Илиоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за поништување на лустрацијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да го поддржи законот за поништување на лустрацијата.

Пратениникот Зоран Илиоски од опозициската партија денеска во Собранието на РМ изјави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористат сите законски средства за да го спречат донесувањето на Предлог законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, во прво читање.

-Партијата на аболицираниот Зоран Заев сега прави аболиција на кодошите. Децата на кодошите си ги амнестираат своите предци, рече Илиоски.

Според него, „со СДСМ Македонија стана единствена држава во Европа во која нема лустрација на кодошите на комунистичкиот режим кои изградија цели кариери врз таа база".

-СДСМ им овозможува на десеттици кодоши кои зацрнија цели семејства, сега да добијат пари од буџетот, кој го полнат децата на некогашните нивни жртви, рече Илиоски додавајќи дека законот што го предлага СДСМ е во целосна спротивност на европските и демократските принципи.

Затоа, рече тој, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи, и морална и политичка одговорноста за кодошите мора да има./МИА

Ковачки: Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена.

За два дена од денеска, во среда се гласа.

За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво.

Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.

Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните.

Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер