Иницијативата за разрешување на Судскиот совет влегува во собранска процедура

Власта го активира планот за разрешувања во Судскиот совет -  ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелации за петтемина членови избрани од Собранието. 

Иницијативата за разрешување на Судскиот совет влегува во собранска процедура

Овој чекор според премиерот Мицкоски е реформа која ќе даде резултати, за да се избере нов состав кој ќе врши мониторинг врз работата на судиите, без партиски влијанија. Сепак, потенцира дека собраниската процедура сама по себе не значи дека ќе им престане мандатот, туку доколку гласањето за интерпелациите е успешно, очекува самите да си поднесат оставки.

„ Тоа е едно мочуриште кое изобилува со многу контроверзии и скандали. Ние не можеме да направиме целосно распуштање, ниту пак можеме за така кратко време да ги деектираме аномалиите. Но, можеме да избереме судски совет којшто објективно, без партиски стеги.. Јас се надевам дека доколку парламентарнците изгласаат недоверба или инерпелација на членовите на судскиот совет, дека тие истите ќе бидат доблесни и ќе се повлечат. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Оваа вест премиерот ја објави во моменти кога Судскиот совет одржуваше седница. Пред камерите не сакаа да ги коментираат најавите на власта, освен претседателот Александар Камбовски кој изјави дека разрешувања се можни само преку Законот за судски совет.

„ Единствено место кадешто тоа е предвидено е во Законот за судски совет. Иницијативи секој има право да поднесува до Собранието, но тоа е моето мислење. Очигледно постои некое незадоволство спрема одредени членови на судскиот совет. Како што кажав, во оваа држава сите власти мора да делуваме согласно закон и устав. “-Александар Камбовски – претседател на Судски совет.

За идејата на власта, од парламентарните партии засега се огласија од СДСМ. Лидерот Венко Филипче на фејсбук напиша дека ова не е правилниот начин за реформа на правосудството и вели доколку се искрени намерите на ВМРО-ДПМНЕ, решенија да се носат со консезус во Собрание. Опозициската партија бара да се формира заедничка работна група за спроведување на реформите.

„СДСМ како одговорна партија бара заедничка средба на сите политички партии во Собранието, притоа на таа средба да се изгради натпартиски, општ консензус, затоа што постои сериозна опасност доколку еднострано се постапи во делот на самата реформа и ризик од повторна партизација на правосудните органи,“-Мартин Костовски – организационен секретар на СДСМ.

Од 15те членови на Судскиот совет, во Собранието се избираат петмина, од кои двајца се на предлог на претседателот на државата. Во актуелниот состав тоа се Весна Дамева, Татјана Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

Еколози поставиле камери во шума, па снимиле нешто неверојатно: Го бараме 4 години (ВИДЕО)

Реткиот животински вид е снимен благодарение на камерите инсталирани од австралиските екологисти во природниот резерват Ваулинбах, на околу 225 километри североисточно од Сиднеј.

Еколози поставиле камери во шума, па снимиле нешто неверојатно: Го бараме 4 години (ВИДЕО)

Крзненото суштество, со големина на зајак, го снимиле ноќе, најверојатно додека барало храна.

„Тешко се откриваат“

Експертите објаснија дека на снимката се гледа торбар со долг нос (Potorous tridactylus) кој обично живее сам покрај источниот брег на Австралија.

Еколозите велат дека го барале ова слатко суштество четири години, но безуспешно, пренесува Мајами Хералд.

"Овој вид е тешко да се открие во области со мала густина. Покрај тоа, тие се ноќни видови кои се кријат во гнезда во текот на денот. Ова е прв пат да се снима во резерватот", изјави екологот Енди Хау.

Загрозен вид по пожарот

Хау додава дека се чувствува „еуфорично“.

„Тие се многу срамежливи и ретко се појавуаат пред камерите. Овој вид беше сериозно погоден од пожарите во шумата во 2019-2020 година, бидејќи голем дел од нивното живеалиште беше уништено“, нагласи тој.

Еколозите се надеваат дека снимката од камерата ќе помогне подобро да се разбере овој вид торбар.

Татко и две деца преживеаа пад на авион- најдени се по 12 часа во пустелија на Алјаска

Повеќе од 12 часа по исчезнувањето на мал патнички авион (Piper PA-12) на Алјаска, властите објавија добри вести.

Татко и две деца преживеаа пад на авион- најдени се по 12 часа во пустелија на Алјаска

Спасувачите го лоцираа леталото на замрзнато езеро на полуостровот Кенаи, на југоисточниот брег на Алјаска и безбедно го превезоа пилотот Џон Морис и неговите две деца, пренесува Daily Mail.

Спасот се чекале на крилото

По падот на авионот, несреќните татко и деца се сместиле на крилото и чекале помош, што локалните медиуми го опишаа како „чудо“.

Со часови беа опкружени со мраз, без засолниште од ветрот или студот, а навистина е неверојатно што преживеале во такви услови.

Објавените фотографии откриваат дека авионот бил делумно потопен во езерото.

Морис е многу активен на социјалните мрежи и често споделува видеа со своите деца додека се подготвуваат за нивниот лет. Очигледно, неговиот авион се урнал во неделата навечер додека биле на обиколка на замрзнатата област.

Префрлени во болница

Еден од луѓето кои се вклучија во потрагата, Дејл Ечер, вели дека ја слушнал добрата вест преку радио.

"Бев навистина шокиран. Не очекував дека ќе ги најдам живи. Не секогаш излегува вака добро", рекол тој.

Морис и неговите деца се пренесени во локална болница на полуостровот Кенаи, а нивните повреди не се опасни по живот.

Причината за падот на авионот се уште не е утврдена, а властите започнаа истрага.

7- годишно дете се бори за живот, откако крокодил му ја прегризал раката кога си играл во езеро

Седумгодишно момче се бори за живот откако крокодил го нападнал и му ја одгризал раката додека си играл во плиткото езеро додека ловел риба.

7- годишно дете се бори за живот, откако крокодил му ја прегризал раката кога си играл во езеро

Инцидентот се случил на браната Рудекоппиес, лоцирана во близина на градот Бритс во северозападната провинција на Јужна Африка, во петокот на 21 март, објави Дејлимаил.

Младиот Јохандре Блом наводно си играл во езеро со својот пријател Дилан, на само неколку метри од неговите родители кои ловеле риба, кога бил нападнат од голем крокодил.

Таткото на жртвата, Корни, бил на околу 25 метри од караванот во кој седел со таткото на Дилан, Јани Бекер. Зборувајќи за локалните медиуми, Бекер го опишал моментот кога го слушнал врисокот на Дилан: „Видов како го фати за раката Јохандре, но потоа имаше силен врисок“.

Дилан врескаше: "Има крокодил!" а татковците веднаш потрчале кон водата. Тие се упатиле кон Јохандре и успеале да го ослободат од моќните вилици на крокодилот, но левата рака веќе му била откината.

Веднаш ставиле крпи на раната и брзо со автомобил го однеле Јохандре во болница, каде лекарите успеале да го стабилизираат. Потоа со хеликоптер бил префрлен во болницата Албертон, каде што бил ставен во индуцирана кома и моментално е во стабилна состојба.

Семејството Блом лансираше фондација на единствена платформа за да собере средства за лекување и рехабилитација на Јохандре.

По нападот, некои спасувачи се обиделе да ја најдат раката на малото момче, но безуспешно. Крокодилот кој го нападнал момчето подоцна бил виден во тревата недалеку од местото на нападот. Засега не е јасно дали крокодилот е неутрализиран.

Јужноафриканските медиуми објавија дека јавноста била шокирана од инцидентот, а многумина го критикувале семејството за нивната непретпазливост во живеалиштето на таков опасен предатор.

„Жал ми е за ова, и тоа е трагична несреќа, но крокодил го прави она што природно би го направил насекаде. Сите знаат дека таму има крокодили. Има предупредувачки знаци поставени низ целата област“.

притисни ентер