Има пет Мерцедеси SLR , признава колку го чини одржувањето (ВИДЕО) - Канал 5

Има пет Мерцедеси SLR , признава колку го чини одржувањето (ВИДЕО)

Погодувате, не е ефтино.

Има пет Мерцедеси SLR , признава колку го чини одржувањето (ВИДЕО)

Но, бидејќи е колекционер за кого финансиите не претставуваат проблем, сочувството обично нема да ја надмине обичната зачуденост. Се разбира, тоа е Мани Хошбин кој редовно се појавува преку видеата за да ја покаже својата метална карбонска колекција.

Овој пат зборува за Mercedes SLR McLaren, еден од најпознатите специјални модели од производителот од Штутгарт во последните десет или повеќе години. Мани има пет примероци, па веќе има проблем редовно да ги вози. И ова е важно затоа што ако автомобилот е паркиран, дефектите се почести, а сервисот е далеку поскап.

Мани објаснува дека секоја година има т.н. Сервис А за 5000 долари, и секоја втора Сервис Б за 8.000 долари. Во моментов се подготвува за овој втор вид на услуга, што за пет примероци значи цена од 40.000 долари. Свеќичките исто така треба да се заменат, што значи буквално отстранување на моторот 5,4 V8 и чини неколку илјади долари повеќе. Објаснувањето е дека поради бројни процедури потребни се околу 30 часа работа, па оттаму и високата цена.

Но, тоа не е сè. Хидрауличните амортизери на вратите исто така редовно се менуваат. И додека се плаќа десетина долари за обчните шарки, тука тие чинат околу илјада долари. Мани нагласува дека сè е одлично додека не се оштети лимот, поточно карбонот. Во случај на хауба, купувањето на нова е 75.000 долари.

Сè на сè, ова е огромен трошок што малкумина се подготвени да го платат, и тоа за пет автомобили. Мани е еден од нив. Но, тоа не е единствениот „проблем“ затоа што во неговата колекција има многу „Бугати“, „Мекларен П1“ и „Порше 935“, а на списокот за нарачки ги има Mercedes-AMG One, Koenigsegg Jesko и McLaren Speedtail.

Да речеме и дека Мани направи грешка. Наводно страстниот љубител на спортски автомобили нè научи како SLR е дизајниран од познатиот готвач Гордон Ремзи. Брзо се исправи, дизајнот е од друг Гордон, Гордон Вагенер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер