Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ЗдравјеИЈЗ. Препораки до населението во ГостиварПрепораки за користење на водата и превенција на заболувања кои се пренесуваат преку вода.Агенцијата за храна и ветеринарство на 17.07.2026 година издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат следните мерки до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. Важно: До официјално укинување на забраната, водата од градскиот водовод не треба да се користи за пиење, ниту по превривање, освен ако надлежните институции не дадат поинаква препорака. 1. Вода за пиење и подготовка на храна · Не користете вода од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. · Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице на ден. · За пиење користете фабрички пакувана вода (флаширана вода). · Не користете вода од водоводот за: o подготовка на храна; o миење овошје и зеленчук кои се консумираат свежи; o подготовка на мраз; o подготовка на сокови, кафе, чај и други пијалаци. · Не користете вода од водоводот за подготовка на храна за доенчиња. 2. Хигиена на рацете · Рацете мијте ги често со сапун и безбедна вода (флаширана вода), особено: o пред подготовка и консумирање храна; o по користење на тоалет; o по менување пелени; o по контакт со заболено лице. · Доколку нема безбедна вода, користете средство за дезинфекција на база на алкохол кога рацете не се видливо извалкани. 3. Лична хигиена · За миење заби користете исклучиво безбедна вода (флаширана вода). · За туширање и капење да се користи безбедна вода (флаширана вода) или превириена вода, но да се внимава водата да не се голта. · Доколку нема безбедна вода, користете влажни марамчиња или крпи за еднократна употреба за периодот додека водата е забранета за употреба. 4. Подготовка на храна · Храната треба добро термички да се обработува. · Избегнувајте подготовка на храна која не се готви доколку не може да се користи безбедна вода. · Користете еднократни чинии и прибор за јадење за да избегнете миење. 5. Ресторани, кафулиња и угостителски објекти · да не користат вода од водоводот за подготовка на пијалаци; · да не користат вода за миење овошје и зеленчук; · да користат само безбедна вода (флаширана вода) за подготовка на храна; · машините за мраз да не се користат. 6. Градинки · децата да пијат исклучиво безбедна вода (флаширана вода); · да не се користат чешмите за полнење шишиња; · храната да се подготвува само со безбедна вода (флаширана вода). 7. Здравствени препораки Веднаш обратете се кај матичен лекар или во најблиската здравствена установа доколку се појават: · дијареја; · повраќање; · гадење; · стомачни грчеви; · покачена температура; · слабост; · знаци на дехидратација (силна жед, сува уста, намалено мокрење, омалаксаност). Особено внимание е потребно кај: · доенчиња и мали деца; · бремени жени; · постари лица; · лица со хронични заболувања и ослабен имунитет. 8. Превенција на заболувања кои се пренесуваат преку вода Небезбедната вода може да биде извор на бактериски, вирусни и паразитарни инфекции кои предизвикуваат гастроентеритиси. За намалување на ризикот: · користете само безбедна вода за пиење и подготовка на храна; · редовно мијте ги рацете; · одделувајте сирова од готова храна; · храната чувајте ја на соодветна температура; · одржувајте добра хигиена во кујната; · не споделувајте чаши и прибор за јадење со лица кои имаат симптоми на стомачна инфекција. 9. Следете ги официјалните информации Граѓаните треба редовно да ги следат известувањата на надлежните институции (Институт за јавно здравје, Центар за јавно здравје, Министерство за здравство, Агенција за храна и ветеринарство). Водата од градскиот водовод повторно може да се користи за пиење само по официјално известување дека забраната е укината и дека водата е безбедна за употреба. 10. Што да се направи кога ќе се укине забраната По официјалното укинување на забраната: · пуштете ја водата да тече 5–10 минути; · испразнете и исчистете ги апаратите за вода; · исфрлете го мразот направен за време на забраната; · заменете ги филтрите доколку производителот го препорачува тоа. ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ Со навремено почитување на овие препораки значително се намалува ризикот од појава и ширење на заболувања кои се пренесуваат преку вода. Особено внимание треба да се посвети на заштитата на доенчињата, малите деца, бремените жени, постарите лица и лицата со хронични заболувања, кои имаат поголем ризик од потешки последици при појава на цревни инфекции. - Оддел за епидемиологија на заразни заболувањаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter