Имал 158 килограми и сакал да стане бодибилдер (видео) - Канал 5

Имал 158 килограми и сакал да стане бодибилдер (видео)

 Ќе ве изненади трансформацијата на ова момче!

Имал 158 килограми и сакал да стане бодибилдер (видео)

Џефри ги следел своите соништа и ги остварил.

Дека соништата навистина можат да станат реалност, докажа и Џефри Џенсен кој на тоа посвети речиси три години од својот живот и денес вистински го живее својот сон. Имено, тој имал вишок килограми и сакал да се занимава со бодибилдинг.

На прв поглед тоа делувало невозможно, но сепак, тој не сакал да се откаже. Почнал со интензивни тренинзи и со промени во исхраната. Првично ослабел 75 килограми и промената на неговиот физички изглед веќе била видлива. Тој морал да се ослободи од вишокот кожа и бил подложен на операции за отстранување на кожата.

- На ова посветив две и пол години напорна работа, вежбање и промени во исхраната. Имав две операции за отстранување на вишокот кожа и две подготовки за бодибилдинг – напишал Џефри на споделеното видео на Инстаграм со неговата трансформација.

Џефри го остварил својот сон, тој денес се занимава со бодибилдинг и често на својот Инстаграм профил споделува совети до сите кои се борат со дебелината или имале некаков проблем што ги спречувал да го остварат својот сон.

Овој млад човек поминал неверојатно патување за да ослабе неверојатни 75 килограми и да ја достигне нормата за бодибилдинг. Денеска може да се пофали со медали во овој спорт и со гордост може да каже дека трудот му се исплатил. Џефри открива дека бил опседнат со идејата за бодибилдинг на што многумина му се смееле поради неговата дебелина.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен

Висок функционер на бунтовниците Хути , поддржани од Иран, ги предупредува земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен.

Хутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен

Висок функционер на бунтовниците Хути , поддржани од Иран, ги предупредува земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен, посочувајќи дека неговата група ја уверила администрацијата на трамп дека нема да нападне американски бродови во црвеното море,информираше Асошиејтед прес.

Мохамед Ал-Бухаити, член на политичкото биро на Хутите, рече дека Вашингтон им се обратил на бунтовниците по нивното брзо напредување по западниот брег на Јемен до теснецот Баб Ел-Мандеб претходно овој месец.

Трамп минатиот викенд изјави дека неговата администрација „имала разговори“ : „Хутите нè повикаа и не сакаат да се борат со нас“, рече тој.

„Тие би претпочитале да не бидеме вклучени, а ги пуштаат повеќето бродови да поминат“.

Асошиејтед прес објави дека оман бил домаќин на состанок меѓу претставници на САД и Хутите минатиот викенд, повикувајќи се на официјален претставник на Хутите . Со тоа завршија еднонеделните американски бомбардирања против бунтовниците, во замена за прекин на нападите врз американските бродови во Црвеното море.

„Целта на нашите воени операции не е да се затвори теснецот Баб Ел-Мандеб, туку да се обезбеди слобода на пловидба низ него за сите, вклучително и за јемен“, рече претставникот на Хутите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места

Филипче сакал плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места.

Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места

Му пречат дата центри, му пречат рудници, му пречат нови инвестиции и проекти.

На Филипче не му пречат единствено бизнисите со марихуана на Заев и не му пречат бизнисите со кои се добива нов автомобил или пак провизија при тендер од 20%.

На Филипче денес му пречат инвестиции и нови работни места, но не му пречеа лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1.

Со политичари како Филипче, луѓе кои лажат и манипулираат за се, Македонија нема да оди напред.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина за граѓаните.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Откриени извршители на серија тешки кражби во тетовско, предизвикана штета од околу 250 илјади евра

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против вкупно 4 лица за кои постои основано сомнение дека извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба.

ЈО: Откриени извршители на серија тешки кражби во тетовско, предизвикана штета од околу 250 илјади евра

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против вкупно 4 лица за кои постои основано сомнение дека извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 3 во врска со став 1 точка 2 и во врска со член 45 на Кривичниот законик.

Четворицата подолг временски период – од април до септември годинава извршиле повеќе тешки кражби во села на подрачјето на Општина Боговиње, при што провалиле во над 10 куќи од каде одзеле пари, златен накит и разни видови огнено оружје кое сопствениците го поседувале со дозвола. При една од кражбите во селото Палчиште успеале од домот на оштетениот да извлечат сеф тежок околу 400 килограми. Вкупната вредност на украдените предмети до овој момент се проценува на приближно 15.000.000 денари.

Јавниот обвинител интензивно постапува за обезбедување докази за сите настани. Во меѓувреме, по предлог на обвинителството, на двајца од осомничените им е определен краткотраен притвор од 48 часа до целосно обезбедување на доказите, додека по двајца се трага и ним притворот ќе им се смета од нивното пронаоѓање и лишување од слобода, стои во извештајот од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер