Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик никако да профукционира – нема согласност за вработување на инспектори - Канал 5

Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик никако да профукционира – нема согласност за вработување на инспектори

По речиси две години од носењето на Законот за употреба на македонскиот стандарден јазик, Инспекторатот формиран за негова заштита сè уште нема вработено ниту еден инспектор.

Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик никако да профукционира – нема согласност за вработување на инспектори

Како што објаснува директорката на Инспекторатот, Менче Андреева, причината за ова е тоа што Министерството за финансии се уште не им го одобрил годишниот план за вработување, Дополнително и по усвојувањето на планот, идните инспектори согласно закон ќе мора да поминат 12-месечна обука пред да започнат со вршење надзори.

Министерот Зоран Љутков најави дека буџетот за култура и туризам во 2026 година ќе изнесува над 8 милиони евра или за 8 отсто повеќе од претходната година. Очекува да биде завршена реконстукцијата на скопското кале и МНТ, да започне реставрацијата на Аквадуктот и да биде оформена канцеларија која ќе ги креира проектите за проектот Скопје европска претстолнина на културата. Тој е генерлано задоволен од постигнатото во ресорот, но финалната оценка вели ќе ја даде премиерот.

Во однос на Универзалната сала, Љутков посочи дека е обезбедена нова документација и е објавена нова јавна набавка за нејзина реконстукција, откако првиот тендер пропадна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер