Илон Маск е прогласен за личност на годината (ВИДЕО) - Канал 5

Илон Маск е прогласен за личност на годината (ВИДЕО)

Основачот на Tesla и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, ја одбележа годината зад нас, и со скандали и со достигнувања.

Илон Маск е прогласен за личност на годината (ВИДЕО)

Маск, кој по богатство го „надмина“ основачот на Амазон, Џеф Безос, магазинот „Тајм“ го прогласи за „Личност на годината“, кловн, генијалец, визионер, индустријалец и шоумен. А Маск е сето тоа. Зашто, признанието на Тајм не е награда, туку „признание на личноста која таа година беше највлијателна, без разлика дали за добро или зло“.

Скокот на цената на акциите на Тесла му донесе на Маск нето богатство од околу 300 милијарди долари.

Економскиот магазин „Форбс“ процени дека Маск е потенцијално најбогатиот човек во историјата, но и покрај тоа тој нема сопствена куќа, туку живее во изнајмена монтажна куќа од 34 метри квадратни, која ја изнајмува од својата компанија за 50.000 долари.

Со одлуката да го продаде целиот свој недвижен имот, Маск започна тренд во Силиконската долина - богатите да живеат како „нормален свет“.

Маск на крајот на годината на социјалните мрежи објави дека во 2021 година ќе плати 11 милијарди долари даноци, што го прави, како што вели, најголемиот даночен обврзник во историјата на САД. Со 244 милијарди долари, Маск е и најбогатиот човек во историјата.

Сопственикот на SpaceX е тесно поврзан со двете најиновативни „индустрии“ на денешницата - климатските решенија и истражувањето на вселената. Заедно со Tesla и SpaceX, ја основа и компанијата за алтернативна енергија SolarCity во 2002 година.

Своето прво богатство го собрал во раните 2000-ти со водење на PayPal, тогаш врвна технолошка компанија која подоцна ја продаде на eBay. Сепак, тој се најде во центарот на вниманието на јавноста десет години подоцна, собирајќи значителни средства за неговите поамбициозни проекти.

За некои Маск е олицетворение на милијардер на капиталистичкото општество, за други е супер негативец.

Неговите достигнувања во областа на зелената технологија во форма на електрични возила на Tesla често се натпреваруваат со неговата визија дека луѓето еден ден ќе живеат во вселената. Неговите обожаватели го гледаат како визионер, решение за проблемите со кои ќе се соочи планетата.

Богат и ексцентричен, Маск ужива во контроверзноста што ја покренува, од пушење канабис во живо на подкаст кај Џо Роган, до критикување на трансродовите луѓе, поддршка на различни теории на заговор и, на почетокот на пандемијата на Ковид, критикување на карантонот.

Кога во мај минатата година твитна дека луѓето треба да ја „земат црвената пилула“, алудирајќи на филмот „Матрикс“ каде што црвената пилула ги враќа луѓето во реалноста, многу десничари и мизогини од онлајн заедницата го сфатија тоа како покана за повторно обединување. .

Поради неговите жестоки критики за употребата на родово неутрални заменки, тој беше прогласен за трансфоб, иако постојано ја истакнуваше својата поддршка за транс луѓето.

На почетокот на пандемијата, кога сите се мачеа со карантин, Маск – реагирајќи на заклучувањата во САД, твитна „Ослободете ја веднаш Америка “. Како што растеше бројот на жртвите во тоа време, многумина ги доживеаја овие зборови како „глупави“.

Неговите коментари на социјалните мрежи ги вознемирија и акционерите на Tesla и му донесоа деловни проблеми, бидејќи во еден момент рече дека акциите на Tesla се прескапи, што доведе до нивната цена да паднат и инвеститорите да загубат илјадници долари.

Маск беше критикуван и од Светскиот фонд за храна, кога директорот на фондот, Дејвид Бисли, ги повика милијардерите „веднаш, еднаш засекогаш, да помогнат во борбата против гладта во светот“, особено споменувајќи ги двајцата најбогати луѓе во светот: Илон Маск. и Џеф Безос.

Маск веднаш одговори на Твитер, велејќи дека ако Фондот може точно да опише како 6 милијарди долари ќе го реши гладот ​​во светот, веднаш ќе ги продаде акциите на Тесла.

Што се однесува до криптовалутите, Маск сесрдно го поддржува догикоинот, а кон средината на годината заработил со биткоини, изјавувајќи дека неговата компанија нема да прифаќа плаќања во најпопуларната криптовалута во светот бидејќи нивното ископување влијае на околината. За миг, цената на биткоинот драстично падна. Кога подоцна изјави дека ќе продолжи да прима плаќања во оваа валута, цената повторно скокна.

Во текот на изминатата година, Маск објави голем број малку бизарни коментари, од фактот дека „нема доволно луѓе“ на Земјата и дека тоа може да ја загрози човечката цивилизација, до фактот дека Neuralink, неговата компанија за технологија за мозочен интерфејс, има потреба од помалку од една година дена од имплантирањето на чипови во човечкиот мозок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентската листа на прва прес-конференција: Бараат оставки во полицијата, разузнавањето, правосудството

Четири дена по изборната победа, студентите одржаа прва прес-конференција во белградскиот Пионeрски парк, од каде што побараа итни оставки во безбедносните служби, полицијата, обвинителството и јавните претпријатија. 

Студентската листа на прва прес-конференција: Бараат оставки во полицијата, разузнавањето, правосудството

Претставниците на движењето пред присутните истакнаа дека нема да се чека формирање нова влада за да се побара одговорност од челниците на државните институции.

Студентите побараа оставки од директорот на БИА, директорот на полицијата, белградскиот јавен обвинител и претседателот на Уставниот суд. Ги повикаа државните службеници да пријавуваат незаконски наредби и евентуално уништување документација во периодот на транзиција на власта.

-Студентска листа, „Студентите победуваат“ не дојде да се свети, туку да ги врати институциите на граѓаните. Не бараме политичка послушност, туку законитост, професионалност и одговорност. Секој кој го прекршил законот мора да одговара во законска постапка. Без оглед на функцијата која ја обавува,- изјави – претставник на Студентска листа Филип Вуковиќ .

Паралелно, по налог на врховната јавна обвинителка Загорка Доловац, започна контрола на работата на обвинителствата а сите 87 обвинителства добиле задолжително упатство за увид во предмети вклучително и за случаите „Настрешница“, „Звучен топ“ и „Сењак“.

Од спротивната страна, Александар Вучиќ обвини дека по изборниот пораз неговите поддржувачи се изложени на насилство и, како што рече, револуционерен терор низ Србија.

„Во изминатите 72 часа, наместо тоа, сведочиме на нескриен терор на улиците, во објектите, низ цела Србија, на вистински револуционерен терор каков што и најавуваа, а многу луѓе мислеа дека тоа е лага и дека станува збор за некаков наш трик.Никогаш во Србија, од 1945 година наваму, не се случило некој да упадне на нечија семејна слава и да спречи свештеник да прочита молитва.Ќе биде тешко. Немојте да мислите дека ова ќе трае кратко и дека ќе биде едноставно – рече Александар Вучиќ – Лидер на опозиција.

Промени веќе има и во српскиот јавен сервис РТС. Генералната директорка Мања Грчиќ поднесе оставка, а разрешена е и уредничката на информативната програма а денеска се разрешени уште осум уредници. Претставникот на студентската листа Немања Каровиќ, гостувајќи во РТС, изнесе тешки обвинувања за финансирањето на медиумите за време на власта на Вучиќ.

„Особено ми е важно да го споменам „Телеком“ како главен виновник за состојбата во медиумите во нашата земја. Тој ја монополизираше медиумската сцена. Ги користеше парите на граѓаните за да ги финансира политичките потреби на режимот, наместо навремено и објективно да ги информира граѓаните. Само да споменам дека „Информер“ добивал меѓу 500 и 700 илјади евра месечно. Тоа се нереални бројки, знаеме и зошто – изјави – Немања Каровиќ, Студентска листа.

Изборниот процес сè уште не е целосно завршен во Србија. Според Републичката изборна комисија, се очекува повторување на гласањето на околу 50 избирачки места, по што треба да бидат утврдени конечните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова потсети дека македонско-британското пријателство има длабоки историски корени, посочувајќи на заложбите на истакнати британски политичари за слободата и за правата на македонскиот народ уште кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Според неа, денес, тоа е потврдено со стратешкото партнерство како амбициозна рамка што овозможува нови инвестиции во транспортот, енергетиката и здравството.

Осврнувајќи се на безбедноста, претседателката укажа дека како сојузници во НАТО, споделуваме заедничка одговорност за зачувување на мирот и стабилноста во Европа. Таа се заблагодари за долгогодишната британска помош во реформите на одбраната и военото образование, како особено важни во амбиент на растечки геополитички неизвесности.

Амбасадорката изрази подготвеност за продлабочување на соработката со македонските институции, нагласувајќи ја важноста на владеењето на правото и демократијата.

За неа, вложувањето во младите, нивното образование и создавањето можности за нивен развој, како и унапредувањето на еднаквоста, инклузијата и зајакнувањето на улогата на жените и девојките, се клучни за градење побезбедни, попросперитетни и поотпорни општества.

Обете препознаваат широк простор за соработка во областа на културата, науката и образованието, особено преку програмите на Британскиот совет и стипендиите „Чивнинг“.

Сиљановска-Давкова ѝ посака на амбасадорката добро здравје, среќа и успех во извршувањето на дипломатската функција, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Се залагаме за сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства

Илјадници наши сограѓани треба да добијат можност да решат едно од најважните животни прашања: сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства. 

ВЛЕН: Се залагаме за сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства

За тоа се залагаме со предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, во чие поднесување учествуваат и пратениците на ВЛЕН.

Премногу долго, луѓето работеа со привремени договори и постојана неизвесност. Секојдневно ги извршуваа своите задачи, придонесуваа за работата на институциите, а нивниот статус остануваше нерешен. Зад секој таков договор стои семејство кое сака да знае дали може сигурно да го планира следниот месец, следната година и иднината на своите деца.

Тоа е историски наследен проблем. Наша обврска е да работиме на неговото решавање, наместо да го оставаме на следната генерација политичари.

Затоа го поднесовме предложеното решение за премин во работен однос на неопределено време на лицата што ги исполнуваат законските услови во опфатените јавни институции. Предлогот опфаќа различни форми на ангажман: договори на определено време, договори на дело, авторски договори, ангажмани преку агенции и други договори за извршување работа.

По влегувањето на законот во сила, институциите ќе имаат рок од 90 дена да ги склучат договорите или да ги донесат решенијата за вработување.

Предвидена е и заштита од раскинување на договорите во текот на постапката, освен при повреда на договорните обврски. Целта е луѓето да не останат без сигурност додека се спроведува трансформацијата.

Работното место не е партиска услуга. Платата не е награда за послушност. Никој не смее преку егзистенцијата на едно семејство да ја контролира слободата на човекот. Во минатото партиите си поигруваа со оваа категорија на луѓе, ние од ВЛЕН нема да ја продолжиме таа нечовечка пракса.

Никој не смее да зависи од волјата на партиите. Треба да важат законот, условите за работа и еднаквиот третман.

Како што работевме на решавањето на статусот на вработените во здравствените институции, продолжуваме да работиме и на другите наследени проблеми. Нашата заложба не завршува со поднесување документ. Ќе работиме за усвојување на предлогот и за негово доследно спроведување.

Ги повикуваме пратениците да го разгледаат одговорно и конструктивно. За прашање што ја засега сигурноста на илјадници семејства, потребни се јасни решенија и одговорност кон луѓето.

Политиката на ВЛЕН решава проблеми. Нејзиниот успех треба да се почувствува во сигурноста на семејствата, достоинството на работниците и слободата на секој граѓанин, рече Зекирја Таири од ВЛЕН.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер