Иницијатива на Грција во ОН за заштита на цивилите во воените конфликти – потпишана од 80 делег - Канал 5

Иницијатива на Грција во ОН за заштита на цивилите во воените конфликти – потпишана од 80 делег

Иницијатива на Грција во ОН за заштита на цивилите во воените конфликти – потпишана од 80 делегации меѓу кои и земјава.

Иницијатива на Грција во ОН за заштита на цивилите во воените конфликти – потпишана од 80 делег

Имам чест да ја пренесам оваа изјава во име на 80 делегации, кои се обврзаа за почитување на меѓународното хуманитарно право и заштита на цивилите во вооружени конфликти, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис од ОН во однос на грчката иницијатива за заштита на цивилите во воените конфликти, потпишана и усвоена од 80 земји, меѓу кои и нашата, јави дописничката на МИА од Атина.

Иницијативата на Грција е во рамките на грчкото претседателство со Советот за безбедност на ОН, а Герапетритис во соопштувањето на заедничката изјава посочи дека „Обединетите нации регистрираа најмалку 36.000 цивилни жртви во 14 вооружени конфликти во 2024 година“.

За Газа, рече дека според канцеларија на ОН за координација на хуманитарни прашања, се соочува со „најлошата хуманитарна криза“ од почетокот на непријателствата, по нападите на 7 октомври 2023 година, а се осврна и на ситуацијата во Судан, Конго, Мали, Мозамбик, Мјанмар, Нигерија, Сомалија, Јужен Судан, Сирија, Украина и на други места.

- Ова не може да продолжи. Денес, доаѓаме со една јасна порака: Заштитата на цивилите не е опционална. Тоа е законска обврска според меѓународното хуманитарно право и морален императив што не можеме да си дозволиме да го занемариме. Соочени со продлабочување на конфликтот и непочитувањето на цивилниот живот во премногу региони, ги повикуваме сите страни во вооружените конфликти да го почитуваат меѓународното хуманитарно право во сите околности и ги повикуваме сите земји-членки да го искористат своето влијание за да се гарантира ова почитување. Ова е основата – не е аспирација, туку обврзувачка обврска, законска обврска, рече Герапетритис.

Дополнително, истакна дека ја поздравуваат работата на хуманитарните актери и ги осудуваат сите акти на насилство и закани против нив, нагласувајќи дека минатата година беше најсмртоносна досега за хуманитарниот персонал, кога повеќе од 360 хуманитарци беа убиени во 20 земји, нешто што, како што посочи „мора да престане“.

- Ги повикуваме страните во конфликтот да дозволат и олеснат, како што бара меѓународното хуманитарно право, безбеден, брз и непречен хуманитарен пристап до сите цивили на кои им е потребна помош. Инструментализацијата на помошта за политички, воени или безбедносни стратешки цели е неприфатлива, истакна шефот на грчката дипломатија.

Се осврна и на работата на новинарите и медиумите, повикувајќи ги страните во конфликтите „да ја почитуваат нивната професионална независност и права“ и додаде дека во време кога дезинформациите стануваат полесни и широко распространети, „честопати поттикнувајќи конфликт, независните медиуми и известувањето од местото на настанот се од особено значење“.

Заедничката изјава во ОН за заштита на цивилите во воените конфликти, на иницијатива на Грција ја потпишаа 80 делегации, односно Алжир, Ерменија, Австралија, Австрија, Бахами, Бахреин, Бангладеш, Белгија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Канада, Чиле, Кина, Колумбија, Костарика, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Доминиканска Република, Египет, Естонија, Европската Унија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Гватемала, Гвајана, Исланд, Индонезија, Ирска, Италија, Јапонија, Јордан, Кореја, Кувајт, Латвија, Либан, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малезија, Малта, Мексико, Молдавија, Монако, Црна Гора, Мароко, Холандија, Нов Зеланд, Македонија, Норвешка, Оман, Пакистан, Палестина, Перу, Полска, Португалија, Катар, Романија, Саудиска Арабија, Сејшели, Сиера Леоне, Сингапур, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Суверениот Воен Ред на Малта, Шпанија, Свети Винсент и Гренадини, Судан, Шведска, Швајцарија, Источен Тимор, Турција, ОАЕ и Уругвај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер