Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
1Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
ФудбалИниго ќе отсуствува четири недели поради повреда на тетиватаБарселона денес објави за потребното време за закрепнување на Иниго Мартинез.Одбранбениот фудбалер на каталонскиот клуб се повреди во 27. минута од натпреварот против Реал Мадрид (5:2) во Суперкупот на Шпанија, одигран викендот во Џеда. Тој седна на тревата во кругот на центарот и по разговорот со медицинскиот персонал беше заменет. Барселона објави дека играчот ќе пропушти околу четири недели поради повреда на тетивата. Триесет и тригодишниот Шпанец одигра 18 натпревари во тековната сезона во Ла Лига. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПартиски препукувања за загадената вода во ГостиварПродолжуваат партиските препукуавња за загадената вода во Гостивар. Од опозициската СДСМ бараат политичка и кривична одговорност и од централната и од локалната власт, од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека локалната власт во Гостивар со години е во раце на опозициските партии. Обвинуваат дека на СДСМ и ДУИ не им се важни граѓаните и дека го штитат градоначалникот Валбон Лимани. „Не може да се отруе цел град и да нема ниту една оставка од оние кои потфрлиле, не може да луѓето да пијат отровна вода а никој да не одговара од власта. 20 години ВМРО-ОКГ е коалиција со секоја локална власт во Гостивар. Дваесет години нивни луѓе потпишуваат, именуваат, одлучуваат, членуваат по Управни одбори на јавните претпријатија. Додека граѓаните на Гостивар пиеле со денови отровна вода, Центарот за јавно здравје а прогласил водата за исправна“ „Тие се локална власт во Гостивар. Власт се СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар.Ако им се важни граѓаните, како што знаат да повторуваат секојдевно нека го повикаат градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани кој е нивни кадар, да одговара, да поднесе оставка и слично. А тие што прават, молчат, што значи го штитат за труењето на населението во Гостивар и покажуваат дека поважен им е партискиот другар откоку граѓаните“ Меѓусебните партиски препукувања и фактот што дискусијата во политичкиот дискурс во последниот период се повеќе се сведува на теми кои во државата одамна требало да бидат надминати, според аналитичарот Арсовски е загрижувачки. За случајот со загадената вода во Гостивар, според него потребна е институционална одговорност и да се извлече поука за во иднина. „Тоа е недостаток на моќ за процесирање кај граѓаните и тоа се амалгамира во еден заеднички општ жабарник каде гласачите го складираат тоа незадоволство за понатаму. Ние видовме апсења во Комуналц но недоставува една институционална одговорснот. Да се идентификува каде затаил системот, што се случил и да се воведат механизми тоа да не се повтори. Таа лекција не ја научивме ниту ја напавивме со Кочани, некулкуте сообраќајни несреќи, не гледам дека сега ја правиме во Гостивар“ Арсовски додава дека партиската пинг понг коумикација, нема да им донесе поени на политичарите, туку напротив само ќе го зголеми незадоволството кај граѓаните и дека тоа ќе се прелее и избори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаАнализа на ИБНА: Дали ДУИ го редефинира наративот во обид да се приближи кон Мицкоски? „Одлуката на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, да го истакне националното знаме на Македонија во својата канцеларија за прв пат во последните 24 години, е многу повеќе од симболичен протоколарен гест.“„Одлуката на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, да го истакне националното знаме на Македонија во својата канцеларија за прв пат во последните 24 години, е многу повеќе од симболичен протоколарен гест, наведува во својата анализа грчката независна новинска и аналитичка мрежа ИБНА во новата политичка реалност со подемот на ВРЕДИ и губењето на клучните локални упоришта ја еродираа политичката доминација што ДУИ ја одржуваше повеќе од две децении. Во исто време, премиерот Христијан Мицкоски избра да формира владина коалиција со ВЛЕН, наместо со ДУИ, преобликувајќи го балансот на застапеноста на Албанците во рамките на управните институции на земјата. Одлуката на Али Ахмети да го истакне националното знаме на Македонија го одразува напорот на ДУИ да се репозиционира како политичка сила центрирана на институционалното управување во време на интензивна политичка конкуренција. Потегот илустрира пошироко поместување во политичката конкуренција од етнички симболизам кон потрага по институционален кредибилитет“ – пишува меѓу другото во анализата на ИБНА, објавена неколку дена откако Ахмети на средба со австрискиот амбасадор во партиското седиште, го истакна македонското државно знаме, за прв пат досега.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВардар и Лепенец денеска се чисти- се чекаат анализите на вчерашната пенаПо Лепенец денеска повеќе не тече бела пена, реката изгледа чиста. Но, што се случуваше вчера и дали тоа остави последици врз животинскиот свет во водата, ќе се знае дури по неколку дена. Од Инспекторатот за животна средина велат дека акредитирана лабораторија ги врши испитувањата на хемискиот и микробиолошкиот состав на водата и се чека на резултатот. Оттаму брифираат дека од нивните сознанија, белата густа пена не била претходно забележана по течението на Лепенец, туку само на вливот во Вардар, па ќе бидат земени во предвид сите можности. Екологистите со кои разговаравме се воздржани на темата. Чекаат официјални резултати за да го коментираат случајот. Но, велат дека хемикалиите кои завршуваат во речното корито оставаат долготрајни последици врз биодиверзитетот, влегуваат во синџирот на исхрана преку рибите и ја трујат почвата. Претходно, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски посочи дека градските инспекциски служби веднаш излегле на терен, а дека дополнително ги контактирале и инспекциските служби на Министерството за животна средина, кои исто така излегле на терен. Дополнително, од страна инспекциските служби на град Скопје, вчера беше пуштен и дрон за детектирање на причинителот на оваа појава, а службите од ЈП ,,Водовод и канализација” биле повикани за да земат примероци од реката и веднаш ги испитаат и утврдат за каква материја станува збор. Надлежните најавија строги санкции за виновниците, нагласувајќи дека нема да се толерираат еколошки инциденти. Имено, вчера попладне местото каде што Лепенец се влева во Вардар беше прекриено со необична бела и пенлива материја, која пловеше по реката. Од СДСМ обвинуваат дека станува збор за сериозен аларам дека власта нема капацитет за заштитата на животната средина и безбедноста на водните ресурси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook