Инцидент во Србија: Уништиле Ферари, за брзата помош мислеле дека ги брка полиција (ВИДЕО)

Утрово околу 7 часот, засега непознат возач уништил Ферари во Крагуевац, Србија.

Српските медиуми пренесуваат изјави на очевидци дека неколку помлади мажи биле во автомобилот со странски регистарски ознаки. Тие наводно со голема брзина возеле во правец кон центарот на градот.

Во еден момент, тврдат сведоците, изгубиле контрола. Возилото удрило лево и десно во работ на патот сè додека не запрело. Сите скокнале од скоро целосно уништениот автомобил и побегнале.

Се претпоставува дека лицата се исплашиле од ротационите светла на брзата помош што возела зад нив, па помислиле дека тоа е полицијата и затоа ја зголемиле брзината.

Корисна функција за полесно споделување на новиот „Android“

„Google“ неодамна ја пушти во употреба третата бета верзија од „Android 12“ за одредени корисници, како би ја тестирале.

Новата верзија има неколку новитети. Еден од нив е оптимизацијата за споделување на „URL“ линкови.

Споделувањето на линкови е сега доста олеснето, според информациите на „XDA“.

Сега корисниците на мобилната верзија на „Chrome“ во горниот десен агол ќе имаат опција со еден клик автоматски да го копираат линкот. И не само тоа.

Со притискање на тоа копче излегуваат и опции за тоа каде корисникот сака да го сподели линкот.

Новата верзија на Андроид ќе донесе уште неколку интересни функции, кои ќе бидат откриени кога ќе бидат тестирани.

Урнебесно видео од Реми Гилард посветено на Олимписките игри

Познатиот француски комичар повторно изненадува со своите лудории.

Овој пат тој направи видео посветено на Олимписките игри.

Станува збор за компилација од повеќе снимки на кои Гилард се мечува со пчелар, вози кајак по ескалатор, сурфа со даска во перална за автомобили и т.н.

Реми Гилард е француски комичар кој со својата уникатна смисла за хумор често го привлекува вниманието на целиот свет. Овој пат тој успеа да изнуди насмевки од многу љубители на спортот.

Неготово ново видео на Фејсбук досега е погледнато над три милиони пати.

Џеј Ло покажа како изгледа без шминка

Џенифер Лопез на Инстаграм објави видео на кое е без шминка.

Објавата ја погледнале повеќе од четири милиони луѓе.

„Имаш лице како бебе“; „Морам да признаам дека изгледаш прекрасно без шминка“; „Изгледаш многу помлада“; „Ти си толку прекрасна“, се дел од коментарите на фановите.

Претходно на Инстаграм Стори таа објави уше една фотографија на која позира во природно издание.

Многумина и порачаа дека сјае и дека веруваат дека за тоа е заслужен актерот Бен Афлек.

притисни ентер