Инфо-денови за ИПАРД

Во рамки на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020 неделава ќе се одржат инфо-денови во шест градови, каде заинтересирани ќе можат да се информираат за за постапките и условите за аплицирање за средства од оваа програма.

Денеска инфо денови ќе се одржат во Берово и Пехчево, утре во Дојран и Негорци и задутре во Белчишта и Охрид.

Притоа ќе бидат претставени мерките 7 и 3, со тоа што во фокусот на вниманието ќе биде мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси" имајќи во предвид дека објавениот Јавен повик 01/2019 се однесува на аплицирање по мерката 7.

-Од вкупно предвидените 68 милиони евра што се на располагање преку ИПАРД 2 Програмата, во земјава се искористени 19 милиони евра. Се очекува до крајот на годината да бидат искористени уште 8,7 милиони евра, што се оценува како добар знак и за земјата и за Брисел. Најголем број од апликациите се однесуваат на земјоделските стопанства за набавка на механизација, следуваат барањата за поддршка за преработувачката индустрија за воведување стандарди, нова опрема и технологија, а дел се однесува и на мерката за диверзификација на бизнисот, што овозможува развој на руралните средини, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сектор за управување со ИПАРД фондови.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа http://www.ipardpa.gov.mk, http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370. /МИА

Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

Саудиска Арабија предупреди на економските последици од војната во Газа

Саудиските власти денеска повикаа на смирување на тензиите на Блискиот исток и предупредија на економските последици од војната во Појасот Газа, на отворањето на специјалната средба на Светскиот економски форум.

Дводневниот форум се одржува во Ријад во присуство на многу лидери и високи функционери, меѓу кои и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, палестински претставници и високи дипломати вклучени во напорите за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

-Војната во Газа, како и конфликтите во Украина и на други места, вршат „голем притисок“ врз економското опкружување, изјави саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан.

- Израел не е претставен на состанокот, додека преговорите за примирје со посредство на САД, Катар и Египет се во тек на други места, но настанот ќе биде можност за разговори со клучните играчи, рече саудискиот министер.

Блинкен утре ќе пристигне во Ријад каде што ќе „разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што овозможува ослободување на заложниците“, соопшти Стејт департментот.

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива

„Денес ни е потребно единство за да можеме да испорачаме резултати. Денес ни е потребно единство за да може да донесеме развој, единство на сите граѓани за да може да донесеме подобро образование, подобра инфраструктура, да донесеме надеж која е изгубена кај граѓаните, заеднички со вас може да го направиме тоа и оние кои гласале за другите политички партии и не верувале, но и сите оние кои останаа дома повикајте ги, денес на Македонија сте и потребни сите, денес за да формираме влада која треба да испорачува на македонските граѓани. Затоа па од денес па до 8 ми убедете што повеќе луѓе да донесеме огромна победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, истакна носителот на ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Тој истакна дека знаат како ќе испорачаат она што го ветиле за сите населени места.

„Ние знаеме како и ќе испорачаме за сите населени места тука. Ќе испорачаме со изградба на инфраструктура и ќе го направиме патот Кичево – Демир Хисар – Битола. Ќе направиме голем дел проекти заедно со градоначалникот затоа што ветивме дека општините ќе добијат 250 милиони евра и Општина Демир Хисар ќе добие средства за да може да вложува во Демир Хисар да се развива“, вели Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Ветуваме бидејќи знаеме како и можеме да донесеме нови инвестиции тука и нови работни места. Ќе направиме подобро образование, ќе ја вратиме надежта кај сите и заедно ќе донесеме подобра Македонија, ние ви укажуваме и ветуваме и обрзвуваме дека ќе се зголемат пензиите со 5,000 денари и основицата на сите пензионери. Земјоделците вистински ќе добијат 180 милиони евра ќе донесеме раст и развој, ќе донесеме голема надеж за Македонија, македонскиот народ, македонските граѓани и сите граѓани кои живеат во Македонија“, дециден е Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер