ИФИМЕС: Дали Македонците повторно ќе бидат на вистинската страна на историјата?

ИФИМЕС – Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии со седиште во Љубљана

Парламентарни избори 2020: Дали Македонците повторно ќе бидат на вистинската страна на историјата?

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија ќе се одржат на 15 јули 2020 година. Изборите првично беа закажани да се одржат на 12 април 2020 година, но беа одложени поради пандемијата предизвикана од „Ковид-19" вирусот.

Според пропорционалниот систем, на изборите за македонскиот парламент (Собрание) се избираат 120 пратеници. Нешто помалку од 1,8 милиони гласачи имаат право на глас. Двете водечки политички партии кои повторно ќе се соочат на овие избори се: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ – владејачката Социјалдемократска партија) и ВМРО-ДПМНЕ (опозициската конзервативна десничарска партија). Постојат и други помали партии, како што се Демократската унија за интеграција (ДУИ – владејачката етничка албанска партија), Алијансата за Албанците (опозициската партија на етничките Албанци), партии на малцинствата како Турците, Ромите, Бошњаците, Србите и други, кои традиционално ќе имаат свои претставници во македонскиот парламент.

Граѓаните повторно пред изборот Заев или Груевски?

Парламентарните избори претставуваат шанса за продолжување на промените во Република Македонија, кои започнаа со формирање на новата коалициона Влада на Република Македонија на 31.5.2017 година, предводена од премиерот Зоран Заев (СДСМ).

Парламентарните избори во Република Македонија се нестандардни избори за обете страни на политичкиот спектар (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), затоа што постои политичка борба помеѓу демократијата и авторитаризмот, односно меѓу граѓанскиот и/или етничкиот карактер на Македонија. Тоа е повторно избор помеѓу „антиката и иднината".

Парламентарните избори се можност да се нанесе крајниот удар на дуото Никола Груевски (ВМРО-ДМПНЕ) – Сашо Мијалков (ВМРО-ДПМНЕ), кои се директно одговорни за нелегалното прислушување на повеќе од 26.000 граѓани и нелегалното изнесување на повеќе од пет милијарди евра од земјата. На ова може да се додадат нерешени убиства или физички ликвидации од периодот на нивното владеење и бројните меѓуетнички инциденти, кои не се забележани во оваа мултиетничка земја на Западен Балкан во изминатите три години.

Затоа, според аналитичарите, парламентарните избори претставуваат конфронтација меѓу Зоран Заев (СДСМ) и Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), кој ја спроведува предизборната кампања од Будимпешта со логистика и поддршка на најмалку четири други земји, кои го дадоа својот безбедносен и разузнавачки апарат и неограничени ресурси, за соборување на сегашната власт во Македонија, предводена од СДСМ и Зоран Заев.

Де-Груевизацијата на Република Македонија е долготраен процес на демонтирање на тој режим, кој е навлезен во сите сегменти на македонската држава и општество. Груевски сè уште има сериозни намери да се врати од Унгарија во Македонија „на бел коњ" и да стане премиер на земјата. Груевски е единствениот и вистински кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за премиер на Република Македонија и единствениот противкандидат на Заев.

Иако ВМРО-ДПМНЕ треба да биде националистичка партија, тие немаат повеќе конкретни ветувања во нивната сегашна политичка агенда. Тие ниту јасно го соопштија поништувањето на Преспанскиот договор или на Охридскиот рамковен договор. Не е најавена еднострана промена на името на државата, како што често се ветува реторички, дури ниту промена на името за внатрешна и/или надворешна употреба. Ваквата политика не е препознатлива и не претставува практика што навистина би потсетувала на вистинската ВМРО-ДПМНЕ од пред 20 или 30 години. Затоа постарите членови на ВМРО-ДПМНЕ ја нарекуваат оваа партија денес "втора СДСМ". Поради тоа со ваква слаба реторика ВМРО-ДПМНЕ не е во можност да се консолидира и да ги привлече дири ни своите избирачи а камо ли нови гласачи. Сегашната ВМРО-ДПМНЕ не е прв избор ниту за членовите на ВМРО, кои изразуваат загриженост и повторно стравуваат од директен судир со најголемите западни сили како САД, Велика Британија и Германија, кои јасно кажаа НЕ на ваквата дестабилизирачка политика на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е особено видливо сега кога се влезе во последната фаза од дијалогот меѓу официјалниот Белград и Приштина и кога станува збор за решавање на политичката состојба во Босна и Херцеговина. Никој сега не сака да ја дестабилизира Македонија и регионот.

Договорот од Преспа е удар за македонските непријатели

Со Договорот од Преспа, Зоран Заев и Алексис Ципрас ја поразија доктрината на Слободан Милошевиќ и Константин Мицотакис, помогната од одредени македонски политички партии, според кои постоењето на Македонија како држава не било предвидено. Целосното членство во НАТО го исполни вековниот сон на Македонците и другите граѓани да имаат своја држава, чиј територијален интегритет и суверенитет е загарантиран од најголемата и најсилната воена алијанса во светот – НАТО. Со тоа се поразени големодржавните проекти кои ја вклучуваа или има аспирации спрема Македонија.

Али Ахмети е многу сличен политичар на Драган Човиќ од ХДЗ БиХ

Прв пат од осамостојувањето и на македонската политичка сцена, беше формирана предизборна мултиетничка коалиција, во која заедно се етнички Македонци и Албанци, како и други граѓани на таа држава. Коалицијата на СДСМ и албанската политичка партија БЕСА е знак на напредок и политичко созревање на македонското општество.Сегашната Влада на Република Северна Македонија е „нарушувачки" фактор на сите непријателски сили на Македонија, бидејќи нејзините активности се засноваат на поврзување преку парадигмата „Едно општество за сите" и „Влада за граѓаните". Формирањето предизборна коалиција на СДСМ и БЕСА е последица на таквата политика и визија награѓански концепт на државата.

Затоа претседателот на ДУИ,Али Ахмети ги интензивираше своите контакти и ги координира активностите со Никола Груевски, со кого има 11-годишно политичко и криминално минато за да им овозможи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повторно да формираат македонска коалициска влада. Затоа, гласањето на претстојните избори за ДУИ, всушност, ќе биде глас за ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

ДУИ наликува на босанската испостава на ХДЗ предводена од Драган Човиќ. Аналитичарите сметаат дека политичките активности на Али Ахмети и ДУИ се слични на политичките активности на Драган Човиќ и на Хрватската демократска заедница на Босна и Херцеговина (ХДЗ БиХ), кои секогаш одат со максималистички барања, односно одбрана на „нивната" етничка заедница на Албанците и босанските Хрвати поради друг скриен интерес претежно криминален. Последиците од таквата политика е што бројот на Албанците и Хрватите со вакви политики е преполовен и тие ја гледаат својата иднина во странство. Ахмети и Човиќ се презентираат пред јавноста како носители на европскиот пат и европските вредности, а во основа, покрај криминалот, станува збор за промоција на најтемните европски вредности, кои се поврзани со поразените идеологии на Втората светска војна, како фашизмот и слично.

Претстојните парламентарни избори во Република Македонија се важни за обете страни на политичкиот спектар (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), затоа што постои политичка борба помеѓу концептите за минатото и иднината и затоа е важно Македонците да бидат на вистинската страна на историјата на претстојните парламентарни избори. Да бидат посветени на иднината на нивната земја и нејзините граѓани. Претстојните парламентарни избори се клучни за Македонија, дури и за регионот на нејзиниот пат кон евро-атлантска интеграција, бидејќи сегашната македонска влада покажа дека е лидер и носител на реформскиот процес во регионот.

Аналитичарите предупредуваат на безобразноста на националистичкиот концепт и националистичката политика во мултиетничка држава како Македонија, а тоа се покажа за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во периодот од 2006 до 2017 година. Затоа овие парламентарни избори се избор помеѓу „Запад и Исток" и избор помеѓу два различни системи на вредности. Овие парламентарни избори не се обични избори, туку продолжение на парламентарните избори и политичките промени и процеси кои започнаа на 11 декември 2016 година, кога се одржаа предвремени парламентарни избори, што доведе до соборување на режимот на Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) и воспоставување на новата владејачка коалиција, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

„Мини Шенген" дополнителна шанса за развој на Македонија

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев (СДСМ), претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ (СНС) и премиерот на Албанија Еди Рама (ПС) потпишаа Декларација за намери за воспоставување „мини Шенген" меѓу трите земји во Нови Сад на 9 октомври 2019 година. Заедничката декларација предвидува отстранување на граничните контроли и другите бариери за полесно движење во регионот до 2021 година, што ќе им овозможи на граѓаните да патуваат само со лична карта, како и да најдат работа каде било, доколку имаат сертификат за нивните квалификации. Декларацијата предвидува и признавање на дипломи, како и подобра соработка во борбата против организираниот криминал и помош во случај на природни непогоди (поплави, земјотреси, пандемии и сл.).

Потпишаната декларација треба да му помогне на целиот регион на Западниот Балкан да функционира врз база на четирите клучни слободи на Европската унија- слобода на движење на капитал, добра, услуги и луѓе. Иницијативата е отворена и за Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Уште однапред беше истакнато дека споменатата иницијатива не претставува замена или алтернатива за членство во ЕУ на земјите од регионот.

Аналитичарите сметаат дека иницијативата за подобрување на соработката помеѓу шесте земји на Западен Балкан (Србија, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово), популарно наречена „мини Шенген" најважната иницијатива од распадот на СФРЈ и не е повлекување од членство или алтернатива за членство во ЕУ туку унапредување и забрзување кон евроинтеграциите. Оваа иницијатива претставува еден вид Бенелуксација на регионот, по примерот на трите држави на Бенелукс: Белгија, Холандија и Луксембург, кои го потпишаа Договорот за формирање на Царинската унија на Бенелукс во Лондон во 1944 година, кој беше имплементиран во 1947 година. Основањето на оваа заедница во голема мерка го охрабри формирањето на Европската унија.

Најголема корист од мини Шенген за Македонија

Студиите и пресметките покажуваат дека на почетокот Македонија би имала најголема корист од оваа иницијатива, по што следат Албанија и Србија. Аналитичарите сметаат дека „мини Шенген" е замислен, така што земјите од регионот би биле далеку поуспешни во справувањето со пандемијата „Ковид-19", затоа што недостатокот на врски и регионалната соработка се покажа како катастрофален за граѓаните и заштитата на нивните животи. /МИА

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

притисни ентер