Илон Маск доби дозвола за четврто лансирање на ракетниот систем Старшип - Канал 5

Илон Маск доби дозвола за четврто лансирање на ракетниот систем Старшип

Американската федерална управа за авијација (FAA) денеска објави дека ѝ издале лиценца на компанијата SpaceX за четврто лансирање на ракетниот систем Starship.

Илон Маск доби дозвола за четврто лансирање на ракетниот систем Старшип

- FAA ѝ додели лиценца на компанијата SpaceX за лансирање на Starship Flight 4. Компанијата SpaceX ги исполни сите безбедносни и други барања за лиценцирање на овој тест лет - се вели во соопштението на FAA, пренесува Reuters.

Компанијата SpaceX во сопственост на Илон Маск има намера да лансира вселенска ракета во две фази, возило долго речиси 122 метри, утрото на 6 јуни од својот космодром во Јужен Тексас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 32 загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела (ВИДЕО)

Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 беа повредени во два земјотреса, со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, кои ја погодија Венецуела утрово по средноевропско време.

Најмалку 32 загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела (ВИДЕО)

Се очекува бројот на жртви значително да се зголеми, а многумина се водат како исчезнати.

Земјотресите го погодија северниот дел на Венецуела, западно од Каракас.

Вршната претседателка Делси Родригез прогласи вонредна состојба откако два земјотреси и последователни потреси ја погодија земјата, соборувајќи згради во главниот град Каракас и на други места, и им изрази сочувство на семејствата на загинатите во обраќање на државната телевизија.

„Десетици згради се урнаа и во моментов спроведуваме многу интензивни спасувачки напори за да спасиме што е можно повеќе животи. Исто така, сакам да кажам дека ова е вистинска трагедија. Оттука испраќаме порака за солидарност и повторно изразуваме сочувство и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во овие тешки часови“, рече Родригез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПССЕ: Фокус на демократијата, вештачката интелигенција и медиумските стереотипи

Пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска остварија повеќе билатерални средби во текот на сесијата.

ПССЕ: Фокус на демократијата, вештачката интелигенција и медиумските стереотипи

Во текот на сесијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува во Стразбур и на која учествуваат Иванка Василевска, во својство на заменик-шеф и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, една од темите која предизвика големо внимание беше заштитата на демократијата од нарушувањата предизвикани од вештачката интелигенција.

Во своето обраќање на оваа дебата, Иванка Василевска истакна дека вештачката интелигенција има потенцијал да ја зајакне демократијата преку подобрување на процесот на донесување одлуки и зголемувањето на учеството на граѓаните, но, таа исто така носи ризици како што се дезинформациите, лагите и мешањето во изборните процеси. Со цел да се обезбеди вештачката интелигенција да биде од корист за општеството, таа мора да се развива и користи одговорно, транспарентно, праведно и со почитување на човековите права. Василевска нагласи дека Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција е првиот правно-обврзувачки договор кој ја регулира оваа област и информираше дека државата стана потписник на оваа значајна конвенција на 8 мај 2026 година, со што ја демонстрира својата посветеност кон етичкиот развој на вештачката интелигенција.

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, во име на партиската група на социјалистите, демократите и зелените, се вклучи во расправата за елиминирањето на родовите стереотипи во медиумите, нагласувајќи дека често во медиумите се даваат поедноставени и погрешни прикази на жените и мажите што ги зајакнуваат традиционалните родови улоги и придонесуваат за нееднаквост. Таа истакна дека жените често се прикажани како лица кои се грижат за другите, додека мажите се прикажани како силни, успешни лидери. Според Костадиновска Стојчевска, овие стереотипи ги обликуваат јавните ставови и можат негативно да влијаат врз самодовербата на децата, изборот на кариера и разбирањето на родовите улоги. Таа заклучи дека елиминирањето на родовите стереотипи во медиумите е од суштинско значење за промовирање на еднаквоста и создавање поинклузивни општества.

Пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска остварија повеќе билатерални средби во текот на сесијата, активно учествуваа во работата на комисиите и на поткомисијата за Западен Балкан, како и во специјализираните иницијативи на Парламентарното собрание, како парламентарната алијанса за слободни и фер избори, комитетот за новиот демократски пакт и други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов кинески електричен автомобил ќе се натпреварува со популарните европски брендови

„Geely EX2“ би можел да биде еден од најпристапните електрични автомобили во Европа. Во Кина чини само 9.000 евра, но не очекувајте да биде толку достапен на европскиот пазар.

Нов кинески електричен автомобил ќе се натпреварува со популарните европски брендови

Кинескиот производител на автомобили „Geely“ се подготвува да лансира нов електричен модел „EX2“ на европскиот пазар.

Станува збор за компактен градски кросовер кој треба да се натпреварува со модели како „Renault 5 E-Tech“ и „Volkswagen ID. Polo“.

„Geely EX2“ користи електричен мотор сместен на задната оска, кој развива 114 КС и 150 Nm вртежен момент.

Енергијата ја обезбедува „LFP“ батерија со капацитет од 39,4 kWh, а проценетиот досег според „WLTP“ стандардот е до 325 километри.

Моделот поддржува брзо полнење со моќност до 70 kW, што не е меѓу најдобрите резултати во својата класа, но е доволно за секојдневна употреба.

Со должина од 4,13 метри и волумен на багажникот од 375 литри, „EX2“ ќе биде најмалиот модел во европската понуда на брендот „Geely“.

Внатрешноста има два дигитални екрани интегрирани во контролната табла, во согласност со современите трендови.

Продажбата во Велика Британија треба да започне кон крајот на годината, по што моделот ќе стигне и на другите европски пазари.

Во Кина, почетната цена е околу 9.000 евра, но во Европа се очекува да чини приближно 18.000 евра поради трошоците за транспорт, царината и прилагодувањето кон локалните прописи.

Доколку овие проценки се покажат како точни, „Geely EX2“ би можел да стане еден од најпристапните електрични автомобили во Европа и сериозен конкурент на веќе воспоставените европски модели.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер