Иги Азалеа годинава заработи рекордни 48 милиони долари од разголени снимки на OnlyFans (ФОТО)

Од Бела Торн и Карди Би, до Кети Прајс и Дри де Матео од серијата Sopranos, има многу ѕвезди на OnlyFans, еротска платформа која беше основана во 2016 година.

Иги Азалеа годинава заработи рекордни 48 милиони долари од разголени снимки на OnlyFans (ФОТО)

Но, кој заработи најмногу оваа година? Можеби ќе бидете изненадени од она што го откри извештајот на LELO.

Поранешната девојка на Канје Вест, Амбер Роуз моментално е на петтото место и досега има заработено импресивни 26 милиони долари на платформата (каде што наплаќа месечна претплата од 5 долари).

Поранешната ѕвезда на Дизни, Торн заработи 32 милиони долари.

На третото место е Блек Чајна, која откако наплатуваше 19,99 долари месечно за гледање содржини, заработи 35 милиони долари - но ја деактивираше својата сметка во март.

На второ место е раперката Карди Би, која неодамна заработи дополнителни 10 милиони долари, со што нејзината вкупна заработка достигна неверојатни 45 милиони долари.

На прво место е австралиската раперка Иги Азалеа - која две години нема издадено нова музика.

Раперката досега заработила 48 милиони долари на OnlyFans, а тоа го направила за помалку од една година откако го отвори својот профил. 33-годишната раперка се приклучи на платформата дури во јануари, додека, на пример, Карди Б е на OnlyFans од 2020 година.

Други познати личности кои се на врвот на листата богати на OnlyFans се Тајга, Крис Браун и Остин Махон.

Зборувајќи за тоа кога се приклучи на OnlyFans претходно оваа година, Иги (вистинското име Аметист Амелија Кели) рече дека не знаела дека може да биде толку креативна на платформата. „Да се ​​признае, никогаш не знаев дека OnlyFans е место каде што можам да бидам креативна, па не очекував дека ќе работам со нив на мојот најголем проект досега“, изјави таа за Variety.

„Откако навлегов подлабоко во тоа што значи да се има OnlyFans, сфатив дека тоа е совршена платформа за лансирање на мултимедијален концепт“, додаде таа.

Сообраќајка на Илинденска

Голема сообраќајна несреќа на булеварот Илинденска. 

СООБРАЌАЈКА

Поради сообраќајната несреќа која се случила пред УСО Орце Николов сообраќајот на оваа фреквентна сообраќајница во Скопје се одвива по една лента, бидејќи лентата во која се случила сообраќајката во правец кон Центар е во прекин.

Засега нема информации за повредени лица.

УКИМ и универзитетските единици донираат 3.800.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), заедно со сите единици, донира 3.800.000 денари на Црвен крст на Република Македонија, наменети за финансиска помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

УКИМ и универзитетските единици донираат 3.800.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани

-Трагичниот настан што одзеде голем број животи предизвика огромна болка во целото наше општество, која никогаш нема да биде надмината. Во овие тешки моменти, кога голем број семејства изгубија синови и ќерки и кога огромен број млади луѓе закрепнуваат од тешките последици што ги предизвика огнената стихија врз нивното здравје, од исклучителна важност е да бидеме солидарни и да помогнеме за барем малку да го олесниме нивното закрепнување, наведуваат од УКИМ.

Од Универзитетот им посакуваат на сите повредени од пожарот што настана во дискотека во Кочани, поскоро враќање во нивните домови во стабилна здравствена состојба.

-Се случи трагедија од огромни размери и ние, како институција чија дејност е посветена токму на младите луѓе, изразуваме голема надеж дека случајот ќе има скорешна разрешница од страна на надлежните институции и дека правдата ќе биде задоволена, со што, барем малку, ќе стивне општествената тага, истакнуваат од УКИМ.

Од Универзитетот изразуваат верување дека одделените финансиски средства ќе помогнат во овие тешки моменти, а посветеноста дека ќе го докаже единството на македонското општество.

Муртезани и Рокас: Планот за раст и реформите носат конкретна европска перспектива

Планот за раст и реформите носат конкретна европска перспектива за граѓаните и економијата.

Муртезани и Рокас: Планот за раст и реформите носат конкретна европска перспектива

Денес, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, одржаа заедничка прес-конференција на која ги презентираа главните аспекти од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Македонија.

Амбасадорот Рокас ја нагласи силната поддршка од Европската Унија преку конкретни финансиски и стратешки мерки кои ќе овозможат забрзување на реформите, подобрување на социо-економските услови и приближување на Македонија кон членството во ЕУ.

Министерот Муртезани се осврна на значењето на јасната, транспарентна и ефективна комуникација со граѓаните, претставувајќи го Планот за комуникација и видливост на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024 - 2027 на Македонија. кој е наменет за зголемување на довербата во реформските процеси и поголема видливост на конкретните придобивки од евроинтегративниот процес.

Обраќање на МЕП Муртезани:

Почитуван амбасадоре Рокас,

Почитувани претставници на медиумите,

На почетокот, би сакал да упатам благодарност до евроамбасадорот Михалис Рокас, не само за неговото присуство овде денес, туку и за континуираната поддршка и одличната соработка што ја имаме со Делегацијата на Европската Унија во секојдневната работа на Министерството за европски прашања, вклучително и во процесот на подготовка на овој важен План за комуникација и видливост на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024 - 2027 на Македонија.

Како што имав прилика вчера да истакнам на работилницата организирана од Министерството за европски прашања, посветена токму на овој План за комуникација и видливост: добро осмислената и спроведена комуникација не е само формален чекор или административна задача. Напротив, комуникацијата е клучот за успешноста на реформите. Јасноста, транспарентноста и разбирливоста се предуслов граѓаните да почувствуваат дека реформите се нивни и дека европската интеграција не е далечен и апстрактен концепт, туку конкретна опиплива можност за подобар живот.

Преку овој План, граѓаните ќе можат јасно да ги согледаат конкретните резултати и ефекти на реформите - од подобрување на деловното окружување и отворање нови работни места, до поголема економска конкурентност и зајакнати демократски институции. На овој начин, Планот не само што ќе ја зголеми видливоста на активностите што ги реализираме со помош на ЕУ, туку и ќе ја засили довербата на граѓаните во реформскиот процес и во самата европска иднина на нашата држава.

Планот за комуникација и видливост, создаден со силна поддршка и во тесна координација со Делегацијата на Европската Унија, претставува стратешки документ. Тој е политичка порака дека Македонија сериозно и одговорно чекори напред кон својата европска иднина. Планот е зацртана смерница и јасна определба за транспарентност, отвореност и одговорност кон сите наши граѓани. За да го постигнеме тоа, овој План има три јасни и важни столбови:

1. Првиот е лесниот пристап до јасни и точни информации. За таа цел, ќе креираме специјализирана онлајн платформа, која ќе биде централна точка за следење на сите активности, напредок и резултати од реформите. Оваа платформа ќе обезбедува транспарентност и ќе овозможи директна комуникација помеѓу институциите и јавноста.

2. Вториот елемент е активното вклучување на граѓаните и сите релевантни засегнати страни во процесот на реформите. Преку јавни настани, дискусии и медиумски кампањи, ќе овозможиме двонасочна комуникација што ќе поттикне отворен дијалог и ќе изгради силно партнерство меѓу институциите и граѓаните.

3. Третиот столб е препознатливоста и конзистентноста во комуникацијата преку единствен визуелен идентитет. Со развој на јасно лого, шема на бои и визуелен бренд, ќе обезбедиме дека секоја активност поврзана со реформите и Планот за раст е лесно препознатлива и ја носи пораката за нашите заеднички европски вредности и цели.

Активностите поврзани со овој План се структуриран во три фази: прво ќе ја градиме свеста за реформите и можностите што ги нуди Планот за раст; второ, ќе ги покажеме конкретните резултати преку успешни приказни на граѓаните, бизнисите и институциите; и конечно, во третата фаза ќе ги оценуваме нашите комуникациски активности и ќе ги прилагодуваме според вашите очекувања и потреби.

Овој План не е само за комуникација и видливост, тој е план за доверба и заедничка европска иднина. Денес, упатуваме јасна порака дека реформите се наш заеднички предизвик и заедничка одговорност. Владата не треба да чекори сама на европскиот пат, туку заедно со своите граѓани, со силна поддршка и доверба во Европската Унија и со визија која ги надминува моменталните предизвици.

Суштината на овој План е во комуникацијата, разбирањето и внимателното планирање. Нашата цел е не само да информираме, туку и да инспирираме доверба и активно учество на сите во процесот на европска интеграција. Оваа доверба се гради преку јасна и транспарентна комуникација која е разбирлива за сите - од студентите и младите до бизнис заедницата, медиумите и креаторите на политики.

Орхан Муртезани

притисни ентер