ТехнологијаИлон Маск ја смени биографијата на Твитер: Сега сум телефонски оператор за жалби Помина една недела откако Илон Маск го презеде Твитер и оттогаш владее еден вид хаос на социјалната мрежа.Новиот сопственик на Твитер најави дека ќе воведе месечна претплата за корисниците кои имаат сино знакче, а денеска започнаа масовните отпуштања. Непотврдените информации се дека отпуштил половина од вработените, односно 4. 000 луѓе. Маск, наводно, го отпуштил и тимот одговорен за спречување на дезинформации и истакнување и обезбедување контекст на објавите, дозволувајќи им на луѓето да го извлечат максимумот од Твитер без оглед на профилите што ги следат. На Твитер тоа го објави човек кој порано работел во тимот, а денес работи како новинар. Тој напишал дека сите негови поранешни колеги пријавуваат дека се отпуштени. „Ако тоа е вистина, Твитер ќе биде побучен, поопасен и помалку интересен“, додаде тој. Многу корисници го напаѓаат Маск на Твитер поради најавените потези, а според некои податоци, милион луѓе веќе го напуштиле Твитер. Новиот шеф на платформата продолжува со карактеристичните шеги на својот профил и сега ја сменил и биографијата. Неговото име на Твитер сега вели „телефонски оператор за жалби на Твитер “. Многу корисници на Твитер додаваат емотикон на стаорец до своето име. Станува збор за виртуелен протест против месечната претплата за користење на Twitter што ја воведе новиот сопственик на таа платформа, Илон Маск. Критичарите на овој потег ставаат емотикони на стаорци покрај нивните имиња наместо синиот знак кој ја докажува автентичноста на корисникот. Новиот тренд го започна популарниот стрип автор Алекс Коен. Тој ги повика своите обожаватели да се приклучат на кампањата #RatVerified, пишувајќи на Твитер: „Зошто би платил осум долари за син знак кога можам бесплатно да ставам стаорец до моето име?“ Да потсетиме дека Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари. Тој ги отпушти врвните директори и предложи нов совет за модерација на содржината со „различни гледишта“. Најголемо внимание привлече со новитетот за плаќање месечна претплата за синиот знак. Твитер на тој начин стана првата социјална мрежа која бара плаќање за автентичност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНов најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде станува „Крал“Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот.Преодниот рок влегува во својата завршна фаза, а на фудбалскиот пазар секојдневно се склучуваат интересни зделки. Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот. Реал Мадрид и РБ Лајпциг постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде. Клубот во официјално соопштение потврди дека 19-годишното крило потпишало договор со важност до јуни 2033 година. Фабрицио Романо претходно објави фотографија од Диоманде како патува за Мадрид со своите агенти, а вкупната вредност на трансферот, вклучувајќи ги и бонусите, се проценува на 140 милиони евра. Доколку се потврдат овие бројки, Диоманде ќе стане најскапиот играч во историјата на Реал, надминувајќи ги Џуд Белингем (127 милиони евра) и Еден Азар (120,8 милиони евра). Минатата сезона, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска забележа 36 настапи, 13 гола и 10 асистенции за Лајпциг, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност08:20Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачињаГодинава ќе има околу 3.000 помалку првачиња од лани, соопшти ЈаневскаВо новата учебна година ќе има над 3.000 првачиња помалку во однос на лани, што е намалување за околу 20 проценти. Овие шокантни податоци ги соопшти министерската за образование Весна Јаневска на прес-конференцијата за резултатите од полагањето на државната матура...Тагови: Весна Јаневска МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност08:20Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
СветВо напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивилиВо напад на јеменските Хути врз јужниот дел на Саудиска Арабија повредени се 11 цивили. Кралството предупреди на координирани напади од страна на Хутите и ирачките милиции поддржани од Иран.Портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен, утринава изјави дека во нападот во јужната покраина Наџран се повредени седум Саудијци, еден Јеменец, двајца Египќани и еден пакистански државјанин.меѓу жртвите е и четиригодишно дете кое претрпе изгореници од втор степен. 11 injured as Houthi DRONE strikes Najran region, Saudi Arabia — reports pic.twitter.com/mTga5FPYH0 — Forbidden News (@NewsForbiddenX) August 7, 2026 Тој ги обвини Хутите кои се сојузници на Иран, за неселективно гранатирање на цивилни области, кршејќи го меѓународното хуманитарно право и рече дека коалицијата ќе продолжи да презема сите потребни мерки за заштита на цивилите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност08:20Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04