Илон Маск тргна да го освојува Марс со помош на роботи- догодина го испраќа „Оптимус“ (ВИДЕО) - Канал 5

Илон Маск тргна да го освојува Марс со помош на роботи- догодина го испраќа „Оптимус“ (ВИДЕО)

Марс долго време е опсесија за Илон Маск, сопственик на SpaceX и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, а тој конечно е подготвен да го испрати првото вселенско летало, кое го носи роботот Optimus, на Црвената планета.

Илон Маск тргна да го освојува Марс со помош на роботи- догодина го испраќа „Оптимус“ (ВИДЕО)

Ова го објави најбогатиот човек на светот на Твитер.

Малку порано Илон Маск најави дека може да ги испрати првите астронаути на „четвртиот камен од Сонцето“ уште во 2029 година, но дека е пореално тоа да се случи во 2031 година.

„Ѕвезден брод се надеваме дека ќе лета на Марс кон крајот на следната година со роботите за истражување Optimus“, напиша Илон Маск на X.

Тој веќе ја најави оваа мисија како „џиновски скок и за човештвото и за вештачката интелигенција“.

Иако сонот за луѓето да стигнат до Марс постои долго време, многу научници предупредуваат дека патувањето е многу опасно. Некои од нив дури и не веруваат дека човечкото тело може да издржи космичко зрачење за време на толку долго патување и дека бубрезите би биле првите што ќе откажат.

Оптимус е хуманоиден робот од Тесла, исто така во сопственост на Илон Маск. Името е според Optimus Prime од анимираната серија Transformers.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?..

За 48 часа ќе се знае, дали ќе има крај на едно месечната голгота на гостиварци кои во редови чекаат вода за пиење од шише? 

Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?..

Се бројат часови кога треба да се објават резултатите што треба да ги потврдат последните две испитувања дека водата од чешма може да се пие. Канал 5 дознава дека веќе од четврток граѓаните на Гостивар може да пијат вода.

„Се очекуваат да бидат во среда, значи утре после пладне и најверојтно во четвтрок ќе имаме соопштение од централниот кризен штаб како да се постапи со водата понатака“. 00.52 „Од претходните денови водата микробиолошки тестови беа чисти и дадена е наредба до јавното претпријатие комуналец да ја намали количината на разредениот хлор во водата. И во услови на намалена количина на хлорот двете мерења беа добри, што значи количината на хлорот е во рамките на дозволените количини. Зуди Џелили Кризен штаб Гостивар.

Од кризиниот штав потенцираат граѓаните да не брзаат денеска и утре се додека не добијат зелено светло од институтот за јавно здравје и агнецијата за храна дека водата е со добар квалитет за пиење. Проверките ќе продолжат и во наредниот период како и подоборување на квантитетот на водата во места каде притисокот на водата е многу слаб, објаснуваат од кризниот штаб во Гостивар.

„Ќе се презмеат сите непоходни мерки за да понатака имаме цело време чиста и квалитетна вода, од друга страна се работи да се зголеми кванитиетот на водата, еден резервоар што е во село Бањица да се пушти во употреба за да може да ги снабди четири до пет населени места кои имат мал притисок на вода“, изјави Зуди Џелили Кризен штаб Гостивар.

Кризата со водата во Гостивар е повеќе од еден месец каде над три илјади жители имаа здравствени проблеми заради загадување на водата за пиење.

Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши кои беа на раководни позиции во јавното претпријатие Комуналец добија 30 дневен притвор под сомнеини дека со одредени дејствија поврзани со системот за водоснабудвање во Гостивар овозможиле мешање на загадена вода со водата од системот за пиење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Августовскиот рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои во јуни не ја положија или не во целост ќе биде спроведен утре и на 14 август, со почеток во 9 часот..  

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови

Според податоците на Државниот испитен центар, во август за државна матура се пријавени 1 328 ученици, за стручна матура 126 и шест ученици за уметничка матура..

Утре е тестот по изборниот екстерен испит – математика или англиски јазик. За другите странски јазици – германски, француски, италијански и руски кои ги полагаат само гимназијалците за август нема кандидати, исто како и за предметот историја, кој е наменет за уметничка матура..

На 14 август е полагањето на задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик и литература..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осум пожари на отворено до 13 часот, активен пожарот кај Македонски Брод

Осум пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија до 13 часот денеска.

Осум пожари на отворено до 13 часот, активен пожарот кај Македонски Брод

Осум пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија до 13 часот денеска, од кои еден сè уште е активен,еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи..

Активен е пожарот во општина Македонски Брод, во местото Видуш, во близина на селото Драгов дол. Зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Пожар е регистриран и во Делчево, каде што горела градската депонија. Според ЦУК, овој пожар е ставен под контрола.. Во текот на денот се изгаснати уште шест пожари на отворен простор..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер