ФудбалИнфантино најави можно укинување на санкциите кон рускиот фудбалСветската фудбалска федерација (ФИФА) треба да размисли за укинување на забраната за руските тимови да настапуваат во меѓународните натпреварувања.Ова, денеска во интервју за британскиот телевизиски канал Скај, го изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, доведувајќи ги во прашање придобивките од воведените санкции кон рускиот фудбал. „Дали треба да размислиме за укинување на санкциите против руските тимови? Дефинитивно треба. Бидејќи оваа забрана не постигна ништо; само создаде поголемо разочарување и омраза“, рече Инфантино. Претседателот на ФИФА, исто така, додаде дека раководството тело на светскиот фудбал треба да размисли за промена на правилата и да вклучи клаузула дека националните тимови никогаш не треба да бидат отстранети од турнирите од политички причини. Руските клубови и национални тимови имаат забрана за настап во натпреварувањата во организација на ФИФА и на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) од февруари 2022 година поради руската воена инвазија врз Украина. Тагови: Инфантино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисЃорчевска ја дозна противничката во првото коло на ВимблдонДетскиот сон стана „јаве“ – Лина Ѓорческа е првата македонка во историјата која ќе истрча на „Светиот тревник“ и тоа, ниту помалку, ниту повеќе – на теренот број 1. на најстариот и најпрестижен светски тениски турнир, Гренд Слемот – Вимблдон.„Ниту е лесно, ниту има поддршка, но горда сум што, иако доаѓам од мала земја, сум единствената во историјата“ – порача македонската тенисерка по квалификациската победа над италијанката Луција Бронзети со 6-1, односно 6-2 во сетови... -За мене, лично, навистина сум горда што сум, иако доаѓам од мала земја, горда сум што сум единствената во историјата, мислам и на жените и мажите, ова навистина е остварување на сонот за мене. Но, како што кажавте, доаѓајќи од мала земја, мора да се справите со многу работи, не е лесно. Првенствено за тренинг, за терени, и за пари исто така, нели? Мораш се да направиш сам, како што јас правам се сама. Значи, не е лесно, но кога ќе стигнете тука, навистина е 100% повеќе. - Лина Ѓорческа – Тенисерка „Овој успех е најголемиот во тениската историја на Македонија, а знам колку време Лина го чекаше овој момент“ – порача поранешниот АТП – тенисер Предраг Русески. До Гренд Слем е вели е тешко да се стигне, особено поради несоодветната инфраструктура и финансиска поддршка во Македонија, па се надева дека овој успех ќе ги разбуди институциите. Но, вели овој подвиг сега носи нов моментум, па на оние деца, кои сонуваат со рекетот во рака, Ѓорческа им покажа дека соништата можат да си ги остварат. -Таа логистика, таа неинфраструктура во Македонија, финансиите се секогаш главен проблем и многу е поголемо чувството на успех и поголемо задоволство кога ќе се направи ваков резултат од една мала земја.Треба да се дочека можноста, вредно да се работи, да се верува на тренерот, да се верува на својата игра, поддршката од родителите и најблиските е секако таа која те следи и те носи низ целата кариера, и верувам дека ако си констатен и веруваш во својот успех, кога – тогаш, Господ ќе ти ја даде таа среќа. Многу сум среќен за Лина, и за Лабуд, нејзиниот тренер, знам дека вредно и долго работат заедно. - Предраг Русески – Поранешен АТП тенисер Министерот за Спорт – Борко Ристовски за Канал 5 вели дека подвигот на Ѓорческа е важен за македонскиот спорт и особено ќе влијае врз младите. Што се однесува до финансиската поддршка, вели најголемиот дел од средствата во тениската федерација се слеваат од државата. Тенисот е скап, индивидуален спорт за кој има поддршка, но не и финансирање. Ѓорчевска на Вимблдон, единствениот турнир со митски статус и природна трева ќе истрча во понеделник, а противничка ќе и биде минатогодишната финалистика на Вимболдон, американката Аманда Анисимова која е шеста на АТП листата и важи за голме фаворит и годинава. времето на почетокот мечот, допрва ќе прецизира, во зависност и од останатите натпревари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНад 120 македонски уметници ќе настапат во 15 градови за 35 години независностПовеќе од 120 домашни уметници ќе бидат дел од голем музичко-сценски спектакл со кој ќе се одбележат 35 години од независноста на Македонија.Перформансот ќе се изведува на отворено во 14 до 15 градови низ земјата во август и септември. Проектот е замислен како уметничко патување низ најзначајните моменти од изминатите три и пол децении, а не како класично хронолошко претставување на политичките и општествените настани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонија Аларм од народниот правобранител: Пациенти со тешки кривични дела лесно бегаат од Демир ХисарВо вондреден надзор во психијатриската болница Демир Хисар е посебно забележано дека лицата кои покрај психолошкото нарушување имаат и тешки кривични дека, не се под посебен надзор и често бегаат од болницата.Проблемот со обезбдувањето на лицата со психичи заболувања кои се сметстни во судските одделенија во психијатриските болници се најдоа и во извештајот на народниот правобранител во делот на местата за лишуање од слобода, полициските станици, казнено поправните домови и психијтриските установи. Во вондреден надзор во психијатриската болница Демир Хисар е посебно забележано дека лицата кои покрај психолошкото нарушување имаат и тешки кривични дека, не се под посебен надзор и често бегаат од болницата. Канал 5 во серија прилози ја работи оваа тема каде што вработени од болниците велат дека и покрај малиот број на вработени за лекување не можат да бидат и полицијаци и да ги контролираат. Александар Пандов првиот човек на упрвата за извршување на санкции потври дека со новите измени на законот ќе биде ставено да има во овие установи затворска полиција. Исто од канцеларијата на народниот правобранител објанија дека има пренатрупаност во затвоите и многу често притворите и оние кои се во затвор се заедно. Во полициските станици е потврдено дека нема доволно униформирани полицајци и во поголем дел од станиците нема посебни простории за сослушување на деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter