Илон Маск на АИ фотографии се бакнува со робот: Неговата идна сопруга? (ФОТО) - Канал 5

Илон Маск на АИ фотографии се бакнува со робот: Неговата идна сопруга? (ФОТО)

По новите снимки кои го откриваат напредокот на роботот Оптимус на Тесла, кој може сам да се движи и да ги подига работите, се појавија вирални фотографии со вештачка интелигенција на Илон Маск како се бакнува со женски хуманоиден робот.

Илон Маск на АИ фотографии се бакнува со робот: Неговата идна сопруга? (ФОТО)

Корисникот на Твитер, Даниел Марвен, на својот профил објави четири фотографии со вештачка интелигенција на кои милијардерот бакнува различни женски роботи, и танцува со една од нив.

„Илон Маск ја најави идната сопруга, која е таа? Тоа е првиот произведен робот кој е специјално дизајниран со вештачка интелигенција и личноста и карактеристиките на жената за која сонува...што не се наоѓа кај ниту еден нормален човек, бидејќи, се разбира , не постои такво нешто како нормален човек кој ги има сите потребни спецификации“, се пошегува твитерерџијата, додавајќи голем број спецификации на измислениот женски робот на Маск.

„Катнила работи на соларна енергија без полнење, опремена е со сензори кои ја прават да се чувствува тажна и среќна и има избалансиран и интерактивен начин на размислување... Така може да каже дали е во криза или да зборува за своите чувства или потреби кога таа изложува каков било психолошки стрес“, напишал тој.

Твитерџија објасни дека фотографиите ги направил за „да предупреди за опасностите од вештачката интелигенција, особено откако Тесла го претстави роботот Optimus“.

На фотографиите се забележуваат некои грешки кои укажуваат дека се создадени од вештачка интелигенција. На пример, раката на еден од роботите има премногу прсти, додека рацете на другите роботи се искривени, но тоа не го спречи онлајн тимот многу да се забавува.

„Ми се допаѓа колку е напредна технологијата за вештачка интелигенција. Илон на фотографиите речиси изгледа како човечко суштество“, се пошегува некој.

„Како да не знаевме дека доаѓа“, се пошегува друг, додека трет додаде: „Новиот трејлер за Black Mirror доаѓа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња

Дали медицинската сестра што пред неколку дена му пресече дел од палецот на новороденче наместо фластерот за инфузија пак ќе работи со бебиња на ГАК ќе одлучи дисциплинска комисија составена од доктор, адвокат и синдикален претставник формирана при

Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња

Оваа комисија има рок од 60 дена да даде заклучок, потврдуваат од ГАК, а додека трае постапката, сестрата која има искуство од 20 години е суспендирана од досегашната позиција и е префрлена во млечната кујна. Таткото на бебето, Аднан Азизи за Канал 5 вели дека добил уверување дека утре ќе му биде доставена целата медицинска документација и со неа случајот и официјално ќе го пријави во МВР, а потоа ја ќе поднесе тужбата до ГАК, со цел тоа што ѝ се случило на неговата ќеркичка Лејла да не се случи на друго бебе.

-Утре ќе ги земеме. Професорот ми кажа да дојдеме во петок, утре ќе одам да ги земам сите документи, после ќе ги однесеме во МВР и потоа со адвокатот. Јас не ја знам сестрата (што му го пресекла прстот на детето), јас Клиниката ќе ја тужам, па како ќе каже судот понатаму, така ќе правиме. Јас и да ја познавам сестрата, работа со персоналот немам, имам со Гинекологија, затоа Клиниката ќе ја тужиме,- - Аднан Азизи – родител.

Поради потврдата од страна на Клиниката за Гинекологија дека повредата се случила во болница што случајот го дефинира како „несакан настан“ здравствените власти сметаат дека со формирањето на дисциплинската комисија случајот ќе биде затворен и нема да има оформување на дополнително стручно тело, бидејќи е потврдено дека станува збор за грешка.

Од вчера бебето е дома, на домашно лекување со антибиотици, а според појаснувањата тоа има пократок палец, бидејќи при операцијата била ампутирана дисталната фаланга на прстето, односно последниот коскен дел од палецот, за да може раната хируршки да се обработи и затвори. Родителите добиле насоки дека дури кога девојчето ќе наполни 15 или 16 години ќе може да се направи реконструктивна операција на пластична хирургија, со цел да се добие нормален изглед на палецот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава. 

Средба Николоски-Варнс: Потврдена посветеноста на стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на билатералната соработка

На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка

Посебен акцент на разговорот беа економската и трговска соработка, инфраструктурните проекти и нивната реализација, притоа беше потврдена ефикасната реализација на стратешките проекти од национален и регионален интерес.

Вицепремиерот Николоски додаде дека изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови.

Се разговараше и за соработката во рамките на НАТО Алијансата и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на регионот.

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија. Притоа беше истакната важноста на континуитетот на партнерските односи, заедничката посветеност на реализацијата на приоритети и продлабочувањето на соработката особено во делот на економијата и трговската размена, соопштуваат од Министерството за транспорт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?

Случаите на сексуално насилство врз деца во фокусот на јавноста по најновите информации на МВР  -  во полициските билтени се регистрирани нови кривични пријави за силување на деца кои не наполниле 15 години.

Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?

СВР Скопје поднело кривична пријава против П.Н. (47) и А.Т. (62) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Силување на дете кое не наполнило 15 години“. Според информациите од МВР, во јули 2025 година пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник.

Уште една кривична пријава е поднесена против 49-годишен скопјанец, кој се сомничи дека во февруари годинава силувал дете кое не наполнило 15 години. Повторувањето на ваквите случаи го отвора прашањето дали актуелните законски решенија и казни се доволни за заштита на децата. Па така, според адвокатот Александар Тумановски, потребно е да се посвети внимание и на временските рокови во кои треба да се завршат случаите кога силувањето врз дете го врши друг малолетник. Посочува и конкретен пример, кога случајот не добил правна завршница во законскиот рок.

-Во законот за права на децата е предвидено да се заврши постапката за година и 6 месеци, државните институции, меѓу кои и судот не успеаја во тој рок...за жал жртвата има дупла виктимизација бидејќи не се осудени тие лица, постапката заврши со запирање на таа постапка против тие лица и со тоа жртвата остана жртва без остварување на своите права,- изјави Александар Тумановски, адвокат.

Државата да биде немилосрдна и во поглед на казните за силување на деца, смета Тумановски – истакнувајќи дека покрај високи казни, треба да се разгледаат и други казнени методи, кои би биле во согласност со меѓународното право.

– Треба да се испита и меѓународната пракса во поглед на казнувањето – дали освен казнувањето се користат и други методи на казнување за таквите престапи за таквите лица кои извршуваат такви дела, така да се треба да стои во оптек за да се спречи полов напад на деца,- изјави Александар Тумановски, адвокат.

Со измените на кривичниот законик од 2014 година, се предвидуваше и хемиска кастрација за делото силување на дете, но во пракса, тој метод никогаш не беше применет. За силување дете кое нема 15 години сега се предвидени казни од најмалку 12 години, па се до доживотен затвор, а истата казнена политика е дел и од новиот предлог Кривичен законик кој допрва треба да влезе во собраниска процедура. И во актуелниот и во предложениот кривичен законик казните за силување на дете кое наполнило 15, а не наполнило 18 години се движат од најмалку 10 години, па се до доживотен затвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер