МакедонијаИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголеменНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СветПристигна првата реакција на милијардерот Маск по изборитеПо победите на демократите на изборите за Претставничкиот дом и Сенатот, се огласи милијардерот Илон Маск – најбогатиот човек во светот и еден од најголемите финансиски поддржувачи на републиканските кандидати. „Дата центрите во вселената во моментов изгледаат прилично привлечно“, напиша Маск на социјалната мрежа X. „Изгледа дека моите ласери во вселената, наменети за местење избори, овој пат не проработеа 🤷♂️“, додаде тој. За време на изборната кампања, Маск потроши стотици милиони долари за поддршка на републиканските кандидати за Конгресот. Неговата најзначајна инвестиција беше во една трка во Тексас, каде што републиканецот Кен Пакстон – кој ја имаше и поддршката од претседателот Доналд Трамп – загуби од демократскиот кандидат Џејмс Таларико. Изградбата на Дата центри стана значајно политичко прашање во Соединетите Држави. Сè поголемата побарувачка за компјутерска моќ, неопходна за развој на вештачката интелигенција, поттикнува изградба на огромни центри за податоци кои трошат огромни количества електрична енергија и вода. Како резултат на тоа, сè поголем број локални заедници во САД се спротивставуваат на нивната изградба, стравувајќи од зголемени трошоци за електрична енергија, преоптоварување на инфраструктурата и негативни влијанија врз животната средина. На овогодинешните избори, неколку кандидати од Демократската партија за гувернери – вклучително и оние во Тексас, Џорџија и Охајо – се заложија за ограничување или привремено стопирање на изградбата на нови центри за податоци. Маск, сепак, долго време ја промовира идејата тие да се преместат во вселената. Концептот подразбира сместување на компјутерските сервери, потребни за обработка на податоци и за функционирање на системите за вештачка интелигенција, на сателити што кружат околу Земјата, наместо во големи објекти на копно. Главната предност на еден ваков пристап би била можноста за искористување на речиси континуирана сончева енергија.Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ФудбалБаерн го освои „Метрополитано“, Јунајтед со пресврт до триумф над РомаФудбалерите на германскиот велика, Баерн Минхен го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:0 (0:0) во дербито на првата вечер од 4. коло во Лигата на шампионите.Фудбалерите на германскиот велика, Баерн Минхен го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:0 (0:0) во дербито на првата вечер од 4. коло во Лигата на шампионите. Дербито во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“ во првото полувреме беше прилично израмнето, но и досаддно, додека во второто полувреме до израз дојде квалитетот на баварскиот великан. Победникот беше решен во средината на вториот дел кога Карл и Лајмер го совладаа Облак во 54 односно 74 минута за конечни Атлетико - Баерн 0-2. Манчестер јунајтед синоќа направи голем пресврт во Лигата на шампионите, со што практично ја спаси работата на Мајкл Керик. „Црвените ѓаволи“ губеа од Рома на „Олд Трафорд“ со 0:2, но успеаја да победат во второто полувреме. На полувремето, Керик успеа да го промени расположението во тимот, чии играчи поверуваа дека можат да го свртат текот на натпреварот. „На полувремето сакав да бидат попозитивни – во најмала рака, да не паѓаат во очај и да не бидат премногу фрустрирани. Кога постојано се обидувате да направите нешто, најлесно е да почнете да се сожалувате себеси. Ако нешто тргне наопаку, се разочарувате. Тоа никому нема да му помогне. Ако е така, тогаш сите можеме да си одиме дома. Мораме да продолжиме да бараме нова шанса, ново решение“, изјави Керик. Карик е задоволен по ваквиот исход. „Не сакам премногу да зборувам за момците, за тоа што може да направи ова место, за историјата и минатото, но сето тоа е тука. Ова место прави магични работи; ги правело и претходно, а ќе ги прави и во иднина, одново и одново. Има нешто посебно во ова место – кога имаме вакви вечери, успеваме на потешкиот начин. Но, еден момент може целосно да ја промени ситуацијата. Разговарав со момците за тоа; им реков: ’Ајде да создадеме еден момент што ќе го сврти текот на настаните‘ – и токму тоа се случи“, додаде Карик. Јунајтед има шест бода по четири кола и моментално се наоѓа на 17-тото место. Лига на шампиони, 4. коло вторник Галатасарај - Штутгарт 2:0 (2:0) Батраков 12, 15 Шахтјор - Спортинг 0:1 (0:0) Думбија 59 Атлетико Мадрид - Баерн 0:2 (0:1) Карл 54, Лајмер 74 Барселона - Астон Вила 3:0 (1:0) Џамал 7, Рафиња 52, 62 Бодо/Глимт - Лил 0:0 Феенорд - Интер 0:3 (0:2) Бисек 8, Еспосито 34, Зиелински 54 ЛАСК - Слован 4:0 (3:0) Молгард Јоргенсен 19, 37, Љубичиќ 44, Адениран 48 Манчестер Јунајтед - Рома 3:2 (0:2) Фернандес 58. стр, Куња 82, 86 - Суле 11, Мален 17. стр Виљареал - ПСЖ 0:6 (0:4) Невес 9, Дуе 12, Мајулу 13, Руиз 17, 50, Боли 78 среда 18.45 АЕК - Реал Мадрид Фенербахче - Ливерпул 21:00 Борусија Дортмунд - Бетис Објектив - Комо Порто - Наполи ПСВ - Клуб Бриж РБ Лајпциг - Манчестер Сити Славија Прага - Арсенал Викинг - СабахТагови: Баерн М. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
БалканОдреден притвор за сопственикот на „Алта банка“ Давор МацураДавор Мацура сопственикот на „Алта банка“ имал и двајца помагачи. Вишиот суд во Белград му одреди притвор во траење до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Давор Мацура, кој се сомничи дека од трезорот на банката изнел повеќе од 45 милијарди динари, со помош на уште две уапсени лица. На директорот на секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., и на соработникот за трезорски операции во „Алта банка“, И. П., им е одреден притвор, соопшти денеска судот. Според Мацура, на Г. М. и И. П. им е одреден притвор за да не влијаат врз сведоците и за да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, а исто така, според Мацура, мерката е одредена и поради опасност од бегство. Се сомнева дека Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите се сомничат за истото кривично дело, извршено преку помагање. Како што претходно соопшти обвинителството, постои сомневање дека Мацура го сторил делото во претходниот период, заклучно со 31 октомври, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања. Притоа, осомничените Г. М. и И. П. му помогнале создавајќи услови за извршување на кривичното дело – во својство на лица одговорни за непосредно ракување со вредности во трезорот на „Алта банка“ – со тоа што му предавале картички за влез во трезорот, или пак, користејќи ги сопствените картички и своето присуство, му овозможиле неовластен влез во трезорот „Депо“. На овој начин, како што се сомнева, Мацура извлекол пари од трезорот и се стекнал со незаконска имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter