Илон Маск веќе не е најбогат на светот, изгубил 15 милијарди долари

Илон Маск ја загуби титулата најбогата личност на светот по неодамнешниот пад на цените на акциите на Тесла, главниот извор на неговото богатство.

Акциите на Тесла потонаа повеќе од 20 проценти од врвот во јануари, кога чинеле 880 долари. Падот на цените бил забележан оваа недела откако компанијата инвестира 1,5 милијарди долари во Биткоин, пишува Би-Би-Си.

Овој пад го донесе Џеф Безос на врвот на листата на најбогати луѓе на светот.

Падот на цените на акциите на Тесла следел зачудувачки пораст минатата година, кога акциите скокнале од 90 на повеќе од 700 долари.

Поради тој раст, Маск го престигна првиот човек на Амазон, Џеф Безос, во трката за најбогата личност во јануари, но покрена и прашања за вистинската вредност на компанијата што произведува многу помал број автомобили во споредба со конкуренцијата.

Падот на цените на акциите на Тесла „избриша“ над 15 милијарди долари од богатството на Маск.

Грчката полиција разбила мрежа на криумчари со луѓе

Грчката полиција денеска објави дека успешно ја разбила мрежата на илегални трговци со луѓе и пасоши и уапсила шестмина осомничени.

Против сите осомничени веќе имало потерници под обвинение за основање на криминална организација за трговија со луѓе, нелегално преминување на граници, испраќање бегалци во европските земји и обезбедување на нивното криење.

Покрај шестмината осомничени, полицијата уапсила и петмина мигранти, одзеле повеќе од 70 пасоши, а целата акција била поддржана од ЕУРОПОЛ, пренесува агенцијата АНА.

„Само Вистина" со Сафет Бишевац и Никола Дујовски

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Сафет Бишевац и Никола Дујовски. 

ДУЈОВСКИ: Се надевам дека и во бугарските безбедносни служби има професионалци и ако работата отиде во спротивната страна да им се укаже дека станува збор за манипулација со силата на системот за да се загрози соседната земја.

БИШЕВАЦ: Не станува збор за инцидентна постапка туку за бугарска државна политика и е обид да се остварат нивните цели а тоа е остварување на идејата за Санстефанска Бугарија.

БИШЕВАЦ: Обидот за бегството на Мијалков покажа дека институциите се руинирани.

ДУЈОВСКИ: Нема друга земја во Европа каде што луѓе кои и по симнување од власт се уште се покажува дека ги контролираат институциите.

ЃУРЧЕВСКИ: Без помош од органите и крт внатре во органите, Мијалков немаше да се обиде да бега, треба да се утврди одговорноста на сите инволвирани.

БИШЕВАЦ: Имаме еден куп акциски планови за борба против се нешто, проблемот е дека не се реализира ниту првиот чекор од нив.

ДУЈОВСКИ: За проблемите со корупција најголема одговорност носи власта и ги повикувам граѓаните да останат коректор на политиките на власта.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Владата ја усвои и даде поддршка за Концепцијата за основно образование

Владата на денешната седница даде целосна поддршка и ја усвои Концепцијата за основно образование за која во подготовката беа вклучени сите засегнати страни.

Се слушнаа и се прифатија стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации.

Како што соопшти владината прес-служба, во подготовката на документот од самиот почеток активно беше вклучен и репрезентативниот синдикат СОНК, а се одржаа низа консултативни состаноци со засегнати страни и широка јавна расправа во Собранието.

Со дел од усвоените стручни мислења, Концепцијата за основно образование во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование.

Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитувани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН, стои во соопштението.

Натаму се додава дека посебно место во Концептот на основно образование има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови.

притисни ентер