Имаше интимни односи со 1.000 мажи за 24 часа- Бони Блу од овој „проект“ заработува и до 1,8 милиони евра месечно - Канал 5

Имаше интимни односи со 1.000 мажи за 24 часа- Бони Блу од овој „проект“ заработува и до 1,8 милиони евра месечно

Додека јавноста сè уште дискутира за експлицитните сцени од документарецот „1.000 мажи и јас“, емитуван на Канал 4, зад овој шокантен проект се одвива внимателно конструирана економска стратегија со висок профит и ниски трошоци.

Имаше интимни односи со 1.000 мажи за 24 часа- Бони Блу од овој „проект“ заработува и до 1,8 милиони евра месечно

Тиа Билингер, попозната како Бони Блу, за време на скандалозниот настап со повеќе од 1.000 мажи во еден ден, го достигна врвот на својата кариера на платформата OnlyFans.

Според нејзините изјави во документарецот, нејзината месечна заработка достигнала од 1.180.000 евра до 1.770.000 евра, а голем дел од овој приход го прераспределила на своето семејство, кое формално ги вработила во рамките на сопствениот бизнис.

Канал 4: Инвестиција помеѓу 350.000 и 590.000 евра

Продуцирањето на документарецот „1.000 мажи и јас: Приказната за Бони Блу“ беше доверено на независна продуцентска куќа.

Трошоците за снимање, монтажата и законското одобрување на експлицитната содржина се проценуваат дека биле помеѓу 350.000 и 590.000 евра.

Но вниманието што го привлече филмот - од социјалните медиуми до медиумската анализа - се исплати многукратно.

Благодарение на високите рејтинзи, приходите од рекламирање и дигиталната дистрибуција, се проценува дека Канал 4 заработил помеѓу 590.000 и 1.180.000 евра само од емитувањето.

Мажи - бесплатна работна сила?

Најпровокативниот дел од целата пресметка: мажите кои учествуваа во сексуалниот предизвик - не беа платени.

Над 1.000 учесници, претежно студенти и обожаватели, учествуваа доброволно, мотивирани од јавна експонираност, вирален потенцијал и сензационализам.

За Бони и продукцијата, ова значи едно: нула трошоци за изведувачите и максимална медиумска експлозивност.

Секс, скандал и чиста добивка

Додека јавноста беше поделена помеѓу шок, поддршка и осуда, Бони Блу постави финансиски преседан. Со вирален потенцијал, минимални трошоци и нескриен бизнис модел, таа го претвори „настапот“ во бизнис од повеќе милиони долари, додека телевизиските компании како Канал 4 исто така профитираа од приказната.

Во ерата на содржини што се граничат со реалноста и порнографијата, едно е сигурно: скандалот не само што продава - туку и добро се исплатува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Односите во таборот на француската фудбалска репрезентација наводно се сериозно разнишани, а во центарот на вниманието се новиот селектор Зинедин Зидан и капитенот Килијан Мбапе, пренесуваат локалните медиуми. 

Хаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!

Иако официјалната причина поради која напаѓачот на Реал Мадрид го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Италија е проблем со грбот, телевизискиот водител Сирил Ануна тврди дека повредата не е единствената причина за ваквиот развој на настаните.

Гостувајќи во емисијата „Tout beau, tout neuf“, Ануна истакна дека постојат несогласувања меѓу селекторот и првата ѕвезда на тимот, како и дека Зидан нема намера да го толерира неговото однесување.

Наводниот конфликт датира уште од првото собирање на националниот тим под водство на Зидан.

Новиот селектор тогаш одлучил да го премести Мбапе на левата страна од нападот, додека улогата на централен напаѓач му ја доделил на Усман Дембеле.

Оваа тактичка замисла наводно не наишла на одобрување кај капитенот на „триколорите“, со оглед на тоа што во дресот на Реал Мадрид, во последно време, тој главно игра како најистурен напаѓач. Покрај тоа, Хануна наведува дека Мбапе не бил задоволен ниту од својата физичка подготвеност, поради што не сакал да ризикува и да настапи против Италијанците.

„Зидан нема да биде толку попустлив кон него како што беше Дидие Дешамп. Мбапе се однесуваше како разгалена ѕвезда, велејќи дека има многу повреди и дека не знае дали ќе игра. Зидан му одговорил дека тогаш нема ни да игра“, изјави Хануна.

Според дополнителните тврдења на овој водител, ситуацијата во националниот тим е прилично напната, а односите меѓу Мбапе и одредени соиграчи, исто така, не се на најдобро ниво.

Хануна заклучува дека Зидан одлучил веднаш да воспостави јасен авторитет и му соопштил на капитенот дека тој нема да биде во составот за натпреварот против Италија, напоменувајќи дека би можел да се врати во тимот за следниот натпревар против Турција.

Пораз од Италија Во 5. коло од Лигата на нации, Франција беше поразена од Италија во Милано. Резултатот на натпреварот беше 3:1, а Италијанците победија по пресврт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер