Има 71 година а веќе 35 години работи како вулканизер (фото) - Канал 5

Има 71 година а веќе 35 години работи како вулканизер (фото)

Весиле Акин (71), жителка на малото место Сандикли недалеку од турскиот г рад Афионкарахисара, половина од својот живот го поминала работејќи во вулканизер, пренесува агенцијата „Анадолу“.

Оваа старица пред точно 35 години почнала да работи како вулканизер, а со својот неверојатен труд и желба за работа и во осмата деценија од својот живот продолжува да ги руши стереотипите за машко – женските работи.

Акин во разговорот за „АА“ изјави дека нејзината вулканизерска работилница ја отворил нејзиниот син пред да замине на отслужување на воениот рок. Кога заминал во војска се одлучила да работи во работилницата за да преживее се додека не се врати нејзиниот син од војска.

Во вулканизерската работилница Весиле извршува многу работи но нејзината специјалност е промената на гумите на автомобилите. Акин претходно се занимавала со ткаење на килими.

„Жените треба да бидат доктори, треба да бидат судии, треба да бидат обвинители, јас реков ете една нека работи и во вулканизер“ – низ смеа изјави Весиле.

„Жените треба да се образуваат. Кога работат двајца во куќата е многу полесно. Многу ги поздравувам сите жени и мојата порака до нив е да се образуваат и да стекнат некое занимање. Имаме и ние мозок, а не само мажите“ – порача оваа старица.

Весиле додаде дека сите треба да се борат против насилството врз жените.

Нејзиниот син Али Акин изјави дека е навистина горд на својата мајка.

„Таа ја отвора работилницата наутро и работата која ја извршува е пример за сите нас“ – изјави Али.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итно е прекината продажбата на слика на Фрида Кало, вредна 3,5 милиони долари

Аукциската куќа „Кристи“ ја суспендираше продажбата на слика од Фрида Кало откако мексиканската влада изрази сомнежи за околностите под кои делото ја напуштило земјата.

Итно е прекината продажбата на слика на Фрида Кало, вредна 3,5 милиони долари

Продажбата на сликата „Конгрес на народот за мир“ беше закажана за вторник вечерта, а вредноста на ова платно, создадено во 1952 година, се проценува помеѓу 2,5 и 3,5 милиони долари, објави „Ле Фигаро“.

„Уметнички споменик“

Сликата прикажува настан организиран во поддршка на Светската конференција за мир, одржана во Виена во декември 1952 година.

Заедно со целиот опус на сликарката Фрида Кало, ова дело беше прогласено за „уметнички споменик“ во 1984 година, со што беше забранет неговиот извоз.

Мексиканското Министерство за култура објави во понеделник дека сликата ја напуштила земјата во 1952 година, пред да стапи на сила забраната.

Побаран е увид во потеклото

Сепак, во подоцнежно соопштение се наведува дека од „Кристи“ било побарано да даде целосен увид во потеклото на делото, како и да ја одложи аукцијата.

Според група уметници и културни работници, делото било отстрането од Музејот на Фрида Кало во Мексико Сити на нерегуларен начин пред неколку години.

Во соопштение за медиумите, сегашното раководство на музејот изјави дека „Кристи“ била информирана дека уметничкото дело е предмет на истрага од страна на мексиканските власти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На групната фотографија Трамп стои покрај Си, а Путин подалеку- дали е тоа пораката на кинескиот претседател ?

Самитот на АПЕК во Шенжен, Кина, ги собра тројца од највлијателните политички лидери во светот.

На групната фотографија Трамп стои покрај Си, а Путин подалеку- дали е тоа пораката на кинескиот претседател ?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател, Владимир Путин и кинескиот претседател, Си Џинпинг, им се придружија на другите национални лидери на традиционална групна фотографија пред планираниот трилатерален состанок закажан за 19 ноември.

На групната фотографија направена на самитот, кинескиот претседател Си Џинпинг и неговата сопруга Пенг Лијуан стоеја во средината на првиот ред. Американскиот претседател Трамп и рускиот претседател Путин беа фотографирани и во првиот ред. Позицијата на Трамп до Си го привлече вниманието на светот. Од друга страна, иако се очекуваше во таков момент, Путин не стоеше до Си, туку до сопругата на Си.

За разлика од Трамп и Си, кои изгледаат весело на фотографијата, истото не изгледа дека важи за Путин. Она што дополнително ги „подгреа сомнежите“ дека Путин не добива ист третман на самитот беше информацијата објавена од странските медиуми дека Си наводно му рекол на Путин да застане до неговата сопруга Пенг Лијуан, додека тој му рекол на Трамп да застане до него.

Канадскиот премиер Марк Карни и јапонскиот премиер Санае Такаичи стоеја во вториот ред.

Исто така, порано денес, кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на аеродромот во Шенжен, што е невообичаен дипломатски гест и покажува колку значење Пекинг им придава на односите со Вашингтон.

Си го чекаше американскиот лидер под скалите на авионот, на црвениот тепих, со што му возврати добредојдето што Трамп му го упати за време на неговата посета на Соединетите Држави претходно оваа година, објавува CNN.

За време на неговиот мандат како лидер на Кина, Си никогаш лично не отишол на аеродромот за да пречека американски претседател.

Сепак, Путин не доби ист третман од кинескиот претседател по пристигнувањето во Кина. Имено, Путин беше пречекан на аеродромот во Шенжен од Каи Чи, еден од најмоќните луѓе во кинеското државно раководство и близок соработник на Си.

Појавата на тројцата лидери на истата фотографија создаде впечатлива дипломатска слика пред трилатералниот самит што се очекува на 19 ноември, на кој би можело да се разговара и за војните во Украина и Иран.

Трамп и Путин се ракуваат за прв пат

Трамп и Путин се сретнаа лице в лице денес за прв пат од самитот одржан во Алјаска во август 2025 година. По краткото ракување, Трамп и Путин им се придружија на другите учесници на семејна фотографија.

Беше покрената и можноста двајцата лидери повторно да се сретнат за време на самитот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Трамп и Путин би можеле повторно да се сретнат за време на самитот во Кина, иако не очекуваат сеопфатни билатерални преговори. Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, во меѓувреме, изјави дека е договорено двајцата лидери да одржат посебен состанок.

Ушаков изјави дека разговорите би можеле да започнат за време на официјалниот банкет во среда навечер, додавајќи дека лидерите би можеле да остварат контакт и за време и по пленарната сесија на АПЕК во четврток. Песков изјави дека Трамп и Путин би можеле да разменуваат мислења за војните во Украина и Иран доколку најдат можност да се сретнат приватно.

Песков, исто така, рече дека Путин разговарал за војната во Украина за време на претходната средба со Си Џинпинг. Се очекува контролата на нуклеарното оружје и прашањата за глобалната безбедност да бидат високо на агендата на трилатералниот состанок меѓу Трамп, Путин и Си закажан за 19 ноември.

Тековната војна во Иран и руските напади врз Украина се исто така меѓу прашањата за кои би можеле да разговараат лидерите.

Сепак, страните дадоа различни изјави за тоа дали Украина формално ќе се појави на агендата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и врнежливо време

Времето утре ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд, информира УХМР. 

Утре променливо облачно и врнежливо време

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

10 Лазарополе, 11 Маврови Анови, 12 Попова Шапка, Крушево, 14 Претор, Охрид, 17 Прилеп, 18 Крива Паланка, Берово, Струмица, Пожаране, Ѓуриште, Гевгелија, 20 Битола, Зајчев Рид, Виница, 21 Тетово, Скопје Петровец, 22 Демир Капија, Штип, 23 Кавадарци, 24 Велес.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

2 Лазарополе, Крива Паланка, 1 Маврови Анови.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви периоди. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Дуваше умерен до засилен ветер од југозападен правец. До крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе престанат.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер