Иднината е тука: „Hyundai“ го претстави концептот на летечко такси - Канал 5

Иднината е тука: „Hyundai“ го претстави концептот на летечко такси

„Hyundai“ го претстави својот нов концепт за воздушно такси, „S-A2“, на „CES 2024“ во Лас Вегас.

Иднината е тука: „Hyundai“ го претстави концептот на летечко такси

Електричното возило за вертикално полетување и слетување (eVTOL) е наследник на моделот „S-A1“ кој беше претставен на истиот настан во 2020 година.

„Hyundai“ го замислува „S-A2“ како секојдневно урбано транспортно решение кое би можело да ги доведе патниците од точката А до точката Б многу побрзо отколку со автомобил или автобус.

Поточно, „S-A2“ има брзина на летање од 195 km/h на надморска височина од 450 метри. Тој е дизајниран да лета на кратки патувања, помеѓу 40 и 65 километри.

Внатре има доволно простор за пилотот и четворица патници, а има и осветлување кое дава визуелни знаци, како што се известувања за влез и излез. Од безбедносни причини, има и дополнителни компоненти кои всушност служат како резервна копија доколку примарните не успеат.

Засега планот е со ова возило да излезе на пазарот до 2028 година, а веројатно до тогаш ќе наидеме на концепти на следните „CES“ настани.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф.

Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок.

Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО)

Словенскиот премиер Јанез Јанша денеска одржа говор на државната прослава на Денот на суверенитетот во Копер, но за време на неговото обраќање постојано беше прекинуван од свирежи и извици на демонстрантите. 

Демонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО)

Поради напнатата атмосфера, полицијата исто така мораше да интервенира, пишува N1 Словенија.

Демонстрантите се собраа на плоштадот Укмарје, каде што се одржа централната државна прослава. Полицијата ги предупреди да не го прекинуваат настанот, а на снимката се гледаат неколку вербални конфликти меѓу демонстрантите и граѓаните кои дојдоа да ја поддржат прославата.

Јанша зборуваше за „изгубените можности“

Јанша во својот говор рече дека словенечката независност е резултат на долгогодишна борба за јазикот, идентитетот и опстанокот на народот. Тој рече дека по независноста, Словенија е на добар пат да стане „уште една Швајцарија“, но дека следеле години пропуштени можности.

„Словенија денес е безбедна, а безбедноста е главен услов за стабилност и економски развој“, рече Јанша. Тој како клучни причини за победата во војната за Словенија ги наведе јасната политичка цел, единството на граѓаните, навремените подготовки за одбрана, доброто разузнавање и мотивацијата на словенечките сили.

Претседателот и опозицијата не дојдоа

Прославата се одржа по повод 35-годишнината од заминувањето на последните војници на ЈНА од Словенија. Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври 1991 година, последната воена единица на Југословенската народна армија го напушти пристаништето Копер.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар не дојде на прославата, а отсуствуваа и претставници на опозициските партии. Пирц Мусар претходно ја откажа својата посета поради несогласување со потезите на владата, вклучително и преименувањето на празникот, на што се спротивставуваат и опозициските партии Свобода, Левица и СД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Македонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. 

Ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи Ерменија

Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири.

Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат.

Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер