ЖивотИлјадници лица годишно се жртви на трговија со луѓеИлјадници лица годишно се жртви на трговија со луѓе, неадекватно прикажаните бројки дополнително го зголемуваат бројот на виктимизации.Илјадници поединци годишно се жртви на трговија со луѓе а неадекватно прикажаните бројки дополнително го зголемуваат бројот на виктимизации, при што најчесто жртвите се деца. Пандемијата со Ковид-19 предизвика дополнителна ранливост, а законската регулатива има недостатоци и е потребно нејзино подобрување. Ова беше истакнато на почетокот од Регионалната конференција „Заедно да се соочиме со кризата: Заштита на децата од трговија и експлоатација во Западен Балкан" која што започна денеска и ќе трае до утре во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022". Воведно обраќање на конференцијата имаше Самир Ризво, помошник министер и државен координатор за борба против трговијата со луѓе во Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, кој истакна дека БиХ и целиот Западен Балкан во моментов се соочува со големи безбедносни предизвици поради миграциите при што е присутна трговија со луѓе, а дополнителна ранливост предизвика и пандемијата и зголемувањето на онлајн искористувањето на децата по пат на социјалните мрежи. – Преку конференцијата ќе укажеме на голем број прашања на кои што треба да им се посвети внимание, со оглед дека досегашните извештаи укажуваат на континуирани пропусти во превенцијата со трговијата со децата, како и во идентификацијата на целите на одржлив развој кои се однесуваат на запирање на трговијата со луѓе и присилната работа на децата во сите облици, за што условен предуслов е заедничката работа за спречување и борба со трговијата со децата, посочи Ризво. Верена Тејлор, директор на програма на Совет на Европа, сподели дека трговијата со луѓето е домен во кој што е неопходно да се постигнат поголеми стандарди, особено кога се работи за ранливите групи. – Во просек децата го сочинуваат поголемиот број на жртвите и тука не се покажува дека се тргува со децата и на меѓународно ниво и интерно. Децата од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија претставуваат повеќето неидентификувани жртви. Ромските деца се особено ранливи особено поради сиромаштијата и општествената дискриминација, нагласи Тејлор. Таа дополни дека интенцијата на Советот на Европа е да се намали ранливоста на децата во поглед на трговијата со луѓето низ различни делувања со тоа што мониторингот е фокусиран токму во заштитата на правата на децата. Заменик шефот на Одделението за политики за организиран криминал и дрога на Eвропската Комисија, Александра Антониадис сподели што е направено до сега и кои се плановите за во иднина. – Собирањето на податоците покажува дека илјадници поединци на годишно ниво се жртви на трговија со луѓе, со тоа што овие бројки се неадекватно покажани и тоа дополнително го зголемува бројот на виктимизации, посочи Антониадис. Антониадис дополни дека еден од главните приоритети е постоечката законска рамка кој што е утврдена во Директивата за борба против трговија со луѓето и проверката на нејзината адекватност, како и да се проверат останатите недостатоци кои што би се подобриле и кон крајот на 2022 година би се пристапило кон измена на Директивата. Екатерина Дородонова, заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, сподели дека борбата против искористувањето на децата е приоритет на Унијата, а самата ситуација со пандемијата со Ковид-19 и економската нестабилност ги направи децата уште поранливи и изложени на трговијата со луѓе. – Имајќи го тоа на ум би се фокусирала на една особено загрозена категорија, тоа се децата во движење. Во изминатите три години, вкупниот број мигранти кои што доаѓаат во Бих беше околу 75 илјади, од кои 1.300 беа деца без придружба, кажа Дородонова, додавајќи дека има цела низа на предизвици за унапредување на условите за прифаќање и заштита на овие деца. Согласно собраните податоци од последните официјални статистики за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија, децата го сочинуваат мнозинството потенцијални и формално препознаени жртви на трговијата со луѓе во Западен Балкан или приближно 66 отсто во 2020 година. Најчесто причините за трговија со деца се сексуалната експлоатација, детската порнографија, присилни бракови, присилното питачење и работа. На Регионалната конференција ќе се разгледува влијанието од националните мерки во борбата против трговијата со луѓе и ќе се предложат нови подобрени сегменти за делување преку градење капацитети, координација и соработка, како и потенцирање на одржливи решенија кои ја адресираат причината за трговијата со деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај!Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски. Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За скопјани, такво место е Камениот мост. Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот. Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост. Вечерва, таа гордост повторно блеска! Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот. Уште една причина да застанеме, да погледнеме и да си кажеме, колку убаво Скопје имаме! Токму таа убавина сме должни да ја чуваме. Со посветеност, со одговорност и со конкретни дела. Секое обновено обележје е почит кон оние што ни го оставиле и влог за оние што доаѓаат по нас. Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер. Од договорена соработка до светлина што вечерва ја гледаме сите - така се гради пријателство што остава трага. Од срце им благодарам на Општина Есенлер и на Мехмет Тевфик Гоксу, на Халк Банка и Фатих Шахбаз, како и на Ајдован Адемоски, за поддршката и придонесот. Заедно испишуваме уште една убава страница во пријателството меѓу Македонија и Турција. Камениот мост опстојувал со векови. Нашата задача е да се погрижиме и генерациите по нас да го гледаат со истата љубов и гордост. За Скопје што го носиме во срцето. За Скопје што им го оставаме на нашите деца. Работиме, обновуваме и оставаме дела! Скопје се сака со дела! , објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизМотоциклот на Бетмен оди на аукција, проценет е на 1,07 милион евраМотоциклот што се користел како возило на Бетмен во филмовите „Темниот витез“ и „Враќањето на темниот витез“ е понуден на аукција за филмски реквизити.Мотоциклот што се користел како возило на Бетмен во филмовите „Темниот витез“ и „Враќањето на темниот витез“ е понуден на аукција за филмски реквизити и се очекува да се продаде за дури 900.000 фунти, или околу 1,07 милиони евра. Мотоциклот, познат како Бетпод, го користел Кристијан Бејл, кој го играл Бетмен во филмовите на Кристофер Нолан „Темниот витез“ од 2008 година и „Враќањето на темниот витез“ од 2012 година, објавува CNN. Беше ставен на аукција од куќата „Пропстор“. Режисерот и основач на аукциската куќа, Стивен Лејн, изјави дека мотоциклот, познат и како „Ѕверот“, го дизајнирал Нолан заедно со сценографот Натан Кроули, додека за неговата конструкција бил задолжен уметникот за визуелни ефекти, добитник на Оскар, Крис Корволд. Бетподот е напојуван од мотор на Хонда од 750 кубни сантиметри и е опремен со гуми со дијаметар од дури 80 сантиметри. Лејн рече дека создавањето мотоцикл што практично би можел да функционира на филмски сет е голем технички предизвик и за актерите и за каскадерите. Шест „Бетподи“ се направени, но само еден е официјално одобрен за продажба надвор од студијата „Ворнер Брос“. Онлајн лицитацијата започна вчера и ќе заврши на 4 декември за време на аукција во живо во Лондон. „Бетпод“ се продава заедно со стотици други филмски сувенири, вклучувајќи два комплетни костими на Бетмен, едниот што го носеше Бејл во филмот од 2005 година „Бетмен почнува“, а другиот што го носеше Вал Килмер во филмот од 1995 година „Бетмен засекогаш“. На аукцијата ќе бидат вклучени и шапка и кошула што ги носеше каскадерот Вик Армстронг во филмовите од 1984 година „Индијана Џонс и храмот на пропаста“ и „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“ од 1989 година, како и меч што го користеше Кит Харингтон како Џон Сноу во серијата „Игра на тронови“. Меѓу предметите е и ракавицата на Фреди Кругер, која достигна минимална цена од 25.000 фунти, или околу 30.000 евра, само неколку часа по почетокот на аукцијата. Повеќе од 100 предмети ќе бидат изложени во хотелот „Камберленд“ во Лондон од 19 до 22 ноември.Тагови: аукција Бетмен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТрагедија на Задушница во Србија: Жена палела свеќи, паднала и починала Денеска во селото Зебинце во близина на Владичин Хан се случила несреќа, по што кратко потоа починала жена, С. М. (65). Таа отишла на Задушница на гробиштата во планинското село Зебинце, објави Телеграф. Според Љиљана Петровиќ, дежурна јавна обвинителка во Владичин Хан, С. М. се лизнала додека палела свеќи на гробиштата и зграпчила споменик кој се скршил и паднал на нозе. „Пристигнала брзата помош и, како што бевме информирани, таа се пожалила на болки во грбот. Таа била пренесена од Здравствениот дом до Одделот за прием и тријажа во Врање, а оттаму во Ниш. Сепак, за жал починала на пат кон Ниш“, изјави Љиљана Петровиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter