In Memoriam: Почина академик Момир Харалампие Поленаковиќ

На 81-годишна возраст денеска почина академик Момир Харалампие Поленаковиќ, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

По повод неговата смрт, Македонската академија на науките и уметностите и Медицинскиот факултет при УКИМ ќе одржат комеморативна седница преку видеоконференциска врска.

Академик Момир Харалампие Поленаковиќ е роден на 26 април 1939 година во Скопје. Медицински факултет завршил во Скопје во 1963 година, кога бил прогласен и награден како најдобар студент – првенец на Универзитетот „Кирил и Методиј" во Скопје. Специјализација по интерна медицина завршил во 1969 година. Во 1977 година ја одбранил докторската дисертација на тема „Клиничко-имунолошка процена на патолошките настанувања во бубрежните гломерули". За редовен професор е избран во 1988 година. Работел на Клиниката за нефрологија при Медицинскиот факултет во Скопје, а во периодот од 1990 до 1997 година бил директор на Клиниката за нефрологија. Од 2005 година, во пензија, неуморно продолжил да работи во областа на медицината и со своите трудови и научноистражувачката работа да придонесува во оваа област.

Од МАНУ потсетуваат дека Поленаковиќ нашите сознанија и достигнувања ги соопштувал во земјава и во странство во над 550 отпечатени научни и стручни трудови, од кои над 200 труда се на „Pub Med", како и во 250 апстракти со кои учествувал на научно-стручните состаноци во земјата и во светот. Редактирал и издал пет книги со реферати од конгреси и научни состаноци. Автор е на книгата со наслов „Исхрана кај болните со бубрежна инсуфициенција и на дијализа", публикувана во 1997 г., како и коавтор (со академик И. Дејанов и П. Дејанов) на книгата со наслов „Инфекции, хемостатски нарушувања и антибиотичка терапија кај болни на хемодијализа", објавена во 2004 г., уредник на книгата со наслов „Renal Failure – The Facts", InTech, 2012.

Бил уредник и член на уредувачки одбори: главен уредник на периодичното списание „Прилози" на Одделението за медицински науки на Македонската академија на науките и уметностите (во периодот 2002 – 2019); помошник уредник (Associate editor) на списанието „БАНТАО"; член на уредувачките одбори на: Actual Nephrology: Kidney Foundation, Варна – Бугарија; Aktuality v nefrologii (Current concepts in nephrology), Република Чешка; поранешен член на уредувачкиот одбор на „Македонски медицински преглед", на списанието Nephrology, Dialysis, Transplantation – NDT (официјално списание на Европската ренална асоцијација) и на списанието JAMA (Journal of American Medical Association) – југословенско издание.

Академик Поленаковиќ бил првиот кој во нашата земја вовел добивање на бубрежно ткиво по пат на перкутана бубрежна биопсија и овозможил иследување на свежо добиено бубрежно ткиво со имунохемиски методи. Направил класификација на гломерулонефритите во земјава. Од 1965 година Поленаковиќ учествувал во лекувањето на акутната бубрежна инсуфициенција со хемодијализа, а од 1971 година во лекувањето на хроничната бубрежна инсуфициенција со интермитeнтна хемодијализа. Прв го вовел лекувањето со рекомбинантeн еритропоетин, на реналната анемија кај пациенти лекувани со дијализа. Во 1977 година учествувал во изведувањето на првата бубрежна трансплантација на Медицинскиот факултет во Скопје.

Одржал повеќе предавања од областа на гломерулонефритите, балканската ендемска нефропатија и лекувањето на хроничната бубрежна инсуфициенција, на повеќе институции во земјата и во странство. Активно учествувал во работата на Македонското лекарско друштво. Бил основач и претседател на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи (1992 – 2011) и иницијатор за создавањето на Балканската нефролошка асоцијација (БАНТАО) во 1993 година. Исто така бил член на повеќе меѓународни асоцијации и здруженија.

Тој е носител на повеќе признанија и награди, меѓу кои: Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда, Повелба „Д-р Трифун Пановски" (1988 г.), од Националната бубрежна фондација во САД (National Kidney Foundation – NKF, USA) доделено му e признанието Distinguished International Medal за 1997 година, највисокото признание кое им се доделува на истакнати нефролози од Фондацијата, кои не се жители на САД, за извонредни научни достигнувања во нефрологијата и за работата во развивањето на нефрологијата во нивната земја. Добитник бил на наградата на Град Скопје – „13 Ноември" за особени остварувања во здравствената заштита од областа на нефрологијата (2005 г.); Сребрен медал од прв ред „Столен медал на Македонската православна црква" по повод 50 години од обновувањето на Охридската архиепископија и 40 години од автокефалноста на МПЦ (2008 г.); државната награда на Република Македонија „11 Октомври" за животно дело во областа на науката и образованието (2009 г.) и други. Во 2013 година е добитник на наградата The 2013 Pioneer Award Eastern & Central Europe Region на Интернационалното здружение за нефрологија (ISN) за постигнувањата од областа на нефрологијата за регионот на Источна и Централна Европа.

Во 1994 година, академик Поленаковиќ е избран за странски член на Српската академија на науките и уметностите, како и за член на Фондацијата „Бубрег" во Варна, Бугарија. Во 1996 година е избран за член на Академската асоцијација за медицински интердисциплинарни студии во Романија (Academic Association of Medical Interdisciplinary Studies). За надворешен член на Академијата за медицински науки на Српското лекарско друштво, тој е избран во 1998 година, а во 2002 година е избран за член на Њујоршката академија на науките (САД) и истата година за надворешен член на Академијата за медицински науки на Хрватска. Исто така, во 2006 година е избран за член на Светската академија на уметност и наука (Сан Франциско, САД), како и за член на Европската академија на науките (Салцбург, Австрија). Од 2007 година, тој е член на Друштвото за наука во Берлин, „Лајбниц" (Германија).

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите беше избран на 26 јуни 1997 година, а во периодот 2004 – 2007 година беше нејзин потпретседател. Во периодот 2011 – 2017 год., Поленаковиќ беше раководител на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов" на МАНУ.

Била бездомничка, а сега заработува милиони од фотографии и го вжештува Инстаграм (ФОТО)

Приказната на Елиза Роуз Вотсон звучи како сценарио на некој холивудски филм. 

31-годишната поранешна наставничка во еден момент од животот се најде на улица, како бездомник зависничка од наркотици и алкохол, а денес заработува милиони на платформата „ OnlyFans “.

Овој дипломиран психолог станала зависник од дрога на 23-годишна возраст, кога започнала да работи како манекенка. Потоа започнала да користи кокаин и некои други опијати, а покрај тоа станала зависна од алкохол. Се борела со тоа цели четири години.

„Би ги дала сите пари што би ги заработила за алкохол или кокаин“, изјави сега Елиза за британските медиуми, признавајќи дека украла пари и од нејзината мајка. Наскоро се нашла на улица, справувајќи се и со спиење со непознати мажи. Еден пријател ја убедил да побара помош.

"Еден ден таа се појави пред мојата врата и јас бев толку уморна што само отидов со неа кај анонимни алкохоличари. Почнав да се справувам со моите проблеми. Дотогаш, неколку пати се обидов да извршам самоубиство додека бев во болница и во полиција. Знаев дека не можам да продолжам така “, вели Елиза.

По рехабилитацијата се вработила во градинка. Таа вели дека за време на вработувањето била целосно искрена за своето минато и дека решиле да и дадат шанса, за што е многу благодарна. "Работата беше совршена, но не можев да заработам доволно. Сакав да ги вратам парите што ги украдов од мајка ми, да вратам некои долгови и да станам независна", вели таа.

Затоа, таа се свртела кон „ OnlyFans “. Во декември 2019 година, таа отворила профил на таа 18+ платформа. Првично заработувала, вели таа, 2.000 фунти месечно, а во пандемијата 100.000 фунти месечно. Заработила милион фунти последнава година.

Работи 16 часа на ден, седум дена во неделата. "Не се само сексуални разговори, сè е таму. Постојат жени кои ме прашуваат за совети за вежбање и слично", вели таа. "Тоа е како заедница. OnlyFans ми дозволува флексибилен живот, кога мајка ми или некој близок ми е потребен, веднаш можам да бидам таму за нив", заклучила Елиза, која сега на Инстаграм ја следат скоро милион луѓе.

Нема кислород во индиските болници, се ограбуваат камионите со боци

Шест болници во индискиот главен град Њу Делхи целосно останале без кислород и лекарите велат дека на останатите болници им преостанува снабдување за само неколку часа.

Голем број луѓе починале додека чекале кислород, а повеќе од 99% од сите кревети за интензивна нега се полни, јавува Би-Би-Си..

Индија е во костец на вториот бран на инфекции со Ковид-19 и денеска го забележа најголемиот еднодневен биланс на нови случаи во светот.Земјата досега забележала скоро 16 милиони потврдени инфекции.

Во изминатите 24 часа имало 314.835 нови случаи на коронавирус, додека смртните случаи пораснале за 2.104.

Има полициски извештаи за луѓе кои ги спречувале цистерните со кислород да отпатуваат во други држави, според телевизиската станица НДТВ од Делхи. Некои болници се обвинети за складирање на нивните залихи, додека имало појави и на грабежи.

Млад човек од Шпанија си ја убил мајка си и ја јадел, заедно со кучето (ВИДЕО)

На млад човек од Шпанија му се суди за убиство на неговата мајка, распарчување на нејзиното тело и јадење делови, пишува Би-Би-Си.

Алберто Санчез Гомез бил уапсен во 2019 година, откако полицијата отишла во станот на неговата 66-годишна мајка. Нејзините познаници повикале полиција, загрижени дека со денови не им се јавувала.

При влегувањето во станот, детективите пронашле делови од мртвата жена во пластични контејнери расфрлани низ станот и во фрижидерот. Локалните медиуми напишале дека младиот човек го расекол телото на повеќе од илјада парчиња. Тие исто така го пронашле 26-годишникот, како готви некои делови од нејзиното тело.

Полициските службеници на кои им ја отворил вратата изјавиле дека на прашањето дали неговата мајка е во станот, тој одговорил: „Да, мајка ми е тука, таа е мртва“.

Младиот човек признал дека готвел и јадел делови од телото, а некои му ги дал и на кучето.

На почетокот на судењето, Санчез Гомез тврдел дека слушнал „тајни пораки“ од ТВ и гласови кои му велеле: „Убиј ја мајка ти“. Гласовите, како што тврди, им припаѓале на неговите соседи, познаници и познати личности.

Тој, исто така, на судењето тврдел дека не се сеќава на убиството или на распарчувањето на телото.

Сега се соочува со казна од 15 години до доживотен затвор.

притисни ентер