3Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
МакедонијаИЈЗ: Најголем број на заболени од КОВИД 19 се на возраст од 50 до 59 годиниВкупно 37 пациенти на над 60 годишна возраст кои имале тешка клиничка слика поради коронавирусот се излечени и пуштени дома, велат за Канал 5 од Инфективната клиника. Меѓу нив има пациeнти кои се без бубрег, а и со трансплантирани органи. Сите биле хоспитализирани во клиниката за заразни болести и го прележале вирусот КОВИД 19. Најстариот пациент во земјава, кој се зарази со коронавирусот и e излекуван, е 85 годишен маж -штитеник од Домот за стари лица во Битола. Сепак, според лекарите, дел од повозрасните граѓани веќе ги чувствуваат последиците од седењето дома поради физичката нееактивност. Коронавирусот е потврден кај 287 лица, кои имале над 60 години. Најголем број на заболени од КОВИД 19, според податоците на Институтот за јавно здравје, се на возраст од 50 до 59 години, 292 случаи односно 21 отсто. Охрабрувачки се бројките на оздравени, па до вчера, излекувани се 553 пациенти, од вкупно 1 399 потврдени случаи. Според статистиката на Институтот за јавно здравје регистрирани се вкупно 65 смртни случаи, изразено во проценти 4,6 отсто. Најголем дел од нив се на возраст над 60 години. Бројот на починати мажи е повеќе од двојно поголем во однос на жените кои ја загубија битката со вирусот. 46 смртни случаи кај лица од машки, а 19 починати од женски пол. Од починатите, кај 50 (76,9 проценти) се регистрирани и други хронични заболувања. Вкупно 485 или 34,7 отсто од дијагностицираните немале никакви симптоми на КОВИД 19. Од нив, 344 или 70,9 проценти имале контакт со веќе потврден случај во државата. Коронавирусот е присутен во 27 градови низ Македонија. Најголем број на заразени има во Скопје, Куманово и Прилеп. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизТејлор Свифт и Тревис Келси донирале два милиона долариСветската музичка ѕвезда Тејлор Свифт и нејзиниот сопруг, рагбистот Тревис Келси донираа 2 милиони долари на организацијата „Answer the Call NYC“, која обезбедува финансиска помош за семејствата на полицајци, пожарникари и болничари...Светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт и нејзиниот сопруг, рагбистот Тревис Келси донираа 2 милиони долари на организацијата „Answer the Call NYC“, која обезбедува финансиска помош за семејствата на полицајци, пожарникари и болничари кои ги загубиле животите вршејќи ја својата должност. По овој гест, направен пред нивната свадба, тие добија бројни емотивни пораки на благодарност од организацијата и од семејствата на настраданите. Патриша Полимени, сопругата на покојниот њујоршки детектив Џек Полимени, изјави дека донацијата од славниот пар носи многу повеќе од само пари: – Вашата донација носи надеж, утеха и чувство на заедништво за семејствата кои се обидуваат да продолжат со животот по загубата на личност што го посветила својот живот на служење на другите. Слични пораки на благодарност упатија и Аманда Ривера, ќерката на полицаецот Вилијам Ривера, како и Алисон Гаргер, сопругата на Томас Џ. Кенеди, кој го загуби животот во терористичкиот напад на 11 септември. Извршната директорка на организацијата, Лорен Профета, потврди дека овие значителни средства ќе овозможат продолжување на неопходната помош за семејствата во Њујорк. Оваа донација е дел од поширокиот хуманитарен ангажман на парот; Тејлор Свифт и Тревис Келси досега имаат донирано вкупно околу 26 милиони долари на разни организации низ САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНови успеси за „скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина ДумаВо трка за срцето на Сараево и со награда од Ерусалим: Нови успеси за „скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума.„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното Срце на Сараево. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим. Учеството во Сараево има посебна симболика за филмот. Токму на „CineLink Industry Days“, индустриската платформа на Сараевскиот филмски фестивал, „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во 2022 година, додека сè уште беше проект во развој, ги освои наградите „Film Centre Serbia CineLink Award“ и „Female Voices CineLink Award“. Четири години подоцна, филмот се враќа во Сараево како завршено остварување и како еден од само деветте наслови во главната натпреварувачка програма за игран филм. Фестивалот ќе се одржи од 14 до 21 август 2026 година. Наградата во Ерусалим ја додели жирито во состав Исак Заблоцки, Нир Бергман и Рони Абулафија. Во образложението, жирито го истакнува комплексниот портрет на женското растење во општествено и економски ограничувачка средина и начинот на кој филмот ги прикажува дискриминацијата, општествените очекувања и односите на моќ што ги обликуваат животите на младите жени. Жирито посебно ги издвојува самоувереноста и чувствителноста со кои Дина Дума го гради светот на своите ликови, како и оригиналниот и нијансиран портрет поддржан од три исклучителни актерски изведби. Во образложението се наведува и дека филмот пристапува кон тешките теми со простор за хумор, сочувство и животност, без да нуди едноставни одговори, создавајќи „прецизно и длабоко емотивно филмско искуство што останува со гледачот долго по проекцијата“. Наградата во Ерусалим е најновото меѓународно признание за „Скејтбордингот не е за девојчиња“. Филмот ја имаше својата светска премиера на фестивалот Трајбека во Њујорк, каде што Дина Дума ја освои престижната награда „Нора Ефрон“. Филмот ја следи приказната на сестрите Адела и Зара, кои растат во средина во која економската неизвесност, семејните околности и општествените правила сè повеќе ги ограничуваат нивните избори. Нивната блискост е ставена на тест кога традиционалните очекувања се закануваат да ги разделат. Преку нивната лична приказна, филмот отвора теми за женското растење, слободата, солидарноста и правото на сопствен избор. Сценариото го потпишуваат Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска. Во главните улоги настапуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимет Абдула. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е копродукција меѓу Северна Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска. Филмт е реализиран со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Продуценти на филмот се Лабина Митевска, Себастијан Делоа, Даниел Хочевар и Вања Сремац. Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ годинава ќе биде двојно застапена на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во главната натпреварувачка програма, филмот „Мајка“ ќе биде прикажан во селекцијата „Во фокус“, каде што ќе ја има својата босанскохерцеговска премиера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТуск повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во ПолскаПолскиот премиер Доналд Туск повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во Полска, откако во таа земја, во текот на изминатите недели, се случија низа инциденти поврзани со зголемените тензии меѓу Варшава и Киев.Туск се огласи откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тројца Полјаци тепаат Украинец и неговата девојка во Вроцлав, наводно по расправија во продавница, пренесува Ројтерс. Двајцата напаѓачи се уапсени во вчера. „Секој што врши такви грозоморни дела постапува директно спротивно на интересите на Полска. Вие работите против Полска, во корист на Русија и во корист на полскиот и украинскиот национализам“, изјави Туск на седницата на владата. Според агенцијата, иако Варшава останува цврст поддржувач на Киев, Украинците што живеат во Полска во последниве години се соочуваат со зголемено непријателство од јавноста, бидејќи почетниот бран на сочувство по избувнувањето на конфликтот во Украина отстапи место на заморот од бегалците. Односите се затегнати и поради одлуката на Украина да именува воена единица по група националистички бунтовници од Втората светска војна – кои во Украина се почитувани поради борбата против нацистите и Советите, но кои во Полска учествувале во масакри врз Полјаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook