Интел во Германија гради голема фабрика за чипови, инвестиција од 88 милијарди евра - Канал 5

Интел во Германија гради голема фабрика за чипови, инвестиција од 88 милијарди евра

Американскиот технолошки гигант Интел денеска објави дека ќе изгради голем комплекс за производство на чипови во Германија во вресдност од 88 милијарди долари во следните десет години.

Интел во Германија гради голема фабрика за чипови, инвестиција од 88 милијарди евра

Првата фаза предвидува инвестиции од 33 милијарди евра, вклучително и 17 милијарди евра за фабрики во Германија, кои треба да одговорат на зголемената побарувачка за чипови за компјутери, автомобили, паметни телефони и други уреди и долгорочно да ја намали зависноста на Европа од азиските добавувачи.

Во септември минатата година, извршниот директор на Интел, Пат Гелсинџер, најави 88 милијарди долари инвестиции во Европа во следните десет години, одговарајќи на пораките од европските лидери дека планираат да го зголемат капацитетот за производство на чипови и да ја намалат зависноста од надворешните извори.

Новата фабрика треба да биде лоцирана во Магдебург, Германија, која ќе отвори 7.000 работни места во градежништвото, 3.000 постојани работни места за сопствени потреби и уште десетици илјади работни места со добавувачи и партнери, се вели во извештајот.

Дополнителни 12 милијарди евра ќе бидат инвестирани во фабрики во Ирска, со што вкупната инвестиција на Интел во ЕУ ќе достигне повеќе од 30 милијарди евра. Тие, исто така, преговараат со Италија за потенцијална инвестиција до 4,5 милијарди евра во инженерски центар за поддршка на производството на чипови, што планираат да го отворат меѓу 2025 и 2027 година.

Во Франција, Интел планира да го изгради својот нов европски истражувачки центар, кој ќе отвори илјада нови високотехнолошки работни места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши низата од десет победи за Реал- Мурињо бесен на судијата, но и на себеси

Жозе Мурињо остро го критикуваше судијата Сезар Сото Градо откако вчера Реал Мадрид загуби со 1-2 од Алавес на Бернабеу . 

Заврши низата од десет победи за Реал- Мурињо бесен на судијата, но и на себеси

Португалецот рече дека Реал не загубил поради судијата, но додаде дека судијата сака да ја покажува својата моќ и се пошегува дека ќе го исклучи Тибо Куртоа следната сезона.

„Мислам дека овој судија сака да ја покажува својата моќ, дека е феномен. Не ми се допадна неговата работа, но не го загубивме натпреварот поради судијата, туку поради нас самите“, рече Мурињо. „Пред две сезони го исклучи Мбапе, минатата година Винисиус, а оваа година Белингам. Следната година ќе биде Куртоа“, додаде тој.

Белингам го исклучи поради симулирање

На крајот, Сото Градо досуди пенал за Реал по падот на Џуд Белингам, но по прегледот на ВАР, ја поништи одлуката и му покажа на Англичанецот втор жолт картон поради симулирање. „Го погледнав пеналот и изгледа сомнително, но Џуд вели дека е пенал“, рече Мурињо.

Португалецот ја презеде одговорноста за поразот. „Изгубивме поради мене, јас сум шефот“, рече тој и му честиташе на тренерот на Алавес. Додаде дека Алавес имал среќа бидејќи судијата бил многу попустлив кон губењето време и прекините.

Крај на серијата од десет победи

Алавес поведе со голот на Тони Мартинез во 22-та минута, по грешката на Дин Хујсен, а Анхел Перез го израмни резултатот во 61-та минута. Килијан Мбапе го намали резултатот во 69-та минута по асистенцијата на Белингам, а Бернабеу свирна за Винисиус по вториот гол на гостите.

Мурињо го бранеше Бразилецот. „Винисиус беше како целиот тим, не мислам дека може да се каже дека еден играч бил подобар или полош“, рече тој. Со поразот, Реал ја прекина серијата од десет победи и падна на третото место со 33 бода, зад Барселона со 36 и Атлетико со 34.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на Мицкоски

Бајките на Мицкоски за трета економија ги разби прво ММФ а сега и Евростат.

Борозан: Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на Мицкоски

Евростат објави дека Македонија е трета во Европа по младинска невработеност.

Имаме дури 29% младинска невработеност во вториот квартал од 2026 година.

Речиси секој трет млад човек од работната сила е без работа.

Еве ја третата економија во Европа на Мицкоски.

Бројките се немилосрдни – за младите што немаат работа, за оние што крпат крај со крај, за оние што гледаат во фрижидерот и во џебот и за оние што саката да се иселат од државата.

Мицкоски зборува за поевтини станови за млади до 35 години и нула комуналии. А младинската невработеност е 29%.

Како да купи стан млад човек кога нема работа ниту плата? Како да гради куќа?

Дури Мицкоски одбива и да го зголеми студентскиот оброк. Јаневска уште и ги навредува студентите заради нивното незадоволство.

Пари за криминални тендери има. За младите – нема. Тие треба само да ги враќаат скапите кредити.

Криминалните политики на Мицкоски се на директна штета на младите.

Колку е лоша економијата сите граѓани гледаат, во своите празни паричници и празни фрижидери. Народот едвај врзвува крај со крај, секој месец гледа колку им останува од платата која не стига ниту до половина од месецот.

Од следната недела стигнува нов ценовен удар. Парното поскапува за дури 7,56%. Трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%.

Од 1 јануари е најавено и поскапување на струјата. Поскапата струја носи нов притисок врз цените на храната и услугите, а платите на граѓаните не мрдаат.

Како што рековме, секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување, следува покачување.

Народот во Македонија буквално живее крпен живот, заглавен е во сиромаштија, во брзи кредити, во математики како да преживее.

Според некои проценки 80.000 до 100.000 луѓе кај нас се веќе заглавени со брзи кредити а вкупниот број е над 200.000.

Ете ја третата економија на Мицкоски. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е Христијан Мицкоски и неговите криминални политики, рече Маја Борозан од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол на сите граѓани. Неговото сквернавење е недозволиво!

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија најостро го осудува чинот на симнување и сквернавење на македонското државно знаме на плоштадот во Гостивар, чин со кој се изразува непочитување кон државните симболи, институциите и државата Македонија.

ЗНАМ: Македонското знаме е државен симбол на сите граѓани. Неговото сквернавење е недозволиво!

Македонското државно знаме не е симбол на една политичка партија или на една етничка заедница. Тоа е државен симбол на Република Македонија, знаме на македонскиот народ и на сите заедници што живеат во нашата држава.

Неговото почитување е обврска на секој граѓанин, без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност.

Почитувањето на правото на секоја заедница да ги негува сопствените традиции, култура и национални симболи не смее да биде изговор за непочитување на државните симболи.

Прославувањето на Денот на албанското знаме, без соодветно истакнување на македонското државно знаме, претставува непочитување на државниот поредок и постапување спротивно на законските одредби за употреба на знамињата.

Исто така, дивеењето по улиците, насилничкото однесување и нарушувањето на јавниот ред и мир во градовите најмалку прилегаат на достоинствено, свечено и цивилизирано одбележување на кој било празник.

Празниците треба да бидат повод за славење, меѓусебно почитување и градење соживот, а не за провокации, инциденти и демонстрација на непочитување кон државата.

Очекуваме надлежните институции без одлагање да ги расчистат настаните во Гостивар, да ги идентификуваат сторителите и да постапат согласно законите.

Законот мора да важи подеднакво за сите, без селективност и без политички калкулации.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија порачува:

Почитувањето на различностите е наша вредност, но почитувањето на државата, нејзините симболи и законите е обврска на сите!

Македонија е заедничка држава на сите нејзини граѓани и нејзиното знаме мора да биде почитувано од сите.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер