Игор Стефановски Иџе на подиум во Австрија - Канал 5

Игор Стефановски Иџе на подиум во Австрија

Игор Стефановски Иџе трката во Австрија од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја заврши на подиум. 

Игор Стефановски Иџе на подиум во Австрија

Иџе го освои третото место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе изминатиов викенд во новиот ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ја возеше втората трка во Австрија. Легендарната патеката Рехберт важи за една од најценетите и најстари патеки во Европа. Иџе во првото возење беше четврти, во втората трка направи второ најдобро време на патеката, а овој резултат му обезбеди трето место во генералниот пласман.

„Трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи на легендарната патека Рехбер во Австрија, во конкуренција со над 250 натпреварувачи од цела Европа. Ова е силен успех. Успеавме да се искачиме на подиум во исклучително моќна конкуренција. Благодарен сум на целиот тим и особено на тимот на Ферари, кои со своите нагодувања го направија мојот автомобил перфектен за оваа трка. Тешко е навистина да се натпреварувате против возачи чии возила имаат повеќе од 1.000 кс и погон на сите 4 тркала. Секако, искуството кое го стекнав низ годините во кои се натпреварувам, ми овозможи да им парирам на овие „тркачки ѓавол и секогаш да се борам за висок пласман. Благодарност до моите спонзори и Министерството за спорт за несебичната поддршка на патот кон големите успеси, како за мене, така и во претставувањето на нашата земја“ изјави Стефановски.

Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1. ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, годинава има 11 трки, од кои две се завршени.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му го честита успехот и на оваа неверојатна трка. И во следните 9 трки од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), ќе бидеме дел од неговиот тим. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јапонија: Најмалку 37 повредени по силен земјотрес

Во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, што рано наутро ја погоди источна Јапонија, според прелиминарните извештаи, повеќе од 40 лица се повредени во Токио и во соседните префектури, соопштија денеска локалните власти.

Јапонија: Најмалку 37 повредени по силен земјотрес

Според локалните противпожарни служби, повеќе од 20 лица се повредени во земјотресот во градот Саитама, северно од Токио, девет се повредени во Канагава и четворица во префектурата Чиба, објави Кјодо.

Водоводна цевка пукна во областа Кото во Токио по земјотресот, што ги натера градските власти да истражат дали штетата е поврзана со земјотресот. Земјотресот што се случи во 2 часот по полноќ, чиј епицентар беше во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од 68 километри, не предизвика цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Поаѓањата на некои железнички линии беа одложени по земјотресот, додека некои возови сообраќаа со намалена брзина. Операторот на линијата Кејсеи, која го поврзува Уено во центарот на Токио со аеродромот Нарита во префектурата Чиба, источно од Токио, рече дека поаѓањата на возот се вратиле во нормала по 9:40 часот по локално време. Некои експресни услуги со кои управува железницата Тобу останаа суспендирани.

По земјотресот не се забележани нарушувања во нуклеарната централа Токаи бр. 2 во префектурата Ибараки, ниту во нуклеарната централа Фукушима Даичи и блиската електрана Фукушима Даини во североисточна Јапонија, рекоа нивните оператори.

Јапонската премиерка Санае Такаичи на социјалните мрежи објави дека им наредила на официјалните лица да го утврдат степенот на штетата од земјотресот и навремено да ја информираат јавноста.

Метеоролошката агенција ја повика јавноста да остане на будност за земјотреси со јачина од 5 степени по сеизмичка скала во текот на наредната недела, особено во следните два до три дена. Земјотрес од 5 степени, на сеизмичка скала од 0 до 7, агенцијата го дефинира како земјотрес што предизвикува страв и потреба повеќето луѓе да се држат за нешто стабилно, додека предметите може да паднат од полиците.

Земјотресот што се случи утринава беше почувствуван во поголемиот дел од земјата, особено на североистокот и во централна Јапонија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе

Под контрола се ставени двата големи пожари што денеска беснееа на истокот од земјава, кај Бигла делчевско и во околината на Пехчево, кон бугарска граница. 

Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе

Првиот човек на ДЗР Стојанче Ангелов попладнево се сретна со градоначлниците на двете општини. Тие информираа дека во справувањето од пламените јазици и во Бигла и кај Пехчево се употребени сите расположливи ресурси: трите ер-трактори, тешка механизација, а на терен ангажирани биле над 300 луѓе - локалните пожрникари, доброволци и месно население, со цел да се спречи загрозување на домовите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чамец потона кај Тунис: Осум мигранти пронајдени мртви

Телата на осум мигранти се пронајдени откако чамец потона кај брегот на Тунис, додека уште се трага по шест други. Еден преживеан беше спасен по 48 часа на море.

Чамец потона кај Тунис: Осум мигранти пронајдени мртви

Се вели дека крајбрежната стража, војската и тимовите за цивилна заштита, поддржани од два хеликоптери, продолжуваат со потрагата по исчезнатите мигранти, објави Ројтерс.

Чамецот, кој превезувал 15 претежно млади луѓе, испловил рано во четврток и потонал кај брегот на Тунис, а вчера е спасено само едно лице, изјави претходно раководителот на група за права на мигрантите.

Преживеаниот талкал по море 48 часа пред да биде спасен од трговски брод.

Сите мигранти на чамецот што потона беа од регионот Бен Гердан во југоисточна Тунис, а десетици млади луѓе се собраа доцна во саботата во градот во близина на либиската граница за да побараат од властите да ги забрзаат операциите за пребарување, а полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.

Централномедитеранската рута од северноафриканскиот брег е една од најсмртоносните миграциски рути во светот, која ја користат мигрантите од Африка и Блискиот Исток кои се обидуваат да стигнат до Европа, честопати во преполни или неисправни чамци.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер