Иџе во Италија го тестираше новиот ,,Hyundai i30 N TCR”

Македонскит автомобилст Игор Стефановски Иџе имаше ексклузивна можност да го тестира новиот автомобил ,,Hyundai i30 N TCR” за фабричкиот гигант во авто спортот ,,Хјундаи мотоспорт”.

Новиот модел Иџе го тестираше на патеката Нуволари во Италија. Овој настан се случува на покана на долгогодишниот светски шампион во ВТЦЦ натпреварувањето, италијанецот Габриеле Таргвини.

- Чест е да се добие покана и шанса да бидеш меѓу првите во светот за тестирање на светски признат и докажан фабрички тим. Посебно сум горд затоа што поканата е добиена директно од врвен возач како Таргвини, кој заедно со шефот на Хјундаи мотоспорт, господинот Андре Адамо одлучиле и јас да бидам дел од овој фантастичен настан на официлајниот тест на патеката Нуволари во Италија. Задоволен сум и поради фактот, што самиот тест помина одлично, дури и ги надмина моите очекувања. Морам да нагласам дека успеав да достигнам време кое е завидно за таа патека. Ова е патека на која настапувам првпат. Јас сум задоволен. Целата екипа е пресреќна. Мошне позитивни се и рекациите во тимот на Хјундаи мотоспорт од кои добив искрени честитки. Најголема радост ми причини реакцијата на големиот Таргвини со кој си разменивме многу информации околу новиот автомобил, вели Стефановски.

Тој додава дека во текот на следните денови ќе се направи уште едно тестирање, најверојатно на сува подлога, со цел да се добијат детални поадтоци за новиот автомобил.

- Мојот тим веќе прави анализа со која би донеле одлула дали можеби токму овој автомобил би бил нашиот арсенал за следната сезона, изјави Стефановски.

Стефановски имаше одличен настап во неодамна завршената сезона во ЕТЦЦ шампионатот, во кој до последната трка беше во игра за трофејот. /МИА

Костадиновска-Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на танцот, денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност.

„Министерството за култура го потврдува својот придонес кон сцената и останува партнер во афирмацијата на македонскиот танцов идентитет“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека танцот како креативна универзална уметност ја одразува и ја промовира македонската култура која има значајна историја на танци низ чие постоење се рушеле предрасуди и ограничувања.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека заедничките проекти го унапредуваат културниот дијалог и ја носат слободата на уметноста.

Дафина Стојаноска: Теарце е македонски непокор

Вчера, заедно со носителката на листата во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во посета на Теарце беа и техничките министри Панче Тошковски и Ѓоко Велковски. 

Остварија средби со жителите кои добија ветер во грб и беа задоволни од тоа што имаа можност да разговараат за нивната живеачка и опстанок во овие краишта. Тие биле и се македонскиот непокор. Остануваат во родните краишта, но овојпат очекуваат многу поголема поддршка од централната власт, бидејќи оваа сосема ги заборави.

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат за 0,5 денари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

притисни ентер