Илиоски ја обедини европската и светската кик бокс титула - Канал 5

Илиоски ја обедини европската и светската кик бокс титула

Македонскиот кик боксер Бобан Илиоски ја освои титулата на Светското првенство кое се одржува во португалскиот град Албуфеира, откако во денешното финале го совлада Нурбек Уришбоев од Узбекистан со убедливи 3-0.

Илиоски ја обедини европската и светската кик бокс титула

На патот до златниот медал во категоријата лоу кик до 86 килограми Илиоски дојде со три убедливи победи од по 3-0.

Настапот на Светското првенство во кик бокс македонскиот натпреварувачот го почна со триумф во четвртфиналето над Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина, а во полуфиналето беше поуспешен од Елјан Алкишијев од Азербејџан.

Минатиот ноември Илиоски ја освои и титулата европски првак во категоријата лоу кик до 86 килограми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четврт век урбана култура: фестивалот Битола Отворен Град го одбележува своето 25-то издание

Од 24 до 27 јуни, Битола ќе го слави јубилејното, 25-то издание на фестивалот Битола Отворен Град, една од најдолговечните и најпрепознатливи платформи за современа музика, младинска култура, уметност и граѓански активизам во Македонија.

Четврт век урбана култура: фестивалот Битола Отворен Град го одбележува своето 25-то издание

Во текот на изминатите 25 години, фестивалот прерасна од локална иницијатива во важен културен простор низ кој поминаа генерации музичари, уметници, активисти, волонтери и млади луѓе. Неговото значење одамна ги надмина рамките на класичен фестивалски настан и стана дел од културниот идентитет на градот.

“Некои градови имаат фестивал. Овој фестивал има град.” - истакнуваат организаторите преку своите социјални медиуми. И додаваат… Град како сцена. Улици како културна институција. Музика како причина луѓето да се сретнат. А 25 години фестивалска историја како приказна што ги поврзува различните генерации битолчани.

Годинашното издание ќе се реализира на повеќе локации низ градот, следејќи ја идејата по која фестивалот е препознатлив уште од своето основање културата да биде видлива, достапна и присутна во секојдневниот живот на градот. Целосната програма на јубилејното издание ќе биде претставена на официјална прес-конференција во пресрет на фестивалот. Сите настани се бесплатни и отворени за публика.

По 25 години, Битола Отворен Град продолжува да ја негува истата идеја со која започна отворен град, отворена култура и простор за нови генерации. Битола Отворен Град 2026 ќе се одржи од 24 до 27 јуни на повеќе сцени низ Битола.

Организатор на фестивалот е Младински културен центар-Битола (МКЦ-Битола) со поддршка на Општина Битола во рамките на Годишната програма за култура и од партнерите и поддржувачите од бизнис секторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катерина Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК

Новоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Катерина Зајковска даде свечената изјава во Собранието со што и официјално стапува на должност во Антикорупциската комисија.

Катерина Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК

Зајковска беше избрана во Собранието со 56 гласа „за“ и еден „против“. Нејзиниот избор следува по оставката на Цвета Ристовска, со што беше испразнето едно од местата во ДКСК.

Оставката беше поднесена откако во постапка за проверка беше утврдено дека Ристовска не пријавила поврзаност на една од фирмите на нејзините синови со изборна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација

Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, најави минситерот за внатрешни Панче Тошковски.

Тошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација

Потенцираше дека ќе се заострува казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, преку измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер