МакедонијаИНРМ: Ниту една државна институција нема увид во конфигурациските параметри на броилатаЕВН истовремено ги извршува сите клучни улоги. Тој е оператор на дистрибутивниот систем, поставувач на броилата и нивен верификатор преку сопствено акредитирано телоДржавните институции немаат ниту пристап ниту контрола врз софтверските конфигурации на броилата кои директно влијаат на мерењето и фактурирањето на потрошувачката на електрична енергија. Иако министерката за енергетика Сања Божиновска уште на 23 февруари годинава при посетата на Бирото за метрологија најави итно активирање на државната лабораториска опрема за проверка на електричните броила, во реалноста таа опрема сѐ уште не е ставена во функција. За време на посетата, таа изјави дека „ерата на високи сметки и неточни броила заминува во историја“ и дека опремата „веднаш“ треба да се активира. Со тоа истовремено призна дека државата располага со современ систем за тестирање кој седум години не се користел поради „нечија неажурност или други причини“. И покрај јавното ветување на министерката, конкретни чекори не беа преземени сè до моментот на нашата реакција на 4 јуни 2025 година кога поднесовме Барање за информации од јавен карактер до Бирото за метрологија, а за кое одговор добивме на 13 јуни. Во Одговорот се потврдува дека опремата сеуште не е ставена во функција, дека граѓаните немаат можност самостојно да поднесат барање за проверка на сопственото броило и дека Бирото не води евиденција за типовите на вградените броила, ниту пак води евиденција за бројот на евентуални поплаки или утврдени отстапувања. Интересно е што јавната набавка 10614/2025 „Услуга за инсталација и обука на ZERA МТ310-5 (трифазен систем за тестирање на електрични броила) дизајниран за високопрецизно тестирање на енергетски броила вклучително и паметни броила, во согласност со стандардите за калибрација“ е објавена на 12 јуни, што е само неколку дена после нашето испратеното барање. Ова е првиот институционален потег кој е преземен четири месеци после најавата на министерката и нејзиното ветување дадено во февруари. Одговорот од Бирото откри сериозни системски недостатоци, меѓу кои најзначаен е фактот што граѓаните немаат директен пристап до независна државна проверка на своето броило, туку мораат да поднесат барање до ЕВН, која самата одлучува дали и како ќе спроведе верификација. Исто така, не постои јавен регистар на моделите и техничките параметри на броилата што се користат во домаќинствата, ниту пак се води статистика за поплаките од корисниците. Со тоа, сите клучни механизми на контролата на електронските броила што директно влијаат врз точноста на сметките на граѓаните и стопанството, остануваат исклучиво во рацете на операторот ЕВН, додека државните и независни институции, вклучително и Бирото за метрологија, немаат пристап, увид или контрола врз нивната конфигурација, техничките параметри или дневните модификации. Ова е целосно отсуство на институционален надзор, увид и контрола врз најважната компонента во системот за наплата на електрична енергија – електронските броила. Во одговорот на нашето прашање: „Кога Бирото последен пат извршило инспекциски надзор над лабораторијата на ЕВН?“, беше наведено дека „Телото за инспекција на броила е акредитирано од Институтот за акредитација“ (сертификат ИТ‑068). Оттаму сфативме дека таа акредитација опфаќа исклучиво физичка и техничка верификација на точноста на броилата, во согласност со МКС EN ISO/IEC 17020:2012 (тип B) и стандардите за прва, периодична и вонредна верификација. Меѓутоа, бидејќи најчесто користените модели Iskraemeco MT174 овозможуваат софтверска конфигурација на множител, тарифен профил, фазност и CT/VT однос (параметри што директно влијаат на начинот на пресметувањето на потрошувачката) во сертификатот не се споменува ниту една одговорност за проверка или увид во овие софтверски поставки. Така ЕВН преку своето акредитирано тело врши верификација без никаква независна контрола на конфигурациските параметри, а државните и други автономни институции немаат пристап до евиденцијата на тие промени, ниту можност активно да контролираат дали уредите се конфигурирани точно и фер. Поради ова, поднесовме формално барање за информации од јавен карактер до ЕВН Македонија, со цел да ни достават детали за техничките можности на конфигурирање на моделот Iskra MT174-D1A54-M3KO, како и за другите smart броила за кои знаеме дека се користат кај домаќинствата и стопанството и да ни појаснат дали овие уреди поседуваат можност за интервенции на множител, тарифни распореди, фазност и CT/VT односи, и дали тие логови се достапни и за државен надзор и кој е надлежен за проверка на софтверските поставки што директно влијаат на точноста на фактурирањето. Во барањето јасно нагласивме дека не прашуваме дали се изведуваат конкретни промени, туку дали тие технички можности постојат и дали се поддржани од софтверските и хардверските карактеристики на броилата, со цел да ги разбереме ризиците од потенцијални манипулации што директно влијаат врз точноста на фактурирањето. Можеме да заклучиме дека очигледна е потребата од итни реформи кои ќе обезбедат вистинска независност и транспарентност во системот за мерење на електрична енергија. Потребен е јавен регистар на броила, пристап за потрошувачите до проверка на точноста на своето броило и обврска за државните институции да имаат увид во конфигурациските логови. Денес, системот е целосно во рацете на приватниот оператор ЕВН, без државен надзор, без техничка отчетност и без механизми за заштита на граѓаните. Одговорите што ги добивме потврдуваат дека, и покрај бројните најави за итност, ништо не се случи сѐ до формалната реакција на граѓаните. Наместо институционална одговорност, реформите се активираат единствено под притисок на освестени граѓани. Опремата остана неактивирана, контролата на броилата – недостапна, а ветувањата – неисполнети. Потрошувачите не можат да побараат независна проверка, а контролата врз мерењето и конфигурацијата на софтверот останува исклучиво во рацете на ЕВН. Неопходно е да се создаде транспарентен, технички прецизен и независен систем за мерење на електрична енергија, достапен за сите граѓани. Секој потрошувач заслужува точно броило и право на проверка на неговата точност за да не биде нарушена довербата во мерењето на електричната енергија. ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ИНРМТагови: струја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16