ФудбалИкарди и повреден добива понуди Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди моментално се опоравува по тешката повреда здобиена на почетокот на минатиот месец, кога му беа оштетени лигаментите на коленото.Напаѓачот беше најдобар играч на Галатасарај до повредата, но следеше повреда која ќе го оддалечи долго време од терените. Сепак, тоа не значи дека Икарди е далеку од очите на фудбалската јавност и скаутите ширум Европа. Аргентинецот стана член на турскиот гигант во летото 2022 година, постигна 61 гол на 87 натпревари, а неговото евентуално заминување би било голем проблем за клубот. Икарди сака од следната сезона кога ќе се врати на терените повторно да игра во една од петте најдобри лиги во Европа, за да прифати нов предизвик во кариерата, а според шпанските медиуми, Бетис е заинтересиран да го доведе во нивните редови. Во Севиља веруваат дека неговото доведување ќе го подигне тимот на повисоко ниво, што ќе им овозможи да бидат поконкурентни против големите клубови како Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона. Икарди има важечки договор со Галатасарај до летото 2026 година, што значи дека Бетис ќе треба да плати значителна сума. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија!6- годишно момче од Кондово починало, откако со мајка му било на гости во с. Синѓелиќ На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово.На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал. Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обукција, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
ЕвропаДобринт: Во Берлин се случи исламистичко терористички напад, еден загинат и 29 повредени Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистичко терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.Нападот на Парадата на гордоста во Берлин е исламистички терористички напад, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, додавајќи дека осомничениот за нападот им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку претходни кривични дела. „Сè што гледаме укажува на исламистички терористички напад“, изјави германскиот министер на прес-конференција, според германската јавна служба за покраините Берлин-Бранденбург RBB. Според него, осомничениот Абдул Б. прво удрил во луѓето со својот автомобил, а потоа излегол од возилото и нападнал повеќе минувачи со остро оружје, најверојатно со мачета, предизвикувајќи дополнителни сериозни повреди. Добринт рече дека осомничениот претходно им бил познат на полицијата и безбедносните служби по неколку кривични дела, процес на радикализација и врски со исламистичката сцена. „Имало високо ниво на криминална активност, радикализација и припадност на исламистичка средина“, рече министерот. Тој изјави дека Абдул Б. претходно бил осуден на една година и десет месеци затвор од суд во Берлин, но дека казната била условна. Добринт изјави дека осомничениот е роден во Германија во 2005 година и имал германско државјанство по раѓање. Неговото семејство е по потекло од Либан, додека неговата мајка добила германско државјанство во 2002 година, неколку години пред неговото раѓање. Германскиот министер рече дека осомничениот е сè уште на слобода, поради што полициските активности се засилени во Берлин, како и на железничките станици, аеродромите и границите низ цела Германија. Според информациите презентирани од Добринт, во нападот се повредени 29 лица, од кои некои се сериозно повредени, додека едно лице починало. Претходните проценки зборуваа за 16 повредени.Тагови: Берлин напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКремљ со реација откако претседателот на Казахстан го шокира Путин (ВИДЕО)Кремљ го отфрли предлогот на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев Русија и Украина да ја замрзнат војната и да се вратат на преговорите. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека, „со оглед на ставот на Киев, замрзнувањето како такво е невозможно“. „Постои главен услов за нас, ние мора да ги постигнеме нашите цели“, рече Песков, одговарајќи на предлогот на Токаев даден за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Омск. На прашањето како Путин реагирал на зборовите на казахстанскиот претседател, Песков одговори дека тој детално му го опишал текот на војната, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“. „Секако дека реагираше. Детално му кажа сè за специјалната воена операција“, изјави Песков за Интерфакс. Токаев му го предложи „Истанбул 2.0“ на Путин Токаев го презентираше предлогот во саботата, додека учествуваше со Путин на 22-от Форум за меѓурегионална соработка меѓу Русија и Казахстан во сибирскиот град Омск. „Ако можам да го изразам моето скромно мислење, бидејќи ме прашаа, можеби е време да се замрзне овој конфликт и да се вратиме на Истанбулската формула 2.0“, рече Токаев, што, како што може да се види на снимката, доста го шокираше Путин. Претседателот на Казахстан рече дека со безбедносни гаранции од големите сили, вклучително и Русија, би било можно да се оди кон мир. „Ова мора да се запре“, рече Токаев, додавајќи дека млади Руси и Украинци умираат во војната и дека конфликтот им користи на противниците на двете земји. Тој исто така нагласи дека не сака да биде посредник меѓу Москва и Киев. 🇰🇿🇷🇺 Kazakh President Tokayev spoke directly to Putin about the war in Ukraine. He said young Russians and Ukrainians are dying, calling it damage to the “gene pool of the brotherly peoples,” and that the fighting must stop because it only helps their common enemies. At the… — Mario Nawfal (@MarioNawfal) July 25, 2026 Русија и Украина одржаа разговори во Истанбул кратко време по почетокот на руската инвазија во 2022 година, а разговорите беа повторно одржани во 2025 година, но без договор за прекин на војната. Песков тврди дека борбите би можеле да престанат веднаш Песков тврди дека борбите би можеле да престанат „до крајот на денот“ ако Киев ги прифати руските услови. Тој додаде дека овие услови беа изнесени пред две години во говорот на Путин во руското Министерство за надворешни работи. Русија бара украинските сили целосно да се повлечат од регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје, кои Москва ги прогласи за дел од Русија, и Украина јавно да се откаже од својата намера да се приклучи на НАТО. Киев ги отфрла овие барања и смета дека анексијата на украинските територии од страна на Русија е нелегална. Песков подоцна изјави дека ставот на Токаев за Украина е конзистентен, но дека тоа не значи дека Москва се согласува со него. Тој го нарече Казахстан еден од најблиските партнери и сојузници на Русија.Тагови: Владимир Путин Казахстан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter