1Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)
3Избори во Шпанија: Дали Санчез ќе успее да се спаси или крајната десница се враќа во владата прв пат по Франко?
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
2Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
БалканИлјадници симпатизери на Вучиќ се собраа на марш во Белград (ВИДЕО)Во Белград денеска се одржува собир на Српската напредна партија наречена „Србија едно семејство“. Централниот настан беше организиран на платото пред Домот на народното собрание, а придружните програми започнаа претпладне. Организаторите најавуваат дека на средбата ќе бидат презентирани планови и програми за иднината на Србија. Пред присутните треба да се обрати претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Дел од улиците во центарот на Белград беа затворени за сообраќај, а колоните учесници се движеа кон просторот пред Собранието. Учесниците развија големо српско знаме, кое претходно беше најавено дека е долго повеќе од 500 метри и широко 10 метри. На митингот имаше и девојка на коњ која носеше знаме со натпис „Србија победува“, слоганот на СНС. Претседателот на СНС пристигна со моторџии на мотор Претседателот на СНС, Милош Вучевиќ изјави дека на средбата ќе се разговара за најважните прашања за иднината на Србија. Тој рече и дека наскоро ќе бидат распишани избори за кои тврди дека ќе бидат можност да се види што мислат граѓаните. Како што пишуваат српските медиуми, Вучевиќ на средбата пристигнал од правец на Палатата Србија, со мотор со група моторџии од Нови Сад. Тој во изјава за медиумите рече дека во Србија „имало доволно поделби“. Митингот се уште трае, а во останатиот дел од програмата се очекуваат клучни политички пораки, особено по најавеното обраќање на Александар Вучиќ. Студентското движење ги покани граѓаните утре на голем протест во Краљево каде повторно ќе се бараат вонредни избори. Станува збор за продолжување на бранот антивладини протести кои траат повеќе од година и половина, предизвикани од смртта на 16 лица во падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, во трагедија за која демонстрантите ја обвинуваат корупцијата и неработењето на општеството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?Британскиот крал Чарлс III и неговиот помлад син, принцот Хари, одржаа приватна средба во замокот Балморал во Шкотска, прва откако принцот се врати со своето семејство од Калифорнија во август.Средбата меѓу таткото и синот се одржа на 17 октомври, без присуство на кралицата Камила, војвотката од Сасекс Меган Маркл, принцот Арчи и принцезата Лилибет, објави британски Телеграф. Извори блиски до палатата одбија да откријат детали од разговорот, но изјавија дека двете страни ја сакаат средбата. Кралот Чарлс и војводата од Сасекс претходно се сретнаа во јули, кога беа со членови на семејството на приватен попладневен чај во Хајгроув за време на кратката посета на Велика Британија. Во меѓувреме, објавено е интервју што принцот Хари го даде во Соединетите Држави за списанието „GQ“, во кое тој рече дека „помирувањето е најважното нешто“. „Има премногу проблеми во светот за да се продолжат семејните расправии. Некои луѓе не сакаат тоа да функционира, но јас сакам“, рече принцот. Извори блиски до војводата од Сасекс ги негираа извештаите дека изјавата била упатена кон неговиот постар брат, принцот Вилијам. Војводата и војвотката од Сасекс не се поканети да го поминат претстојниот Божиќ со британското кралско семејство.Тагови: Кралот Чарлс принцот Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
СветРоденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)Роденденска забава во американската држава Кентаки се претвори во кошмар по пукањето во кое беа повредени седум лица, меѓу кои и двајца тинејџери.Полицијата го опколи Центарот за уметност „Мелвуд“ во Луисвил по пријава за пукотница во која што беа повредени неколку лица, кое се случи околу 22:40 часот. Според полицијата во Луисвил, на пукањето му претходела расправија за време на забавата. Метрополитенската полиција на Луисвил соопшти: „Она што требаше да биде вечер на прослава, за жал, се претвори во вечер на насилство. Нашите мисли се со повредените, нивните семејства и сите погодени од овој инцидент.“ Сите седум повредени се однесени во болница и се очекува да се опорават. Во моментов не се објавени информации за осомничените. Локалните истражители разговараат со сведоци и ги повикуваат сите што присуствувале на забавата да достават какви било снимки од мобилен телефон. Метју Шодвен, командант на единицата за несекојдневни пукања на Полициската управа во Луисвил, рече дека помошта од јавноста е клучна во овој момент. „Знаеме дека имало многу луѓе на местото на настанот. Бараме секој што видел што се случило, кој можеби има снимки од мобилен телефон или какви било информации што би можеле да им помогнат на нашите истражители да утврдат точно што се случило. Ги повикуваме да се јават“, рече тој. Според „Дејли меил“, пукањето во Центарот за уметности Мелвуд се случило само еден месец по друг инцидент во кој биле повредени тројца мажи. Полицијата соопшти дека нема познати врски помеѓу двата инцидента. Според градот Луисвил, од почетокот на годината имало 200 убиства или пукања што не резултирале со смртен случај. Според локалните власти, во тие инциденти имало вкупно 249 жртви. Сепак, статистиката покажува значителен пад на насилството барем од 2022 година, при што бројот на вакви кривични дела се намалува од година во година.Тагови: Кентаки пукотница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаЗијадин Села во официјална посета во Австрискиот ПарламентСредба со пратеникот Андреас Минич и градоначалникот на Корнојбург, Кристијан Геп.Почестен од гостопримството што ми ја пружи во Австрискиот Парламент, големиот пријател на Албанците, пратеникот на Австриската народна партија (ÖVP), Андреас Минич, член на Националниот совет на Австрија, воедно заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи и член на Собранието на Советот на Европа. Оваа официјална средба во еден важен ден за албанскиот народ и Албанија ја започнав со нашата благодарност за поддршката што Австрија му ја даде на албанскиот народ и држава во клучни моменти од историјата, а особено за време на државотворноста и Независноста на Албанија. Ја потенцирав важноста од продолжување и продлабочување на соработката и пријателските односи со австриската држава и народ, како еден од главните сојузници во големото европско семејство. Со г. Андреас Минич разговаравме за предизвиците што ги има Македонија на патот кон ЕУ, како единствена алтернатива и стратешка ориентација на нашиот народ. Го информирав и за случувањата во внатрешната политика, темите од значење што ги засегаат граѓаните воопшто и Албанците особено, во Македонија. Ме израдува и охрабри безусловната поддршка на пратеникот Минич и на партијата што ја претставува, со која го споделуваме истиот центар-десен ориентација и Владата на Австрија, во нашите аспирации да ја направиме нашата земја и општество демократски, европски и еднакви за сите граѓани и народи. За време на официјалната посета во Австрија, заедно со мојот колега, пратеникот на Австрискиот парламент Андреас Минич, денес ја посетивме Општината Корнојбург и бевме срдечно пречекани од градоначалникот Кристијан Геп, воедно пратеник на овој дистрикт во Државниот парламент на ландот Niederösterreich. Разговаравме за тоа како функционираат општините во Австрија и како Европа се чувствува и се доживува во секојдневниот живот, на локално ниво. Личните средби како оваа градат мостови на поврзување, искуства и модели од кои може да има корист нашата земја и регионот. Ме израдува фактот што албанската дијаспора во оваа земја напредува секој ден сè повеќе, придонесувајќи директно и во важни процеси за заедницата и земјата. – Зијадин Села, претседател на Албанската ЛигаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter