Илон Маск наскоро ќе стане првиот билионер во историјата - Канал 5

Илон Маск наскоро ќе стане првиот билионер во историјата

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск е на пат да стане првиот билијардер во светот, покажува новото истражување, пишува Ladbible.

Илон Маск наскоро ќе стане првиот билионер во историјата

Овој 50-годишник моментално е најбогатиот човек на светот и има проценета вредност од неверојатни 263 милијарди долари. Со годишен просечен пораст од 129%, многу е можно за само две години да се приклучи на клуб вреден билион долари (што Американците го нарекуваат трилион долари).

Студијата, спроведена од approve.com, вели дека неговата нето вредност може да се зголеми на 1,38 трилиони долари до 2024 година, кога тој ќе наполни 52 години, што звучи неверојатно.

„Ја анализиравме нето вредноста на 30-те најбогати луѓе на светот според Форбс и ги забележавме последните шест години податоци од сегашната позиција до 2017 година. Од тие 30, ги исклучивме оние без податоци најмалку пет години и кои затоа немаа доволно податоци за пресметување“, велат од платформата approve.com.

„Потоа ја пресметавме просечната годишна стапка на раст за секој од нив во последните шест години и ја екстраполиравме за да обезбедиме проектирани податоци за следните 30 години. Од ова, предвидовме кој ќе биде првиот што ќе постигне статус на билијардер и на која возраст, “ додадоа тие.

Нивната листа на 20 милијардери кои се очекува да станат билијардери ги вклучува претседателот на Групацијата Адани, Гаутама Адани, на второто место, кој се очекува да стане билијардер во 2025 година, и Џанг Јиминг, претседател и основач на Beijing ByteDance Technology Co. , третиот кој треба да стане билијардер една година по Јиминг.

Четвртото место го делат Мукеш Амбани, претседател и извршен директор на Reliance Industries Limited, една од најпрофитабилните компании во Индија, и Бернард Арно, претседател и извршен директор на најголемата светска компанија за луксузна стока Moët Hennessy Louis Vuitton, кој би можел да им се придружи на билијардерите во 2029 година,пишува Ladbible.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еве што ги одбива мажите од девојка што им се допаднала на прв поглед

Една љубовна средба може да тече совршено, да постои неверојатна хемија, разговорот да тече непречено и сè да упатува на тоа дека работите се движат во вистинска насока, сè до еден коментар, бизарна ситуација или сосема неочекувано признание  

 Еве што ги одбива мажите од девојка што им се допаднала на прв поглед

Еден корисник на Редит, поставил прашање: „Мажи, што е она што во еден момент ве префрла од „Едвај чекам да те видам“, до „Нема шанси, што се случи“? При што коментирале стотици мажи.

Непочитување и безобразие

„Паркираше на паркинг-место за инвалиди, кое беше на мојот сосед, не сакаше да го помести автомобилот, тоа за мене беше крај“.

„Една девојка беше неверојатно безобразна со келнерот. Неколку реченици изговорени со одвратен тон „јас сум над тебе“, беше доволно сосема да се оладам“.

„Пред да ја запознаам сопругата, излегував со една девојка за која мислев дека е „онаа вистинската“. Имавме три фантастични средби, бевме на планинарење, се качувавме на карпа, трчавме заедно... На четвртата средба ја одведов во еден убав „од фарма на трпеза“ ресторан, чијшто сопственик го познавав. Мало интимно место со неколкумина вработени. Таа девојка еден од келнерите го третираше како ѓубре. Не ми се веруваше, бев ужаснат. Прекинав да се гледам со неа на паркингот, се вратив во ресторанот и се напив пијачка со сопственикот и келнерот, а на келнерката и оставив голем бакшиш. Таа келнерка сега ѝ е сестра на мојата сегашна жена.“.

„Рече дека ќе се залета и ќе скокне на мојот кауч. Ѝ реков да не го прави тоа. Сепак, скокна пред мојот цимер. А, само што го купивме каучот, кој стоеше на свежо исполиран паркет.“

„Постојано го поместуваше договореното време. Кога конечно цврсто се договоривме нешто, бев на половина пат од кафулето и таа повторно ми прати порака велејќи дека ќе задоцни десет минути. Иритантно, но во ред. Чекав дваесет минути по договореното време, без никаква порака од неа, потоа станав и си заминав. Половина час подоцна ми прати порака прашувајќи ме каде сум. Никогаш не ѝ одговорив. Не поднесувам луѓе кои не го почитуваат туѓото време.“

„Фрли ѓубре на подот од трговскиот центар. Кога ја погледнав за да го собере, ми рече: „Без гајле, ќе исчисти некој што е платен за тоа.“ Отидов во тоалет и исчезнав.“

„Еден час откако се сретнавме, ми раскажа како купувала половен велосипед од еден постар господин кој го нарече „бескорисен маж“ затоа што не се понудил да го стави во нејзиниот автомобил.“

„Отидовме на прошетка во паркот каде што имаше кафуле. Ѝ кажав дека сум гладен и дека ќе купам сендвич, ѝ понудив и нејзе. Таа рече дека не е гладна. На крајот ми проговори дека е непристојно што сум јадел додека таа не јаде“.

„На третото излегување, таа зеде кучето за да го прошета. Кога кучето се искака во нечија цветна градина, таа рече дека нема кеса. Ѝ понудив да земам, но таа збесна: „Не, остави. Во ред е, стално правам вака. Биоразградливо е.“ Тоа не беше некаде во природа, туку во нечија градина. Сепак најдов неколку марамчиња и собрав по кучето. Цело време ме навредуваше и ми префрлаше, без „благодарам“ или „извини“. Тогаш последен пат разговарав со неа.

Загрижувачки ставови и верувања

„Ми рече дека мисли оти ЛГБТ луѓето се морничави и страшни.“

„Се испостави дека е антисемитски настроена. Немам ништо против критикувањето на Израелската влада. Но, сум против верувањето дека сите Евреи се дел од некоја организирана кабала што сака да завладее со светот. Простете ми, но тешко ми е да поверувам дека Рик Моранис е дел од каква било завера.“

„Дозна дека сум земјоделец и изјави дека „фармите се загуба за земјата и треба да се претворат во предградија со убави куќи“. И додаде: „Повеќето луѓе сепак купуваат храна од маркетите.“ Тој ден ја изгубив вербата во човештвото.“

„Едно девојка ми кажа дека не верува во диносауруси. Тоа беше интересно.“

„На првиот состанок, ѝ спомнав дека неодамна ми умре мачката. Реков дека мојот Бандит ме чека сега на Небото. Ми рече дека тоа е невозможно бидејќи животните немаат души. Сметката, ве молам!“

„Во еден разговор за семејството, ѝ кажав дека имам брат со интелектуална попреченост. После тоа, најмалку пет пати го употреби навредливиот термин „ретардиран“.

„Кога зборуваше за тоа како би се откажала од сопствените деца ако се воспостави дека се хомосексуалци.“

Љубомора, контрола и чудни очекувања

„По нашата прва физичка средба, околу еден час подоцна, таа почна да ми кажува да не се дружам со ниту една од моите пријатели. Стана екстремно љубоморна и посесивна. Ѝ кажав што треба за да ја смирам ситуацијата и си заминав без борба. Повеќе никогаш не ѝ се јавив.“

„Додека бевме голи во џакузито за прв пат... таа надолго и нашироко зборуваше за сите маани на нејзиниот поранешен сопруг. Потоа гордо раскажа како го научила својот син тинејџер дека мора да го истепа секој што го почитува. На крајот, јасно ми стави до знаење, дека сака маж кој попрво би се степал отколку што би разговарал доколку некој се расправа со неа. Ѝ реков да преспие во гостинската соба и да го презакаже летот за следниот ден. Беше неверојатно токсична.“

„Запознав самохрана мајка, изгледаше фина. Кога ја прашав што работи за живот, таа рече дека е домаќинка. Кога ја прашав што планира да прави кога ќе се врати на работа. Таа рече дека не се враќа на работа; бара „вистински маж“ кој ќе се грижи за неа и нејзините деца. Јас волонтирам, одгледувам зеленчук за сиромашните, одам на лов и риболов затоа што го сакам тоа. Таа не бараше „вистински маж“. Таа сакаше банкомат.“

„Две работи: постојано сите ги озборуваше (пријателите, семејството, странци) и не можеше да престане да се жали за поранешните момчиња и колку лошо се однесувале кон неа.“

„На нашата втора средба, почна детално да зборува за платите, и за тоа чии деца во која соба да спијат кога таа ќе се всели кај мене. Тоа целосно ме олади, а добро се согласувавме. Едноставно не можев да преминам преку тоа.“

„Дознав дека има уште еден тип кој е убеден дека ѝ е дечко - биле заедно четири месеци, спиеле, си изјавувале љубов. Таа, од друга страна, мислела дека „не се во сериозна врска“ и го излажала за тоа каде се наоѓа таа вечер додека беше излезена со мене.“

„Ја однесов во луксузен ресторан и таа буквално не јадеше ништо. Нарачав вино и риба, а таа само грицна леб и тоа беше тоа. А, навистина сакаше да оди таму...“

„Ме праша колку заработувам по десет минути разговор. Си заминав.“

„Ми кажа дека нејзините родители ја принудиле да раскине со љубовта на нејзиниот живот, која била жена, па сега морала да излегува со мажи. Ѝ реков, не, благодарам

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барби ѝ оддава почит на Витни Хјустон со нова кукла

Барби ѝ оддаде почит на покојната Витни Хјустон со своја кукла. 

Барби ѝ оддава почит на Витни Хјустон со нова кукла

Таа им се придружува на голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Дејвид Боуви и Дајана Рос, кои добија своја кукла како дел од колекцијата „Barbie Signature“. Куклата изгледа исто како Хјустон во музичкото видео за „I Wanna Dance With Somebody (Who Loves Me)“ - облечена во розов, тесен фустан, шарени обетки и бели и сини потпетици, заедно со нејзините препознатливи шишки од 80-тите и долга виткана коса.

Барби ѝ оддава почит на Витни Хјустон

По повод речиси 40-годишнината од објавувањето на песната, како и нејзиниот роденден, куклата ја слави пејачката и нејзиното наследство во музиката, забавата и културата. „Музиката на Витни Хјустон е саундтрак за безброј моменти за обожавателите ширум светот“, рече Натан Бејнард, потпретседател и раководител на брендот Барби во Мател.

„Барби е горда што ѝ оддава почит на нејзиното извонредно наследство со најновото дополнување на колекцијата.“ „Оваа кукла го слави нејзиниот препознатлив стил, радост и дух. Се надеваме дека ќе им обезбеди на обожавателите значаен начин да го прослават уметникот чиј глас и влијание продолжуваат да резонираат низ целиот свет.“

Многу познати личности имаат свои кукли Барби

Куклата беше претставена на петтата годишна гала-вечер Витни Хјустон „Legacy of Love“, која е во корист на фондацијата на покојната пејачка за помагање на младите луѓе. Таа им се придружува на голем број музичари како што се Мајли Сајрус, Кајли Миног, Стиви Никс и Глорија Естефан кои исто така добија своја кукла во колекцијата. Други ѕвезди се Тина Тарнер, Елвис Присли, Елтон Џон и Хуан Габриел.

Хјустон стана еден од најпродаваните изведувачи во историјата на поп-музиката откако потпиша договор како тинејџерка. Таа стоеше зад хитови како „How Will I Know“, „Saving All My Love For You“ и нејзината изведба на „I Will Always Love You“, која се искачи на врвот на топ листите. Таа почина во 2012 година на 48-годишна возраст.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Малиот „Smart“ прикажан пред премиерата: Досегот ќе ве изненади

„Smart“ се враќа на малите автомобили, но електричниот „#2“ сега има многу поголем досег на возење.

Малиот „Smart“ прикажан пред премиерата: Досегот ќе ве изненади

Новиот градски автомобил „#2“ на „Smart“ требаше да биде претставен во октомври на Саемот за автомобили во Париз, но кинеските регулаторни документи веќе го открија неговиот изглед и технички податоци.

Моделот „#2“ го претставува враќањето на „Smart“ во сегментот на мали градски автомобили и е развиен во соработка со „Mercedes-Benz“ и „Geely“. Ќе се продава исклучиво како електричен автомобил.

Дизајнот на производствената верзија е многу сличен на концептот претставен во април. Разликите главно се однесуваат на поедноставна решетка и браници, различни светла, класични рачки на вратите и помали тркала со конвенционални гуми.

Купувачите ќе можат да изберат двобојни комбинации на каросерија, различни дизајни на тркала и дополнителни аеродинамични елементи.

Поголем, но сепак исклучително компактен

„Smart #2“ е долг 2,75 метри, што е околу шест сантиметри подолго од претходниот „EQ ForTwo“. Меѓуоскиното растојание останува речиси непроменето, додека кругот на вртење е 6,95 метри.

Автомобилот ја користи новата механичка платформа на „Geely“, „Electric Compact Architecture“, и електричен мотор од 82 КС поставен на задниот дел. Максималната брзина е електронски ограничена на 140 км/ч.

Досег 300-400 километри

Енергијата се обезбедува од „LFP“ батерија произведена од „CATL“, додека „Geely“ е одговорен за нејзиното склопување. „Smart“ наведува „WLTP“ досег од 300 километри, додека според кинескиот „CLTC“ стандард е можно да се поминат дури 400 километри.

Ова е значително повеќе од она што го нудеше претходниот „EQ ForTwo“.

Новиот модел ја поддржува и функцијата „V2L“, како и брзо„ DC“ полнење, при што батеријата се полни од 10 до 80 проценти за помалку од 20 минути.

Внатрешноста на сериската верзија сè уште не е прикажана, но се очекува дигитална инструмент табла, централен дисплеј и модерни детали познати од концептот.

„Smart #2“ ќе се произведува во Кина, а по официјалната премиера во Париз во октомври, треба да стигне до бројни светски пазари, вклучително и Европа. Цената ќе биде објавена подоцна.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер