Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите
2Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
МакедонијаНа Баба планина инсталирани камери за детектирање чад и пожарЈавната установа Национален парк „Пелистер“ инсталира камери за детектирање на чад и пожар на планината Баба.Превентивните активности и заштитата на планината, растителниот и животинскиот свет се секојдневие, информираат од таа установа на светскиот ден на планината. -Грижата за планината, грижата за националниот парк „Пелистер“ ја вршат вработените, ренџерите. Главна цел е заштита и непречено одвивање на билошките процеси во самиот парк. Националниот парк е поделен на три зони, зона со строга заштита, зона за одржливо користење и активна зона. Во строго заштитената зона не се дозволени никакви активности и природата е целосно зачувана. Благодарение на проектот „Превент“ добивме две камери, три возила и пет метеоролошки станици. Камерите се со инсталиран софтвер кој детектира чад и преку камерите веднаш добиваме информации кои ни служат за набљудување и заштита од пожари, информира Зоран Пројчевски, шумарски инженер во ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола. Пројчевски потврди дека преку фондацијата Понд, или фондација Преспа-Охрид, добиваат помош и поддршка за мониторинг на растенијата и животните. -Оваа фондација помага за заштита на природата, спроведување на европски стандарди и други бенефити, посочи Пројчевски. Светскиот ден на планината 11 декември е востановен со одлука на Генералното собрание на Обединетите нации./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ЊокиВо понеделник (28.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Анета Љумаковска.Состојки за денешниот рецепт: 400 гр. њоки 100 мл. павлака за готвење 5 - 6 сушени домати 1 чешне лук малку пармезан масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСелекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се вратиСелекторот на португалската репрезентација, Жорже Жезус, изјави дека Кристијано Роналдо може да се врати во националниот тим доколку одлучи да го стори тоа.41 годишниот Роналдо кој со децении беше капитен на Португалија, го напушти репрезентативниот камп за време на Лигата на нациите, откако натпреварот против Норвешка го мина на клупата за резерви и потоа дозна дека нема да биде во почетниот состав ниту против Данска. Напаѓачот на Ал-Наср има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 гола за Португалија – што претставуваат светски рекорди во двете категории. По напуштањето на кампот, тој на социјалните мрежи напиша: „Кога ќе дојде време, ќе им ја кажам на Португалците целата вистина за причините поради кои ја напуштив репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил целосно посветен“. Селекторот Жезус зборуваше за ситуацијата со Кристијано на пресот по синоќешниот натпревар против Норвешка, во кој Португалија обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на нации. „Ако сака да се врати во репрезентацијата, ќе се врати“, рече Жезус, кој исто така му беше тренер на Роналдо во Ал-Наср. „Можеме да разговараме пред следниот повик, но Крис е тој што ја носи одлуката. Кристијано треба да ја заврши својата репрезентативна кариера под свои услови; тој е тој што ќе одлучи како ќе замине“, изјави селекторот. Жезус се потсети и на нивниот претходен договор. „Кога го објавив првиот состав, му реков: 'Ми требаш; те сакам покрај себе, без разлика дали играш или не'. И истото му го кажувам и сега.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Крвава забава во САД: Има загинати; испукани најмалку 50 куршуми Две лица загинале, а 35 се повредени откако дојде до пукање на улична забава во американската сојузна држава Џорџија, соопштија денеска локалните власти. Дваесет и петмина од повредените се пренесени во болница, објави „Си-би-ес њуз“ (CBS News). BREAKING: At least 2 dead, multiple others injured in a mass shooting at a Homecoming event in Vienna, Georgia, on Sunday, Oct. 4, 2026, according to local reports. The exact number of injured has not been confirmed. https://t.co/rgpFa26FxU — HINT News (@9415st) October 4, 2026 Пукањето се случило во раните утрински часови во градот Вајена, а замениците на шерифот слушнаа истрели околу 1:25 часот по локално време додека патролираа низ областа. Од Бирото за истраги на Џорџија соопштија дека, кога полицајците пристигнале на местото на настанот, затекнале повеќе лица кои биле застрелани. Две лица кои се здобиле со смртоносни повреди биле пронајдени на неколку блока од местото каде што, според истражителите, започнало пукањето. ⭕ ÚLTIMA HORA: Georgia Tiroteo masivo en Georgia (Estados Unidos) el balance provisional es de 3 muertes y al menos 35 heridos https://t.co/P8QXLRYNYo — isufbenyusuf (@isufbenyusuf) October 4, 2026 Шерифот на округот Дули, Крег Пиви, изјави дека повеќе од 1.000 луѓе се собрале на улицата Пајн за да ја прослават годишнината од собирот на поранешни ученици и локални жители, при што биле испукани најмалку 50 истрели на две различни локации. Надлежните не објавија информации за можен осомничен или за евентуален мотив за пукањето, ниту пак јавно ги идентификуваа загинатите и повредените.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter