Илон Маск призна дека има таен профил на Инстаграм: Ми служи само за секс (ВИДЕО) - Канал 5

Илон Маск призна дека има таен профил на Инстаграм: Ми служи само за секс (ВИДЕО)

Најбогатиот човек на светот и основачот на Тесла во подкаст откри дека има таен профил на Инстаграм, а го отворил само поради сексуална жед.

Илон Маск призна дека има таен профил на Инстаграм: Ми служи само за секс (ВИДЕО)

Маск гостуваше во подкастот на популарните Јутјубери Нелк Бојс, а во интервјуто кое траеше нешто повеќе од три часа, го откри своето знаење за вонземјаните, го предизвика Путин на борба и ја предвиде третата светска војна. Меѓу другото, тој се осврна и на темата за социјалните мрежи, вклучувајќи ја и актуелната сага со Твитер и проблемот со слободата на говорот на социјалните мрежи.

Маск, кој неодамна се најде во центарот на брачна афера, откри дека има таен профил на Инстаграм кој служи како „стапица за жед“, мислејќи на објавување или барање содржини со сексуално привлечни конотации.

Станува збор за термин кој се однесува на еден вид објава на социјалните мрежи наменети за сексуално привлекување гледачи. „Жедта“ на гледачот претставува сексуална фрустрација или очај. Стапицата се поставува со намерно објавување на провокативна содржина која мами реакција на друга, заинтересирана страна. Откако ќе реагира, личноста паднала во стапицата и ја признала својата „жед“, односно неговиот интерес или очајна потреба за вас.

Маск призна дека го отворил профилот за да кликне на различни врски, но искуството не му се допаднало.

„Направив многу селфи и сра*а и си реков: „Што е тоа, човече? Зошто го правам ова?. Се работеше за тоа како да добијам повеќе лајкови и да направам селфи...“ призна милијардерот.

YouTube video

Епизодата на подкаст со Маск беше објавена на YouTube на 5 август и собра речиси седум и пол милиони прегледи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски во прва посета на Белград, Киев повторно мета на руски ракетен напад

Зеленски, кој вчера пристигна во Белград, со највисоки државни почести беше пречекан од српскиот претседател Вучиќ.

Зеленски во прва посета на Белград, Киев повторно мета на руски ракетен напад

По официјалната церемонија стартуваше разговорот меѓу Вучиќ и Зеленски, соопшти службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Посетата на Зеленски на Белград, која е прва откако тој е на чело на Украина, и разговорите со српскиот претседател се во фокусот на јавноста поради блиските релации на Србија со Русија – владата предводена од СНС на Александар Вучиќ не се приклучи кон санкциите кои ЕУ и ги наметна на Москва по стартот на инвазијата врз Украина.

Додека Зеленски е во Србија, утрово Киев повторно беше мета на жесток ракетен напад во кој загинале најмалку тројца луѓе загинаа, вклучувајќи дете. Властите кажаа дека се запалени станбени згради, автомобили и гаражи, а точниот број жртви се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ

Со итен медицински транспорт, од Турција денеска во земјава се префрла младото момче кое се здобило со тешки повреди на вратните пршлени по пад од тобоган во Кушадаси. 

Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ

Транспортот го организира министерството за здравство со владиниот авион, со придружба од специјален тим од клиниката за трауматологија. Последните информации ги има Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството

Влен бара од обвинителството јавно да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот ‘Лотарија’, па Артан Груби наскоро ќе биде пуштен од домашен притвор.

Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството

-Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува?“, прашуваат од Влен нарекувајќи го поранешниот висок функционер „црната кутија на ДУИ“ зашто поседува информации за начинот на кој во минатото се носеле одлуки и се склучувале зделки во партијата.

Од ДУИ возвратија дека токму ваквото јавно прозивање на обвинителството претставува политички притисок врз правосудните институции.

Според опозициската партија, обвинителите и судовите треба да одлучуваат исклучиво врз основа на законите и доказите, а не според барањата на политичките партии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер