Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај
1Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
2Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај
3МДТ ја продолжува борбата против нелегалното онлајн коцкање, нов налог за блокирање 104 веб-страници
ТехнологијаИнтел вложува 20 милијарди долари во фабрика за чипови во Аризона Американскиот технолошки гигант Интел ќе инвестира 20 милијарди долари во изградба на две фабрики за чипови во Аризона и планира нови погони во Европа, изјави новиот извршен директор Пат Гелсингер.Интел е една од ретките компании што сè уште произведуваат сами полупроводници и дизајнира и произведува свои чипови. Конкурентите како „Qualcomm“ и „Apple“ им го препуштаат производството на чипови на подизведувачи, потсетува „Ројтерс“. Гелсингер посочува дека Интел ги „реши целосно“ тешкотиите со најновата технологија на производство и дека системот ќе биде подготвен да произведува чипови до 2023 година. Тие планираат голема експанзија на производството, што ќе вклучува 20 милијарди долари инвестиции во две нови погони во Чендлер, Аризона и на идните локации во САД и Европа, рече Гелсингер. „Следната година ќе избереме нови локации во САД и Европа. Ќе се фокусираме на капацитетот за леење за клиентите“, рече тој. Интел ќе произведува чипови за свои потреби во новите фабрики, но исто така ќе ги продава на други компании, потпирајќи се на моделот што го нарекуваат „леарница“ во индустријата за чипови. Новите фабрики ќе произведуваат претежно најнови модели на чипови, што значи дека Интел ќе се натпреварува со производството на полупроводници од Тајван (TSMC) и корејската Самсунг електроникс. Овие компании досега доминираа во производството на полупроводници, префрлувајќи го фокусот на секторот од САД, каде порано е развиен најголемиот дел од технологијата, додека во Азија сега се произведуваат повеќе од две третини од новите модели на чипови. Според Гелсингер, Интел ќе настојува да ги промени односите во глобалниот полупроводнички сектор со модел на производство во кој досега бил помалку присутен. Ќе им понуди на купувачите на чипови можност да го лиценцираат производството, засновано врз архитектурата x86 и чипови што ќе ги произведува само врз основа на технологијата Arm Ltd и новата технологија со отворен извор RISC-V, објасни првиот човек на Intel. Интел ќе ги произведува „плочките“ за чиповите Метеор Лејк и Гранит Рапидс од 2023 година, но исто така ќе понуди чипови за компјутери и центри за податоци со табли TSMC, рече Гелсингер, не сакајќи да открива детали за новите производи. „Ќе ја изберам најдобрата технолошка постапка, каде и да е“, рече Гелсингер. "Ќе користам внатрешни и надворешни ланци за снабдување, ќе имам најдобра структура на трошоци. Таквата комбинација на снабдување, производи и трошоци ќе биде најдобро решение според нашето мислење", рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАкадемија 8 со злато на турнирот „Идни ѕвезди 2026“Младите фудбалери на Академија 8, генерација 2018, го освоија првото место на турнирот „Идни Ѕвезди 2026“, кој се одржа на 31 октомври на стадионот на ФК Лепенец во Бардовци.За екипата Академија 8 (1) настапија осум фудбалери: Стеван Видов, Давид Богојески, Иван Иљоски, Јаков Стефановски, Константин Ристески, Јован Јанковиќ, Адни Кадри и Матеј Богдановски. Со борбена игра, тимска поврзаност и посветеност, младите фудбалери стигнаа до заслуженото прво место. Тимот го предводи тренерот Павел Ристов, заедно со тренерите Боби и Пане, со поддршка од родителите, кои беа нивна верна публика во текот на турнирот. Уште еден убав спортски успех за Академија 8 и осумте млади фудбалери кои со својот настап го заслужија златото. Фото: АФТТагови: фудбалери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаТошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички заканиТошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (02.11.2026) се обрати на почетната сесија од евалуациската посета на Извршната дирекција на Комитетот за борба против тероризмот при Советот за безбедност на Обединетите нации (CTED), која се одржува во Скопје од 2 до 6 ноември. Делегацијата на Обединетите нации ја предводи заменик директорката на CTED, Кармен Кантор. Целта на посетата е да се оцени спроведувањето на релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, да се согледаат националните капацитети и предизвици во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам и да се идентификуваат можностите за дополнително унапредување на институционалниот одговор и меѓународната соработка. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година. „Во изминатите петнаесет години Македонија помина низ значајни институционални, законодавни и структурни реформи, со кои ги зајакна своите безбедносни капацитети и ја потврди својата улога на одговорен партнер во зачувувањето на регионалната и меѓународната стабилност. Нашата определба е да продолжиме со развојот на систем кој навремено ги препознава заканите, ефикасно ги спречува и обезбедува сигурност за граѓаните“, нагласи Тошковски. Министерот посочи дека во изминатиот период се унапредени механизмите за меѓуинституционална координација, размена на оперативни информации и соработка меѓу полицијата, разузнавачките служби и органите за гранично управување. Истовремено, посебно внимание е посветено на превенцијата на насилниот екстремизам, раното препознавање на радикализацијата, дерадикализацијата и ресоцијализацијата, преку вклучување на локалните заедници, образовните институции и граѓанскиот сектор. Говорејќи за идните приоритети, Тошковски го најави донесувањето на ревидираната Национална стратегија за борба против тероризмот, со посебен акцент на дигиталната радикализација и новите безбедносни закани. „Терористичките закани сè повеќе се пренесуваат во дигиталниот простор. Затоа веќе го започнавме процесот на формирање специјализирана Национална единица за следење и сузбивање на терористичките содржини на интернет. Паралелно, планираме меѓуинституционални симулациски вежби за заштита на критичната инфраструктура и справување со хибридни закани, со вклучување и на приватниот сектор“, истакна министерот. Во рамки на петдневната евалуациска посета ќе се разгледуваат повеќе области, меѓу кои антитерористичкото законодавство, спречувањето на финансирањето на тероризмот, граничната безбедност, меѓународната полициска и правосудна соработка, спречувањето на радикализацијата, злоупотребата на интернетот и новите технологии, како и заштитата на критичната инфраструктура. Предвидени се и теренски посети на Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин „Табановце“. На завршните сесии делегацијата ќе ги презентира своите прелиминарни согледувања и препораки, кои ќе послужат како основа за натамошно унапредување на националните капацитети. Министерот Тошковски ја потврди подготвеноста на Министерството за внатрешни работи за целосна соработка со експертскиот тим на Обединетите нации, нагласувајќи дека објективната процена и меѓународната размена на искуства се важни за градење поотпорен и поефикасен безбедносен систем. „На оваа евалуација гледаме како на можност да ги потврдиме постигнатите резултати, но и да ги препознаеме областите во кои можеме да бидеме подобри. Борбата против тероризмот бара постојана будност, силни институции и меѓународно партнерство. Нашата крајна цел останува заштитата на граѓаните и обезбедувањето стабилна и безбедна држава“, порача Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
КултураЈапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чајАмбасадата на Јапонија, Кинотеката и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија (кој секоја година се слави на 3 ноември) со 19-тото издание на Неделата на јапонски филм и работилница за оригами.На 4 ноември во 19:00 часот во Кинотеката во Скопје, амбасадорот Кавахара ќе го отвори 19-тото издание на Неделата на јапонски филм, кое ќе понуди разновиден избор на современи јапонски филмови. Два од филмовите ќе бидат прикажани на 11 ноември во Центарот за култура во Битола. На истото место, Амбасадата ќе организира и работилница за оригами што ќе ја води г. Јошио Којама, предавач по јапонски јазик. Одбележувањето на Денот на културата ќе продолжи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На 13 ноември, Јапонската фондација од Будимпешта ќе организира предавање и работилница за сенча (јапонски чај), кои ќе ги води г-ѓа Курита Јунко, специјалист за јапонски чај. 3 ноември е Ден на културата (Bunka no Hi), национален празник што секоја година се одбележува во чест на слободата и мирот, како и за промовирање на културата, уметноста и науката. На Денот на културата, многу музеи во Јапонија се отворени за посетители и нудат бесплатен влез. Во периодот околу овој датум се организираат бројни фестивали за промоција на уметноста и културата, а различни јавни и приватни организации низ целата земја доделуваат награди од повеќе области. Во Империјалната палата во Токио се одржува свечената церемонија за доделување на Орденот за култура. Царот лично им ги врачува признанијата на поединци кои дале исклучителен придонес во областа на науката, уметноста или културата. Учеството на сите настани е бесплатно. За работилницата за оригами во Центарот за култура Битола е потребна претходна резервација.Тагови: јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter