Иницијативи за зголемување на подмладокот на пелистерската молика - Канал 5

Иницијативи за зголемување на подмладокот на пелистерската молика

Националниот парк „Пелистер“ со зголемена стручна поддршка започна иницијатива за зголемување на површините со подмладок на пелистерска молика, чии стари стебла се повеќе се „борат“ со други растителни заедници особено папрат.

Иницијативи за зголемување на подмладокот на пелистерската молика

Проблемот со подмладокот на моликова шума посебно е актуелен во локалитетот Бегова чешма кој воедно е најпосетен од љубителите на природата, но истиот проблем не е помал ниту кај локациите Вртушка и Брајчино, на источната страна од планината Баба.

- Повеќе од 20 години работам на Катедрата за одгледување на шуми, а на Пелистер сум присутен од 2006 година. Добро ги познавам состојбите со моликовите шуми и посебно на локалитетот Бегова чешма. Тоа што се случува со моликата на планината Баба е нормално за стручната фела, бидејќи на сите стари шуми тоа еден ден им се случува. Тоа што треба да се прави континуирано е да се обезбедува подмладок. Проблемот на моликовата шума на Бегова чешма е во тоа што во овој локалитет има многу неблагопријатни услови за природна обнова на моликата бидејќи папратот пораснува и до три метри и прави голема густина поради која семето од молика што паѓа преку шишарките и кое треба да формира младо растение неможе да никне и порасне, а со самото тоа неможе да развие ново младо растение. Значи, потребно е контиуирано, на одредени делови да се коси и да се формираат подмладни јадра на избрани локалитети. Подмладините јадра значат создавање на природна обнова од молика на места каде што старите дрвја угинале, посочува универзитетскиот професор Николчо Велковски, вработен на Факултетот за шумарски науки и еко инженеринг при УКИМ-Скопје.

Професорот Велковски потсетува на студија од 2007 година во која се предлага да се формираат јадра за да не се случи тоа што денес се случува.

- Често пати сечењето на стари дрвја е лек и затоа заболени дрвја треба да се отстрануваат за да не ги заболат другите. Болестите на старите дрвја не се неочекувана појава. Важно е што моликата како редок вид неможе да се изгуби. Таа се издига високо на планината и до 2.400 метри надморска височина, и се шири низ планината, но треба да се превенира просторот кај старите шуми за што се потребни постепени мерки. Грижата и негата за природата не се прави од ден за ден, туку континуирано, вели Велковски.

Според хроничарите, името на врвот Пелистер се врзува и со легендата за пет-игличестиот бор, односно дека зборот петлистер е изведен од пет иглички и пет листа, па од таму низ зборот петлистер се доаѓа до името Пелистер. Петиглестиот бор, односно Молика прв го открил германскиот ботаничар и фитогеограф Аугуст Гризебах (1814-1879) за време на неговиот престој од 29 јуни до 21 јули 1839 година во нашата земја. Неговото откритие на пелистерскиот бор – молика, објавено на 2 јули 1839 година е суштинско за добивањето на статусот Национален Парк низ кој може да се забележат стебла постари од 230 години.

Физиолошката зрелост на моликовите стебла најзабележлива е на локалитетите Бегова чешма, Брајчино и Вртушка, посочува Зоран Пројковски, раководител на Помошно-техничкото одделение во Националниот парк „Пелистер“.

- На локалитетот Бегова чешма моликовите стеблата ја имаат достигнато физиолошката зрелост, тие се со црвена гнилеж и трулеж и затоа се најподложни на подвалување и кршење. Ваквата состојба претставува голем проблем од намножување на штетни инсекти и габи кои што од секундарни може да станат примарни штетници и да загрозат и поголеми моликови површини. Ние мора да спречиме заразување на моликата и оштетување. Стара моликова шума падна во локалитетот Бегова чешма, Брајчино и Вртушка, но приоритетни одгледувачки мерки треба да се преземат за локалитетот Бегова чешма како најпогоден. Старата моликова шума треба да се ревитализира со подигнување на одгледни површини. Бегова чешма е туристичка зона, секогаш била избегнувана од конкретни мерки и тоа сега се одразува на размерот на штетата кој е голем. Доколку се отворат поголеми површини за моликата како светлољубив растителен вид кој освојува чисти камењари затоа што се шири во горните и долните делови од националниот парк, тогаш моликата природно ќе се возобнови затоа што е плодна. Ние ќе ги оставиме најдобрите генетски стебла кои ќе продуцираат здрави стебла и тие би биле семењаци за природно возобновување на шумата, нагласува Пројковски.

Истражувајќи, дознаваме дека моликата (Pinus peuce) како доминантен вид во паркот содржи две моликови заедници, планински моликови шуми (Digitali viridiflorae – Pinetum peuces), кои се застапени на надморска височина од 900 до 1.600 метри, и суб-алпски моликови шуми (Gentiano luteae – Pinetum peuces) застапени на надморска височина од 1.500 до 2.100 метри. Моликовите шуми на Пелистер се исклучиво автохтони со значително зачувани природни карактеристики, но освен моликата, на планината Баба има горска и подгорска букова шума, а на североисточните падини на горниот дел од течението на Цапарска Река кон Горни Котари, карактеристична е застапеноста на ела која ги дополнува високите естетски вредности на Националниот парк „Пелистер“ за чија заштита се грижи истоимената јавна установа.

- Решението на секој проблем почнува со правилно информирање на јавноста, без да се потиснува и без да се крие. Сакаме да почнеме процес на зачувување на најкомпактната моликова шума во регионот за што потребни се краткорочни и долгорочни мерки. Бегова чешма е наш фокус, но со исто внимание сме посветени на цел национален парк. За долгорочните мерки е потребна стручна поддршка која ние ќе ја преточиме во сет мерки. Воведувањето шумски ред е примарна функција, но за долгорочните мерки е потребна посебна програма со фази и финансиски средства. Проблемите не треба да се потиснуваат и за тоа потребна е медиумска поддршка. Пелистер е наш симбол на обединување, нагласува Иванчо Тошевски, директор на Националниот парк „Пелистер“.

Љубителите на планината уверени се дека двете растителни заедници „ќе се сложат“, папратот да расте во својата зона, а моликата со својот подмладок да продолжи да освојува голи површини, камењари и други предели на планината Баба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон, кратко откако комисија за планирање предводена од членови на Комисијата за планирање на Трамп ја одобри нејзината изградба.

Привремената забрана ѝ забранува на администрацијата да „започне, изврши или на друг начин да изврши каква било изградба, ископ или други чекори“ во проектот Триумфална капија во период од 14 дена, објави NBC News.

Наредбата на судијата дојде еден час откако Националната комисија за планирање на капиталот го одобри огромниот и контроверзен проект за лакови, кој ќе биде сместен во Меморијалниот круг помеѓу Споменикот на Линколн и Националните гробишта Арлингтон.

Дистриктот Колумбија и американската држава Вирџинија поднесоа тужба со која бараат привремена забрана за Триумфалната капија.

Демократскиот конгресмен Дон Бејер од Вирџинија ја поздрави пресудата и го обвини Трамп дека се обидува да ги заобиколи законските пречки.

„Оваа борба не е завршена. Иако оваа одлука го спречува Доналд Трамп веднаш да ги спроведе своите планови за создавање споменик на неговото его, судовите и Конгресот мора да воспостават трајни заштитни мерки за да ја спречат администрацијата на Трамп да го прекрши законот и да продолжи со овој проект“, се вели во соопштението на Баер.

Администрацијата на Трамп ја пофали одлуката на комисијата да ја одобри Триумфалната капија и ја критикуваше пресудата со која беше блокирана.

„Белата куќа ја поздравува одлуката на Националната комисија за планирање на капиталот целосно да ја одобри историската визија на претседателот Трамп за многу потребната Триумфална капија во Вашингтон. Активистичкиот Окружен суд потоа го блокираше проектот“, изјави портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, во соопштението на платформата X.

Тој рече дека администрацијата е уверена дека барањата за Триумфалната капија ќе бидат „целосно оправдани додека продолжува овој судски спор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА шампион реши да ја прекине кариерата- објави загрижувачка порака

Кристапс Порзингис (31), латвиски кошаркар и центар на Голден Стејт Вориорс, објави дека се повлекува од кошарката за да се фокусира на здравјето. 

НБА шампион реши да ја прекине кариерата- објави загрижувачка порака

Веста ја објави вчера на социјалната мрежа X, без да открие какви здравствени проблеми имал. Исто така, не прецизираше дали планира да се врати на професионално играње во иднина.

„Оваа сезона навистина се радував повторно да играм со оваа група играчи, но како што постепено го зголемував интензитетот на тренингот, моето тело не реагираше онака како што очекував“, напиша Порзингис, четвртиот избор на драфтот во 2015 година и играч кој беше познат во НБА како Еднорогот поради неговата тогаш ретко видена способност да создава акции и да погодува тројки на 218 сантиметри висина.

„Добро сум, но знам што е потребно и во моментов не сум таму каде што сакам да бидам за да играм на нивото што го очекувам од себе. Во овој момент решив да го ставам здравјето на прво место и да се оддалечам од играта што ја сакам“, додаде латвискиот кошаркар.

Поради здравствени проблеми, тој ги пропушти подготовките за сезоната

Статусот на Порзингис е неизвесен од крајот на септември, кога Вориорс објавија дека ќе биде надвор од терените на неодредено време поради здравствени проблеми. Потоа беше потврдено дека нема да патува со тимот на Хаваи, каде што Голден Стејт се подготвуваше за новата НБА сезона.

Латвискиот центар не играше ниту еден натпревар оваа сезона, а сега одлучи да ги прекине кошаркарските активности за да се посвети на закрепнување. Во својата објава, тој истакна дека има намера да соработува со Вориорс за да најде решение кое ќе им одговара на двете страни.

Тој беше четвртиот избор на НБА драфтот и освои титула со Бостон

Порзингис пристигна во НБА во 2015 година, кога Њујорк Никс го избраа за четврти играч на драфтот. Во текот на 11 сезони, тој промени шест клубови. Покрај Њујорк, тој играше за Далас Маверикс, Вашингтон Визардс, Бостон Селтикс и Атланта Хокс, пред да се приклучи на Голден Стејт Вориорс.

Тој го постигна својот најголем успех во 2024 година, кога ја освои титулата во НБА со Бостон Селтикс.

За време на својата кариера, тој се профилираше како еден од најпознатите европски високи играчи во НБА, благодарение на неговата комбинација од висина, шут за три поени и способност да ја брани обрачот. Иако неговата објава го поставува прашањето за продолжување на кариерата, Порзингис сè уште официјално не потврди дека трајно завршил со професионалната кошарка.

Во својата кариера, тој одигра повеќе од 530 натпревари во регуларната сезона со просек од 19,5 поени и 7,6 скока.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека самонаметнатата граница од 2.000 километри (1.200 милји) на дострелот на нејзините балистички ракети е укината, изјави денеска портпаролот на ИРГЦ, генерал Хосеин Мохеби.

Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?

Тој рече дека Иран ќе ги покаже своите способности во пракса, наместо да дава изјави, пренесе АП.

Тој не прецизираше дали иранската војска има балистички проектили способни да надминат дострел од 2.000 километри.

Неговата изјава доаѓа неколку дена по изјавата на иранскиот врховен водач Мојтаба Хамнеи, кој рече дека Иран ќе одговори на заканите од САД или Израел „без географски ограничувања“.

И покрај тврдењата дека го ограничува дострелот на своите проектили на 2.000 километри, во март Иран наводно се обидел, но не успеал, да ја погоди заедничката американско-британска база во Диего Гарсија во Индискиот Океан, која е на околу 4.000 километри (2.500 милји) од Исламската Република.

Американските власти, исто така, посочија дека технологијата од иранската вселенска програма би можела да се пренамени за изградба на интерконтинентални балистички ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер