Индиски политичар понудил 1,5 милион долари за главата на боливудската ѕвезда Дипика Падуконе - Канал 5

Индиски политичар понудил 1,5 милион долари за главата на боливудската ѕвезда Дипика Падуконе

Сураџпал Аму, кој е член на Индиската народна партија на премиерот Нарендра Моди, барал да бидат убиени познатата индиската актерка Дипика Падуконе и режисерот Санџај Лила Бансали, обвинувајќи ги дека нивниот најнов филм „Падмавати“ ја сквернави хиндуистичката легенда.

Индиски политичар понудил 1,5 милион долари за главата на боливудската ѕвезда Дипика Падуконе
Премиерата на долгоочекуваниот боливудски филм во кој главните улоги ги толкуваат Дипика Падуконе и Ранвир Синг и која се очекува да стане еден од најгледаните во историјата на оваа земја, е одложена по уличните протести и отворените закани од политичари на владејачката партија.

Инаку, „Падмавати“, филмскиот еп на јазикот Авади, ја опишува Падмавати, сопругата на кралот која извршила „сати“, самоубиство со самозапалување, за да ја сочува својата чест од инвазијата на муслиманскиот цар Киљџиј.

Реакцијата на врвот на партијата не изостана. Смртните заканите за една од најистакнатите индиски актерки и режисерот Бансал доведоа до брза реакција од Народната партија Индија, која го критикуваше односот на некои членови на партијата.

Министерот за внатрешни работи на јужната индиска држава Карнатака, Рамилинга Реди, веднаш им додели полициска заштита на актерката Дипикa Падуконе и на нејзиното семејство.

Обичајот го вовеле сопругите на владејачката каста или Раџпут во 14 век, откако нивните мажи биле убиени во војни, па тие сметале дека подобра опција е живи да изгорат отколку да паднат во рацете на непријателот.

Проблемот е во тоа што некои веруваат дека во филмот има еротска сцена во која муслиманскиот цар замислува како ќе изгледа романтичната средба со Падмавати кога конечно ќе ја зароби.

Режисерот Бансали и продуцентите велат дека во филмот таква сцена не постои, но тоа не ги спречи екстремистичките групи да повикаат на забрана на филмот и на главните актери да им упатат закани по живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина, бара пристап до сателитската услуга „Старлинк“

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина откако во рускиот бомбашки напад вчера загинаа најмалку 35 лица на исток, со што бројот на жртви од руските напади во последните два дена се зголеми на над 70.

Зеленски ги обвини САД дека не се подготвени да ѝ помогнат на Украина,  бара пристап  до сателитската услуга „Старлинк“

Неколку часа по нападот на два автобуса во градот Краматорск, Зеленски ги критикуваше напорите на Вашингтон да воспостави економски врски со Русија.

Зборувајќи со новинарите во Прилуки, украинскиот лидер ги повика САД да се согласат со неговите барања за проширување на пристапот на Украина до сателитската услуга „Старлинк“ за да ѝ помогнат во таргетирањето на руските лансери на балистички ракети.

- Го отворивте кога му одговаравте на Иран... Јас реков сосема отворено - дајте ни го, помогнете ни да го одбраниме нашето небо и да доминираме таму. А потоа Путин ќе седне на преговарачката маса“, рече тој во емотивна изјава.

Пред Москва да нападне, високи руски и американски претставници, вклучувајќи го и специјалниот претставник на Сад Џаред Кушнер, разговараа за привлекување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“ што испорачуваа руски гас во Германија објави Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3

Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. 

О. Карпош: Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3

Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки.

Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување.

Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова

Затворена е предистражната постапка за наводниот неовластен пристап до компјутерскиот систем во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. 

Обвинителството не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова

ОЈО ГОКК утврдило дека немало основ за натамошно јавнообвинителско постапување.

Во текот на постапката била обезбедена компјутерска опрема, врз која биле извршени информатичко-форензички анализи, а биле анализирани и податоци од мобилни уреди и земени известувања од лица запознаени со случајот.

Според извештаите на секторот за компјутерски криминал при МВР, не биле пронајдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во системот, ниту докази дека биле снимани или прибирани класифицирани податоци. Биле констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален ризик, но обвинителството оценило дека нема докази за извршување на пријавените кривични дела, соопштија од обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер