Илон Маск се закани дека ќе се откаже од купувањето на Твитер - Канал 5

Илон Маск се закани дека ќе се откаже од купувањето на Твитер

Милијардерот Илон Маск се заканува дека ќе се откаже од понудата од 44 милијарди долари за купување на Твитер.

Илон Маск се закани дека ќе се откаже од купувањето на Твитер

Маск ја обвини компанијата дека одбила да му даде информации за нејзините сметки за спам-ботови, пишува АП. Адвокатите на компанијата на Маск, Тесла, испратија писмо до Твитер, во кое тврдат дека од 9 мај, Маск постојано барал информации за да процениte колку Твитер профили се лажни од вкупно 229 милиони профили.

Акциите на Twitter Inc. денеска паднаа за пет отсто. Во писмото од адвокатите на Маск се вели дека Твитер нуди само детали за методите на тестирање на компанијата, но тие велат дека тоа е еднакво на одбивање на барањето на Маск за информации. Маск ги сака тие информации за да може сам да провери бидејќи мисли дека методологијата на Твитер е погрешна.

Врз основа на најновата кореспонденција со Твитер, Маск верува дека компанијата се спротивставува и не ги почитува неговите права на информации од договорот за спојување што го потпишаа во април, велат адвокатите. „Ова е јасно материјално прекршување на обврските на Твитер според договорот за спојување и затоа г-дин Маск ги задржува сите права што произлегуваат од него. Ова го вклучува правото да не ја купи компанијата и правото да го раскине договорот за спојување“, се вели во писмото на адвокатот. .

Параг Агравал, извршен директор на Твитер, вели дека компанијата постојано проценува дека помалку од пет проценти од профилите на Твитер се лажни. Твитер со години ги презентираше своите проценки за ботови пред Комисијата за хартии од вредност на САД и во исто време предупредува дека нивните проценки би можеле да бидат премногу ниски.

Маск како една од најактивните познати личности на Твитер има проблем со ботовите, бидејќи има многу лажни сметки кои го имитираат и промовираат измами со криптовалути. Изгледа дека Маск мисли дека таквите ботови се проблем за повеќето други корисници на Твитер, како и за огласувачите кои објавуваат реклами на платформата врз основа на тоа колку вистински луѓе ќе допрат. Експертите велат дека Маск не може еднострано да го одложи договорот, иако се однесува како да може.

Доколку Маск го раскине договорот за продажба со Твитер, можно е да плати такса од една милијарда долари, велат експертите. Маск може да го раскине договорот за продажба доколку има материјално неповолно дејство предизвикано од компанијата. Ова се дефинира како промена што негативно влијае на бизнисот и финансиите на Twitter.

Адвокатите на Маск во писмото наведуваат дека Маск не е должен да ги објаснува причините поради кои барал информации или да се согласи со новите услови кои компанијата се обидела да ги наметне. Се вели дека Маск има право на информации за бизнис моделот на Твитер за да може да се подготви за трансфер на компанијата во своја сопственост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничка

Се обидел да го пренесува нападот во живо на социјалните мрежи.

Шокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничка

Според неименувани извори, ученик во средно училиште во римската населба Ченточеле денес испрскал наставничка во лицето со спреј-бибер, а потоа ја избодел.

Наставничката добила итна медицинска помош. Иако нејзиниот живот не е во опасност, таа претрпела шок, наведуваат изворите, а пренесува агенцијата „ANSA“.

Напаѓачот, 13-годишно момче, се обидел да го пренесува нападот во живо преку својот мобилен телефон, користејќи ја апликацијата „Телеграм“.

Според изворите, друг ученик го спречил нападот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: „Шарен детски свет“ ќе го краси дворниот ѕид на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4

Во детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 4 започна изработката на муралот „Шарен детски свет“, со кој просторот наменет за најмладите ќе добие нов, креативен и весел изглед.

О. Карпош: „Шарен детски свет“ ќе го краси дворниот ѕид на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4

Автор на муралот е уметникот Драган Китановски – Драш, кој преку својата уметност ќе го збогати просторот каде што секојдневно растат, играат и учат најмладите жители на Карпош.

Во реализацијата на иницијативата денеска се приклучи и градоначалникот на

Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој на ѕидот ќе остави свој личен белег преку сопствена креација посветена на децата. Муралот има за цел да внесе повеќе боја, креативност и позитивна енергија во просторот на градинката, создавајќи пријатна и инспиративна средина за најмладите.

Општина Карпош продолжува со иницијативи за разубавување на јавните и детските простори, создавајќи средина во која децата растат со повеќе боја, креативност и радост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата во Ѓорче 2026.

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

Програмата ќе се одвива на Корзото, кај амфитеатарот и во Реонскиот парк, со музика, улични изведби, балет, хорско пеење, базар и детски работилници за посетители од различни генерации.

Вечерва, на 18 септември, програмата на Корзото и кај амфитеатарот започнува во 18:00 часот со „Баскерфест“. Во 18:30 часот ќе настапи „Ребис“ – балетско студио, а во 19:00 часот хорот „Фрида“.

Во рамките на „На Базар“, посетителите ќе можат да разгледаат што нудат поставените штандови, додека за најмладите ќе бидат организирани детски работилници.

Музичката програма на „Октоберфест“ ќе се одржи во Реонскиот парк. Во 20:00 часот ќе настапат „Суперхикс“, во 21:30 часот „Пауза за ракија“, а вечерта ќе ја заокружи DJ Галоски, со настап од 23:00 часот.

Програмата продолжува и во сабота, на 19 септември, во Реонскиот парк. The Crew ќе настапат во 19:00 часот, по што во 21:00 часот следува концертот на „Ареа“. Во 22:30 часот ќе настапат „Куку Леле“, а програмата ќе ја затворат трубачите „Левис“, со почеток во 23:30 часот.

Преку различните културни и музички содржини, „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ ја збогатуваат програмата на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ и создаваат простор за дружење и забава за сите генерации.

Настаните се во организација на Општина Ѓорче Петров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер