Инфантино: Мораме да се обединиме во борбата против расизмот - Канал 5

Инфантино: Мораме да се обединиме во борбата против расизмот

„Во фудбалот има проблеми“, изјави претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, повикувајќи на единство во борбата против расизмот и насилството.

Инфантино: Мораме да се обединиме во борбата против расизмот

Првиот човек на ФИФА во обраќањето на Конгресот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (Конмебол) во Асунсион нагласи дека „мораме да бидеме обединети против расизмот и насилството што постојат во светот“.

„Мора да бидеме обединети во борбата против расизмот. Винисиус и другите играчи страдаат од тоа. Нападите против нив немаат причина да постојат. Мора да бидеме обединети против насилството што постои во светот“, изјави Инфантино.

„Мораме да дејствуваме со влади, тимови, играчи. Одењето на стадион мора да биде празник“, додаде првиот човек на ФИФА.

Голем број фудбалски натпревари, особено во Европа, беа прекинати во последните недели поради расистички немири на трибините. Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус, кој неодамна се расплака додека зборуваше на прес-конференција за борбата против дискриминацијата, често е мета на расистички навреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прстен вреден милион евра: Возач на Формула 1 филмски ја запроси девојката

Возачот на Формула 1, Џорџ Расел се сврши со убавата Кармен Монтеро Мундт по шестгодишна врска, а вниманието го привлече раскошниот накит со огромна вредност.

Прстен вреден милион евра: Возач на Формула 1 филмски ја запроси девојката

Летната пауза во Формула 1 донесе големи вести од приватниот живот на Џорџ Расел.

Ѕвездата на „Мерцедес“ ја запроси својата долгогодишна девојка Кармен Монтеро Мундт, а посебно внимание привлече луксузниот веренички прстен, чија вредност се проценува на близу еден милион евра.

Британскиот возач во Формула 1 за чинот на запросување избра романтичен амбиент покрај морето. Бели рози, свеќи и зајдисонце беа позадината на моментот кога Кармен се согласи да стане негова сопруга.

Двојката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на Инстаграм, користејќи едноставни симболи – прстен и бело срце. Сепак, набрзо потоа, прстенот стана една од главните теми на социјалните мрежи.

Кармен покажа голем жолт дијамант со овален рез на својата рака, кој според проценките тежи меѓу осум и десет карати.

Централниот камен е опкружен со помали бели дијаманти од двете страни. Повикувајќи се на стручни проценки објавени во германскиот весник „Билд“, порталот „Спортал“ наведува дека овој накит би можел да вреди околу 900.000 евра.

Љубовната приказна меѓу Џорџ и Кармен трае веќе шест години. Тие се запознале во Лондон во 2020 година преку заеднички пријатели; интересно е што Кармен, наводно, во тоа време дури и не знаела со што се занимава Расел. Тој побарал нејзин телефонски број, ја поканил на вечера и сам го подготвил оброкот.

На 18-годишна возраст, Кармен се преселила од Шпанија во Обединетото Кралство, каде што студирала бизнис-менаџмент и финансии на Универзитетот во Вестминстер, а своето образование го продолжила и во Женева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриени деталите за свадбата на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез, церемонија со само 5 гости

Откриени деталите за свадбата на  векот меѓу најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и  атрактивната екс хостеса Георгина Родригез. Само овие 5 гости присуствуваа на церемонијата

Откриени деталите за свадбата на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез, церемонија со само 5 гости

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, и инфлуенсерката Георгина Родригез стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија.

Двојката го кажа судбоносното „да“ во вторникот, на интимна и приватна церемонија на која присуствуваа нивните пет деца, една година откако се свршија.

Роналдо ја сподели веста дека тој и Георгина стапиле во брак по десетгодишна врска, објавувајќи фотографија од нивните венчални прстени на Инстаграм.

Оваа вест ја потврди и претставникот за односи со јавноста на славниот фудбалер преку соопштение: „Кристијано Роналдо и Георгина Родригез денес стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија, и сега официјално се сопружници.

Церемонијата била приватен и интимен чин на кој присуствуваа нивните пет деца“, пишува „Дејли мејл“.

Веста за венчавката пристигна само неколку дена откако се веруваше дека парот ќе стапи во брак во катедралата во Фуншал, што поттикна илјадници фанови да се соберат пред црквата.

Сепак, набрзо се испостави дека парот воопшто нема да се венча таму, а церемонијата всушност била наменета за еден сосема непознат португалски пар од Мадеира – Фабио Рамос и Фатима Никол Куња Теишеира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?

Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот, најбрзо растечки плати и пензии.

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?

Фактите се поинакви.

Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари.

Минималната плата е 26.000 денари.

Просечната плата е околу 49.000 денари.

На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за основни трошоци за живот.

И сега народот „не разбира“.

Мицкоски ќе ни нацрта на табла - па ќе ни стане јасно.

Може да црта колку сака.

Нема подобра статистика од паричникот и фрижидерот.

А таму е едноставно, празно.

Човек што носи на рака часовник од 65.000 евра не може да разбере како живее народот.

Не може, кога се вози со државен авион.

Колената не го болат од работа - туку од клечење и молење за власт.

Повеќе не поминува Гебелсовата пропаганда на Латас.

Повеќе не поминува ниту „патриотизмот“ врзан за тендери и бугарски државјанства.

Нема да помине ниту техниката на Ванчо Михајлов со наративот „талог“.

Народот не е талог.

Овде се знае кој е талог.

Народот ќе победи.

Македонија ќе ја победи оваа организирана криминална група наречена ВМРО и нејзиниот шеф Мицкоски.

Ќе ги победи трујачите на Македонија.

Ќе го победи и целиот странски интерес и агенда по која работат.

Ќе победи и ќе ја врати власта во свои раце.

Повторно алармантна ситуација - пола Влада и Мицкоски на екскурзија

Додека во Скопје и околината се шири западно-нилска треска, а во Драчево е регистриран најголемиот број заболени, надлежните најавуваат дезинсекција дури во вторник.

Од 26 регистрирани случаи во државата, 25 се од Скопје. Најмногу во Драчево. Едно лице почина. Повеќето заболени се мажи над 60 години.

Болеста е тешка, завршува со хоспитализација и невролошки компликации.

И во оваа ситуација, истиот пристап.

Нема сериозен, професионален и навремен одговор.

Нема претходна превенција.

Немаше системско прскање кога требаше.

Има само реакција откако веќе има заболени и починати.

Во меѓувреме, премиерот Мицкоски и дел од Владата се на екскурзија.

Пет недели цел Гостивар се труеше, Мицкоски не дојдоа таму, тој е на екскурзија.

Сега комарци шират опасна болест, повторно истиот однос на Владата.

Наместо да се занимаваат со реалните закани по здравјето на граѓаните, се занимаваат со сè друго.

Тендери, пропаганда, поделби, спотови, погрешни знамиња и кампањата на Мицкоски - "талог", по примерот на Ванчо Михајлов.

Ова не е држава што се води одговорно.

Ова е систем во кој кризата се забележува дури кога веќе има жртви, а реакцијата доцни со денови.

Граѓаните заслужуваат сериозен пристап, а не доцнење и импровизации додека половина од оние што треба да одлучуваат се отсутни.

А прскањето против комарци дури во вторник! Дури за 6 дена!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер