Има ли основ за истрага за бонусите во Специјалното обвинителство?

Додатоците за доверливост кои легнале на сметките на специјалните јавни обвинители ќе бидат под лупа на државното јавно обвинителство.

Републичкиот обвинител Љубомир Јовески за Канал 5 вели дека ако се отворат сомнежи за извршено кривично дело откако ќе ги истражат сите околности за исплатите за тимот на Катица Јанева, ќе постапат според надлежностите. Но дали ќе има финансиска истрага, прашање кое го покрена судската фела, се уште не се знае.

-Обвинителите ќе ги испитаат сите околности и правно релевантни факти за исплата на платите и додатоците и доколку се утврди дека има основано сомнение за извршено кривично дело, ќе се постапи согласно Закон.– Љубомир Јовески – државен јавен обвинител.

Штом се зборува и се анализира за бонусите на специјалните обвинители, органите имаат доволен основ за да постапуваат “по допрен глас” и да дознаат дали имало финансиски малверзации во СЈО, смета премиерот Заев.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ повторно го актуелизираа барањето за формирање на собраниска анкетна комисија која ќе истражува се што е поврзано со СЈО. Од партијата прашуваат и зошто од државната каса се даваат пари директно на Катица Јанева. Според нив станува збор за политички притисок, а се сомневаат и дека Јанева земала повеќе пари од рекетот за кој сега е во домашен притвор.

Според законот, СЈО има право на додатоци за услови за работа, доверливост, или ризици при работата, вели адвокатот Давидовиќ, но СЈО не е единствената институција која работи со доверливи документи па овие средства да бидат оправдани.

За 4 годишниот мандат поранешната шефица на СЈО, покрај платата на сметка си доделила и 157 илјади евра. Освен Јанева, додатоци за доверливост добиле и другите обвинители, но со помали суми.

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

Традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ се одржа во Тетово

Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце вчера ја одржи традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ.

Годинава, сите учесници учествуваа на дефилето низ Теарце, а потоа концертот се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.

Покрај домаќините, со своите настапи учествуваа гости-играорци КУД „Чигра“ од Инџија и КУД „Симонида“ од Ранилуг, двете од Србија, потоа македонските КУД „Брвеница“ од Брвеница, Група Сербез при фолклорен ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола.

-Овие млади играорци покажаа и докажаа дека се вистински амбасадори на македонскиот фолклор и култура. Благодарноста до нашите гости кои го збогатија вечерашниот коцнерт, истакна на концертот Гоце Симјановски, претседател на КУД „Кирил Пејчиновиќ“.

Домаќините од КУД „Кирил Пејчиновиќ“ наспатапија со повеќе возрасни групи кои ги изведоа кореографиите „Драчевка“, Елено моме“,и „Малешевка“ и други ора и песни. /МИА

притисни ентер