ФудбалИнфантино: Германскиот фудбал е пример на глобално ниво Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, го пофали германскиот фудбал за неговиот целокупен имиџ и го опиша како пример во светот.Во говорот по повод одбележувањето на 125-годишнината од Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) на гала вечерта во Лајпциг, Инфантино рече: „Германија направи толку многу за фудбалот! Германија брилијантно организираше толку многу големи турнири, создаде „толку многу легенди“. Истакна дека ДФБ го направи она за што ФИФА се стреми на својот главен пат: „Да се обедини светот на ист начин како што Германија создаде дух на обединување“. Тој потоа додаде дека „светот на спортот секогаш гледа кон Германија, од која секогаш може да се научи нешто ново“. Односите меѓу Германскиот фудбалски сојуз и Швајцарецот, кој ја презеде ФИФА од Сеп Блатер, долго време се сметаа за доста тензични и затегнати. Непосредно пред почетокот на Светското првенство во 2022 година, германските фудбалски шефови ја критикуваа ФИФА поради недостигот на одговор на тековните прекршувања на човековите права во земјата домаќин, Катар. Потоа, кога беше реизбран за претседател на Светското седиште, гласот на Германија не беше за него. Доделувањето на домаќинот на СП 2034 на Саудиска Арабија, за кое Инфантино активно и неуморно лобираше, исто така не беше поддржано од Германија. Инфантино на прославата на германскиот фудбал пристигна директно од САД, каде што беше гостин на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој влезе во вториот мандат. На состаноците по церемонијата, Инфантино му се заблагодари на американскиот претседател за поддршката за Светското првенство, кое следната година ќе се одржи низ Северна Америка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАХарден останува во Кливленд – „Кавс“ подготвуваат нов договорНБА ѕвездата Џејмс Харден сè уште нема договор, но сè укажува на тоа дека ќе ја продолжи соработката со Кливленд Кавалирс.Според информациите на новинарот на „ESPN“, Шемс Чаранија, Кливленд е во постојан контакт со Харден и неговите претставници и преговара за нов договор. Двете страни разговараат за договор со времетраење од две или три години. Истовремено, Кливленд се обидува да ангажира двајца квалитетни крилни играчи кои во моментов се меѓу најбараните слободни агенти – Пејтон Вотсон и Џонатан Камингс. „Кавалирс“ дополнително ја зголемија својата финансиска флексибилност во петокот, кога ги испратија Денис Шрудер и парични средства во Шарлот Хорнетс во замена за Тре Ман. Тој потег би можел да биде од големо значење за продолжувањето на преговорите со Харден, кој практично му остави на Кливленд отворени опции во текот на летото. Претходно ова лето, Харден ја одби опцијата во договорот вредна 42,3 милиони долари за сезоната 2026/27, додека двете страни се обидуваа да најдат начин за склучување нов повеќегодишен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
МакедонијаСДСМ: Мицкоски се врати од научно-хибридната екскурзијаЗаврши научно-образовната екскурзија на премиерот Христијан Мицкоски.Мислевме дека е стручна. Сепак, Мицкоски оди чекор подалеку. Тој е најдобар во сè: економија, туризам, авиосообраќај, технологија, образование и ИТ. Нема област во која овој научник не е прв. Сепак е научна. Првиот ден - милион теми. Мора да го надомести пропуштеното време во медиумите. Вели дека чистел цевки во Гостивар. Четири недели чистење. Никогаш немало подобро чистење, па како поинаку од научник. 1.200 проекти и образование. Ни помалку, ни повеќе, точно 1.200. Македонската православна црква ја прескокна. Не го интересира, бидејќи не може да ги коментира изјавите на својот шеф Вучиќ. Вели дека не може да зборува за историја. Нормално. Тој е човек на иднината, како и сите негови ветувања од кампањата. Не може тоа веднаш, ама ќе биде… во иднина, некогаш, никој не знае кога. Потоа класика: Обвинувања кон опозицијата и земјоделците. Опозицијата е „безидејна“, создава паника и хистерија додека е на одмор. Знаеле ден порано за „хибридниот напад“ врз водата во Скопје. А зошто ништо не направија кога знаеле? И повторно закани со Обвинителство и полиција. Зошто повторно е виновна опозицијата за објавите на социјалните мрежи кога ги имаат имињата? А секако виновни се Заев и Филипче. За сè. Земјоделците ги обвини за протест. Земјоделците не протестираа кај откупувачите, туку кај државата. Дали субвенциите, откупот и ИПАРД фондот се обврска на откупувачите, а не на државата? Тоа зборува Мицкоски? Според Мицкоски и земјоделците се дел од хибридниот напад. Кажа дека на екскурзијата имал средби со инвеститори. Три нови инвестиции. Сите три „во фаза на реализација, се пеглаат последните детали“. Една германска, една американска, а третата… „не може да каже“. Под радар. Веројатно проширување на медиумската мрежа - на постоечките 40 % Орбанови медиуми, сега да стигнат и 40 % од медиумите на Вучиќ. Како и секогаш - не може да каже кои се. Исто како после Давос, кога беше во туристичка посета. Каде се тие инвеститори што ги најави? Наскоро, некогаш, никој не знае… На крај - порача дека бил со семејството на научна екскурзија и дека таму научил оти 4+4 не е 8 дена, туку 7 дена. За да ни каже колку малку бил на одмор. Само не ни кажа една работа: Кога ќе појде во Гостивар на една здравица со гостиварска вода? СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиВидео: Ислам Махачев е новиот UFC шампион – рекордот на Андерсон Силва е соборенРусинот Ислам Махачев е новиот UFC шампион во велтер категорија, со триумфот во Филаделфија тој го собори и рекордот на легендарниот Андерсон Силва по бројот на последователни победи. Во главната борба на настанот UFC 330 во Филаделфија, Махачев го совлада Ијан Мачадо Гери со едногласна одлука на судиите – 49-46, 49-46, 48-47. Рускиот борец го наметна својот ритам уште од самиот почеток, користејќи рушења и контрола на партер за да ја неутрализира опасната ударна техника на Гери. Во втората рунда, тој го погоди со висок удар со нога во главата и го собори на подот. ISLAM MAKHACHEV DROPS IAN GARRY WITH A MASSIVE HEAD KICK IN ROUND 2 😳 #UFC330 pic.twitter.com/tusW1xnEYx — Championship Rounds (@ChampRDS) August 16, 2026 Гери подоцна успеа да се врати во борбата, но Махачев го изведе клучниот потег за соборување во последната рунда и му ја зазеде грбната позиција на предизвикувачот. Со тоа практично си ја обезбеди победата, а подоцна и славеше со едногласна одлука на судиите. 🚨 ISLAM MAKHACHEV DEFEATS IAN GARRY BY UNANIMOUS DECISION (49-46 x2, 48-47) AND STILL!!! #UFC330pic.twitter.com/Jej6GOp7F2 — Championship Rounds (@ChampRDS) August 16, 2026 Триумфот има и историско значење, бидејќи Махачев ја оствари својата 17-та последователна победа во УФЦ, надминувајќи го рекордот на Андерсон Силва. Русинот сега го држи рекордот за најдолга победничка низа во историјата на УФЦ, а со тоа и апсолутниот рекорд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook