Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
ЗдравјеИнсектицидите влијаат на квалитетот на спермата кај мажите Изложеноста на инсектициди е поврзана со помала концентрација на спермата кај возрасните мажи, посочува нова анализа на 25 истражувања што опфаќаат распон од речиси 50 години. Според тимот научници од Италија и САД, ова е најтемелната анализа досега. - Осознавањето на тоа како инсектицидите влијаат на концентрацијата на сперматозоидите кај луѓето е од клучно значење со оглед на распространетоста (на проблемот) во околината и документираните опасности по сексуалното здравје, вели Лорен Елис, научник од Северозапниот Универзитет во Еванстон, Илиноис, САД. Истражувачите споредиле податоци за 1.774 возрасни мажи од четири континенти (Азија, Европа, Северна и Јужна Америка) кои биле изложени на органофосфати и Н-метил карбамати. Штетното влијание, се чини, настанува преку воспалителни процеси во мозокот. Постојат и други важни фактори кои можат да влијаат на плодноста. Загадувањето, имено, е поврзано со намаленото количество сперма - и кај луѓето и кај животните, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert). - Без разлика дали испитувањата биле мали или големи, тука е постојано присутната поврзаност меѓу зголемената изложеност на инсектициди и намалената концентрација на сперма, објаснува американската истражувачка Мелиса Пери, епидемиолог и микробиолог на Универзитетот „Џорџ Мејсон“ во Џорџија. Машкиот и женскиот стерилитет, се наведува, се подеднакво застапени. Во 40 отсто случаи, проблемот е кај мажот, 40 насто - кај жената, 10 отсто кај двајцата и во 10 проценти стерилитетот се јавил од непозната причина. - Со доказите со коишто располагаме се дојде до точка кога треба да преземеме регулаторни мерки за намалување на изложеноста на инсектициди, вели Пери. Кога станува збор за органофосфатите, тимот препорачува дополнителни истражувања, особено за глифосфатот, бидејќи неговите невротоксични ефекти се проучувани, но се чини дека недостасуваат податоци за неговото влијание врз производството на сперма./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДрама во близина на Загреб: Маж се заканувал дека ќе активира бомбаМаж кој се закануваше дека ќе детонира бомба во загрепската населба Утрина се предаде на полицијата, пишува Јутарњи лист.Загрепската населба Утрина беше под полициска опсада поради маж кој се закани дека ќе детонира експлозивна направа, потврди полицијата. Опсадната состојба траеше речиси еден час. Маж го извадил осигурувачот од бомбата во близина на основно училиште и наводно се заканил дека ќе се разнесе. Драмата заврши откако мажот се предал на полицијата. „Во шок сме. Млад човек шеташе во паркот, а околу него имаше полицајци. Ги задеваше одејќи од зграда до зграда во паркот. Беше загрижувачко. За среќа, никој не беше повреден“, рече жител на блиската зграда. „Специјалните сили го опколија со штитови во рацете“, додаде друг жител. Извор: Б92Тагови: Загреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре попладне ќе има услови за појава на пороен дождУтре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степени. Од понеделник, времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога ќе надминува брзина од 50 km/h.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,4 степени ги погоди Филипините денес, соопшти Европско-медитеранскиот центар за предупредување од земјотреси и цунами (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 35 километри. Нема веднаш извештаи за повредени или штети. Не е издадено предупредување за цунами. Покрај честите земјотреси во областа неодамна, Филипините се справуваат и со обилни дождови предизвикани од силна бура, во која загинаа 15 лица во лизгање на земјиштето на југот од земјата.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter