Имаат по 24 години, завршиле факултет, се венчале, а потоа се вратиле во село - Канал 5

Имаат по 24 години, завршиле факултет, се венчале, а потоа се вратиле во село

Нивната приказна ќе ве остави без здив

Имаат по 24 години, завршиле факултет, се венчале, а потоа се вратиле во село

Дејан и Ивана Глигоријевиќ имаат по 24 години и имаат завршено земјоделско инженерство. Тие се запознале на универзитетот во Земун, познанството се претворило во љубов, толку многу што морала да биде крунисана со брак. Се ближел крајот на студиите кога дошло време тие двајца да разговараат поконкретно како, што и каде утре.

Тој í предложил да одат кај него во Радановци, каде неговите родители десет години се занимаваат со млечно говедарство на фарма и произведуваат 100.000 литри сурово млеко. Имаат 20 млечни крави, со бикови и подмладок од околу 40 говеда.

„Суштината е во тоа што сакавме да одгледуваме деца, да ги гледаме како растат, да им бидеме родители. А, не само да ги создадеме. Да останевме во Белград, ќе требаше да започнеме не од нула, туку од минус, а во Радановци, каде што неговите родители достигнале некое ниво на инвестиции, веќе имавме каде да живееме и со што да се занимаваме“ - вели Ивана, објаснувајќи зошто одлучиле со Дејан да заминат во областа Косјериќ.

Во јуни минатата година, тие се преселиле во Радановци, ги напишале дипломските и истиот месец се венчале. Двајцата дипломирале во септември.

Млекарството е единствениот извор на приходи на родителите на Дејан, а откупната цена на млекото е ниска. Производството е големо, работата е огромна, но заработката не е задоволителна.

Моите родители одамна мечтаат за преработка на млеко, но за тоа не се одлучуваа. Долго време, за потребите на нашето домаќинство се произведуваше сирење, кое може да се мачка и да се сече на парчиња. Не е толку течно како повеќето намази во продавниците. Се прави од пастеризирано млеко, потоа се лади и се засирува, и одлежува 24 часа во сурутка. Содржи само млеко, сол и маја сирило. Многумина што го пробале прашуваат зошто, кога е веќе толку вкусно и здраво, не го произведуваме за продажба, - вели Дејан.

На почетокот на јуни годинава се осмелиле да го комерцијализираат производството, исклучиво по нарачка. Ивана го презела главниот збор, додека Дејан повеќе се занимава со работите на нива и во шталата. Ним им помагаат неговите родители и помладиот брат.

Со она што го имаат на располагање, не можат да произведат повеќе. Всушност, можат, но сирењето, велат тие, ќе изгуби на квалитет. Од вкупната количина на млеко произведена во домаќинството на Глигоријевиќ, 10-15 проценти се трошат на сирење, остатокот се продава во млекарницата. Бидејќи законот им дозволува да продаваат сирење дома или само во општина Косјериќ, тие го произведуваат по нарачка.

- Ние веќе стекнавме редовни клиенти, а имајќи предвид дека започна добро и дека имаме многу млеко, решивме да го прошириме производството со нова опрема во новиот објект. Веројатно од пролет. Технолошкиот проект е завршен, а за објектот поднесов барање за одобрување на градбата - објаснува Дејан Глигоријевиќ.

Планирањето потомство било пресудно за враќањето во Радановци. Во лето следната година, ќе се оствари нивниот сон да уживаат во одгледувањето деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката.

Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија.

Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС.

Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата.

На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи.

Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески.

Во исто време нема реакција на обвинителството.

Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа.

Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија.

Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски?

Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач.

Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда.

На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката.

Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски.

Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер