со нетрпение очекуваме да обезбедиме дестинација за храна и забава во која семејствата ќе можат да уживаат во текот на целата година. Едвај чекам да им посакам добредојде на нашите навивачи во нашиот објект со најсовремена технологија на стадионот и да ги слушнам овациите како Меси и вашите играчи на Интер Мајами излегуваат на терен за прв пат во 2025 година“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето за ОнкологијаВо Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. На минатото рочиште, на предлог на одбраната, беше сослушано вешто лице Владимир Даниловски. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија - Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор. Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУЈП: Граѓаните да внимаваат, стигнуваат лажни СМС пораки за поврат на ДДВУправата за јавни приходи предупредува на внимателност кај граѓаните откако, како што информираа почнале да пристигнуваат лажни SMS-пораки во кои се тврди дека „даночниот поврат е подготвен“, а во пораката е приложен и линк. Оттаму предупредуваат дека станува збор за можен обид за измама и апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не оставаат лични или банкарски податоци , посочувајќи дека ваквите пораки може да бидат дел од обид за кражба на лични и финансиски податоци. Од УЈП велат дека информациите поврзани со даночните услуги и повратот на ДДВ треба да се проверуваат исклучиво преку официјалните канали на институцијата.Тагови: УЈП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29
МакедонијаВељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?Дали шемите на градоначалникот Боби Стефковски ќе ги коштаат граѓаните на Гази Баба и Скопје околу 20 милиони евра од буџетот на Општината и Градот?Денеска, во пресрет на седница на Советот на Општина Гази баба сум на оваа локација за да отворам едно исклучително сериозно прашање и да побарам одговори од надлежните институции во Општината и Градот Скопје. Врз основа на Нацрт-верзијата за Деталниот урбанистички план ЦС09 Блок , кој се однесува на потегот кај East Gate, доаѓаме до фрапантни податоци. Податоци кои отвораат сериозен сомнеж за потенцијална финансиска штета врз буџетот на општината и градот во висина од неверојатни 23 и пол милиони евра. За што всушност станува збор и како е возможно ова? Да одиме по ред. Според овој Нацрт-ДУП, на вкупно четири градежни парцели се предвидува изградба на објекти со намена Б5 – или хотелски комплекси. Станува збор за огромна вкупна површина од близу 141.000 метри квадратни. За да ви ја доловам големината – ако една просечна хотелска соба има околу 40 квадрати, ова значи дека таму се цртаат неверојатни 3000 -3.500 хотелски соби. Тука леѓи главната дилема и сомнеж за корупција: Дали преку оваа намена за хотели, всушност, се подготвува терен за класични станбени згради, со цел да се изигра законот и да се избегне плаќањето на реалните комуналии? • Регуларниот надоместок за уредување на градежно земјиште за овој дел од Скопје изнесува околу 180 евра по метар квадратен. • Ако се градат станови, за оваа површина во буџетот би требало да се слеат околу 25 милиони евра. • Но, бидејќи инвеститорот добива маркица за „хотел“ намена Б5, тој законски плаќа само 5% од овој износ. • Тоа значи дека наместо 25 милиони, ќе се платат само нешто над 1.2 милиони евра. Оттука, прашуваме: Дали со овој ДУП директно му се овозможува на инвеститорот да заштеди 23.500.000 евра, пари кои треба да завршат во буџетот на Гази Баба и Град Скопје, а објектите потоа повторно да ги продава како апартмани за живеење? Дали со ваквиот план му се прави дополнителна услуга на инвеститорот да заштеди пари преку изградба на помал број паркинг места, согласно стандардите за хотели кои бараат помалку паркинзи отколку оние за станбени згради? Дали идните купувачи свесно ќе бидат доведени во правна замка? Дали тие луѓе ќе можат воопшто да извадат лична карта во МВР на таа адреса, со оглед на тоа што објектот ќе се води како хотел? Ова не го зборуваме на памет. Дали ќе се повтори истиот случај како со веќе изградениот објект на соседната градежна парцела каде луѓето веќе се вселени и живеат во станови, но не можат да ги пријават како свое место на живеење во МВР? Почитувани, 23.5 милиони евра се пари на граѓаните. Со тие пари се градат градинки, улици, и училишта. Институциите мора да дадат одговор на овие прашања. Дали и кој ќе сноси одговорност доколку се дозволи вакво оштетување на буџетот? Ви благодарам. Александар Вељановски, советник во општина Гази БабаТагови: Александар Вељановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29