Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
СветИлегалните казина ја користат видео играта Roblox за да ги навлечат децата на онлајн коцкање Истрагата на Sky News откри мрежа на нелегални казина кои им дозволуваат на децата да се коцкаат користејќи сметки на многу популарната детска игра - Roblox.Како одговор на оваа истрага, Комисијата за коцкање презеде акција против овие „криминални“ веб-страници. Нелегалните онлајн казина користат Roblox, една од најпопуларните видео игри во светот, за да ги намамат децата веќе на возраст од 12 години во онлајн коцкање, откри истрагата на Sky News. Иако овие нелиценцирани казина не се директно достапни на платформата Roblox, тие им дозволуваат на децата од сите возрасти да се најавуваат користејќи сметки на Roblox и да ги инвестираат своите виртуелни пари (Robux) на игри како слотови и блек џек. Добивките може да се повлечат во форма на криптовалути - кои потоа може да се претворат во вистински пари. Roblox е опишан како „дигитално игралиште“ од неговиот извршен директор и има околу 80 милиони активни корисници дневно. Оваа платформа е особено популарна меѓу децата - се проценува дека 42% од корисниците се под 12 години. Скај њуз разговарале со американски тинејџер кој тврди дека прокоцкал околу 15 милиони Робукс (во вредност од околу 150.000 фунти). Тој почнал да ги користи овие страници кога имал само 14 години - седум години под законскиот минимум за коцкање во неговата држава. - Мајка ми се обиде да ме спречи, но јас не застанав - рекол Роберт (името е сменето). - Едноставно ми се допадна адреналинскиот наплив на сѐ поголеми облози - додаде тој. Роберт тврди дека не знаел дека го крши законот. - Мислев дека тоа е нешто што можете да го направите за да заработите дополнителни пари. Не ни знаев што е тоа коцкање. Истрагата на Sky News се фокусирала на трите најголеми казина на Robux: BloxFlip, Bloxmoon и RBLXWild. Овие страници бележат околу 2,8 милиони посети месечно и овозможуваат коцкање во вредност од милиони фунти. Како одговор на наодите на Sky News, Комисијата за коцкање започнала итна истрага за овие казина и им забрани пристап во Британија. - Криминалците секогаш ќе се обидуваат да најдат нови начини за експлоатација на луѓето, вклучително и децата - рече главниот извршен директор на регулаторот Ендрју Родс. Скај њуз пристапи до податоците од страницата Bloxmoon, што покажува дека корисниците изгубиле вкупно 11,4 милиони долари (околу 8,9 милиони фунти) од лансирањето на страницата кон крајот на 2022 година. Валутата за виртуелна игра на Roblox, Robux, треба да се користи за купување предмети во играта како облека и дополнителни искуства. Robux се купуваат со вистински пари, обично по цена од околу 1 £ на 100 Robux. Кога корисникот креира сметка на страницата на казиното користејќи податоци на Roblox, казиното добива пристап до неговата сметка на Roblox. Некои сајтови бараат од корисниците да потврдат дека имаат над 18 години или да го внесат датумот на раѓање, но не ја потврдуваат возраста на корисникот. Потоа казиното го пренесува Robux на корисникот на друга сметка на Roblox под негова контрола. За возврат, на корисникот му се доделуваат еквивалентни чипови за коцкање на страницата за казино. Овие виртуелни чипови може да се користат за игри како рулет и блек џек. Тие можат да се претворат назад во Robux или криптовалути, кои лесно може да се заменат за вистински пари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Франција, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади, ќе ја приреди претседателот Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
ХороскопДневен хороскоп за 10. ноември 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter