СДСМ: Мирослав Тричковиќ - човекот на БИА, на Стоилковиќ и на Вучиќ, што ја злоупотребува српската заедница!
1СДСМ: Мирослав Тричковиќ - човекот на БИА, на Стоилковиќ и на Вучиќ, што ја злоупотребува српската заедница!
СветИндонезија ја презема контролата врз извозот на палмино масло, јаглен, феролегури...Владата на Индонезија ќе го централизира извозот на клучни суровини за да ги зголеми приходите и да ја заостри контролата врз ресурсите, изјави денес претседателот Прабово Субианто, најавувајќи нов механизам за управување со прекуокеанските пратки.Индонезија изгубила дури 908 милијарди долари приходи во последните 34 години со продажба на своите ресурси по ниски цени, нагласи Прабово во парламентот. Во иднина, клучните извозни производи како што се палминото масло, јагленот и феролегури ќе се продаваат преку државна компанија, додаде индонезискиот претседател. Индонезија е глобална сила за производство на суровини и најголем извозник на јаглен и палмино масло во светот. „Денес, индонезиската влада што ја предводам ќе издаде регулатива за управување со извозот на стоки“, рече Прабово. „Издавањето на новата регулатива е стратешки чекор во посилно управување со извозот на суровини. Нашите ресурси, од палмино масло, јаглен, мора да се продаваат исклучиво преку државна компанија“, додаде тој. Извор: Индекс.хрТагови: индонезија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаСДСМ: Мирослав Тричковиќ - човекот на БИА, на Стоилковиќ и на Вучиќ, што ја злоупотребува српската заедница!Вчера конечно добивме име и презиме на авторот на гнасниот текст полн со тешки навреди и говор на омраза против СДСМ и проф. д-р Венко Филипче.Авторот е Мирослав Тричковиќ. Прво го потпиша како „Србите“. Вчера призна - тој лично бил. Кој е навистина Мирослав Тричковиќ? • Бил советник во Советот на Општина Куманово од листата на ВМРО • Висок функционер на Демократската партија на Србите во Македонија • Долгогодишен близок соработник, човек од најголема доверба и прв оперативец на Иван Стоилковиќ • Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград • Регрутиран во структурите на БИА по директна препорака на Иван Стоилковиќ • Во 2017 година добива задача да го стави во функција порталот Srbi.mk, чиј уредник и сопственик е самиот тој. • Денес е Директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазици на припадници на заедниците. Човек задолжен за образование - со речник на простак и уличар. Ова се кадрите на Владата на Христијан Мицкоски. Тоа се експертите за унапредување на јазиците, на ВМРО. Тричковиќ е познат како голем русофил и отворен противник на НАТО. Тој е поврзан со десничарски, фашистички и екстремни кругови во Србија – со Миша Вациќ (Српска десница), Драгослав Бокан (Бели орлови), како и со Александар Ѓурѓевиќ (Српска лига), според чиј модел БИА создаде партија за Саша Богдановиќ (поранешен ЗНАМ), еден од оние кои работеа на разнебитување на СДСМ заедно со Максим Димитриевски во корист на Мицкоски. Промотор на Слободан Милошевиќ и на политиката од 90-тите години. Промотор на Алта Банка, која е во сопственост на браќата Вучиќ и која служи за финансирање на „српскиот свет“, како и на пропагандата на Вучиќ и ВМРО-ОКГ против ЕУ. Почитувач е на Драгoш Калаиќ, еден од првите јавно декларирани фашисти во Југославија по смртта на Тито, Жељко Ражнатовиќ Аркан, командант на Српската доброволна гарда, Капетан Драган, осуден за воени злосторства во Хрватска, како и на неодамна починатиот хашки осуденик Небојша Павковиќ. Што прави овој човек? Ја злоупотребува целата српска заедница во Македонија. Прво се крие зад „Србите“, а потоа признава дека тој лично стои зад текстот полн со омраза. Ова е методот на „српскиот свет“. Истиот модел што го користат Александар Вучиќ и СНС - да се поистоветат себеси со целиот народ, а потоа во име на народот да сеат омраза и поделби. Тричковиќ е човек на Стоилковиќ. Стоилковиќ е човек на Мицкоски. Мицкоски е дел од истата мрежа што води кон Вучиќ и кон структурите што го промовираат „српскиот свет“ и антиевропската агенда во регионот. Директор за образование со речник на уличар. Оперативец поврзан со БИА. Човек што ја користи српската заедница како штит и како оружје. Ова не е глас на Србите во Македонија. Ова е глас на еден послушник на Стоилковиќ, на Мицкоски и на мрежата што работи против европската иднина на Македонија. Граѓаните мораат да знаат со кого имаат работа. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЕУ вечерта на „Охридско лето“ го носи концертот „Последната роза на летото“„Последна роза на летото“ е насловот на програмата што вечерва ќе биде изведена на Вечерта на Европската унија која традиционално се одржува секоја година како дел од фестивалот „Охридско лето“.Во црквата „Света Софија“ од 21 часот концерт ќе имаат ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс, исто така од Ирска, како и унгарско-ирската флејтистка Јохана Кезеи. На програмата ќе бидат изведени: Соната за виолина и пијано e-moll оп. 82 од Едвард Елгар, Соната „Ундине“ за виолина и пијано од Карл Рајнеке, Ноктурно бр. 18 „Пладне“ за соло пијано од ирскиот композитор Џон Филд, Арија на Ленски од операта „Евгениј Онегин“ за флејта и пијано од Петар Илич Чајковски и Фантазија и варијации на тема „Последна роза на летото“ за виолина и пијано од композиторот Вилијам Винсент Волас Вечерта на Европската унија деветнаесетта година по ред се организира на фестивалот „Охридско лето“ со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Македонија.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Готик Војсис“ со рафинирана изведба на средновековна музикаРафинираност, висок квалитет и спиритуалност во изведбата на средновековна музика покажаа членовите на ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија кои синоќа настапија во црквата „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“.Извонредните гласови на мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли донесоа дела од Џоан Меткалф, Џон Данстапл, Ричард Смерт, Арво Перт, Леонел Пауер, композиции од непознати автори од 13-от, 14-от и 15-от век, како и грегоријанскиот напев Gaude, Maria virgo. -Програмата со која настапивме беше мешавина од современа и раносредновековна музика. Кога ја креиравме, сфативме дека тие се вклопуваат совршено. Централно дело на концертот беше делото на Ендру Смит кој е норвешки композитор и е со текст на Stong wel, moder, песна од 14-от век. Сето тоа е базирано на легендата за Богородица и различните аспекти на нејзината пресветост. Сите тие аспекти совршено се вклопија во нашата програма, истакна тенорот Џулијан Поџер. Во своето 46-годишно постоење, ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики. Во Велика Британија ансамблот „Готик Војсис“ редовно настапува на фестивалите во Алдебург и Честер, на фестивалите за рана музика во Јорк и Бирмингем, а честопати гостуваат на меѓународните фестивали во Единбург и Челтнам. Нивните европски турнеи ги носат на фестивалите во Фландерс, Утрехт, Вормс, Штутгарт и Келн, како и на фестивалот „Вестфолд“ во Норвешка. Имаат остварено настапи во Израел, во САД и Јужна Америка. Покрај нивниот репертоар посветен на средновековната и рана музика, „Готик Војсис“ исто така исполнуваат и современа музика, особено дела кои во себе содржат некаква средновековна асоцијација. Голем број од композиторите на денешницата се инспирирани или врз нив влијае средновековната музика, па така честопати ансамблот прави необични и експериментални програми во кои се вметнати нови дела наспроти традиционалните програмски определби.Тагови: Готик Војсис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook