Ибрахимовиќ:Коронавирусот се осмели да ме предизвика,лоша идеја - Канал 5

Ибрахимовиќ:Коронавирусот се осмели да ме предизвика,лоша идеја

Фудбалерот на Милано, Златан Ибрахимовиќ, проговори откако беше објавено дека е позитивен на коронавирус.

Ибрахимовиќ:Коронавирусот се осмели да ме предизвика,лоша идеја

Тој потврди дека не чувствува никакви симптоми и испрати порака во свој стил.

"Вчера бев негативен и денес сум позитивен. Во секој случај, немам никакви симптоми. Ковид имаше смелост да ме предизвика. Лоша идеја", напиша тој на Твитер.

Ибрахимовиќ е втор заразен играч на Милано, по Лео Дуарте. Тренерот Стефано Пиоли нема да може да смета на него за мечот против Бодо, а засега нема информации до кога ќе отсуствува од терените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-ток

Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, .

МВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-ток

Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, со што е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“..

Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово кој го објавил овој чин на својот профил. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон од кој било поставено видеото..

Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото, а во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.. По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.. , информираат од МВР..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Платформата“ со конкретен план за суштински реформи во СДСМ

Платформата, составена од поранешни и сегашни челници на СДСМ, следните денови ќе излезе со конкретен предлог за суштински реформи во СДСМ.

„Платформата“ со конкретен план за суштински реформи во СДСМ

На денешниот брифинг со новинарите објаснија дека планот прво ќе СДСМ му го презентираат на претседателот на партијата, Венко Филипче. Поводот е тоа што, според нив, опозициската партија не успева да дејствува обединувачки кон граѓаните кои се антивладино расположени. дополнително, не се задоволни од моменталниот рејтинг на партијата и сметаат дека ваквиот СДСМ, ако излезе на избори, ќе доживее катастрофален пораз кој може трајно да ѝ наштети на партијата и да ја спушти под егзистенцијалниот минимум.

Од Платформата исто така сметаат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува едни од најслабите перформанси на една владеачка гарнитура во изминативе 35 години, без да направи прогрес на ниту едно поле.

Според нив, за да може да се настапи против таквите политики на владеачката партија, потребна е силна опозиција која ќе формира и поширок опозициски фронт.

Според најавите, во текот на викендот ќе објават повеќе детали околу конкретните чекори.

Според Филипче постојат сомнежи дека тие луѓе се платени од власта за да ја раситнат опозицијата и уште еднаш ги повика ако сакаат да помогнат во опозициската битка дебатата да ја водат во рамките на партијата, а не со платформи надвор од неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клоп воведува ред и радикални промени во редовите на „Панцерите“

Железната дисциплина на новиот селектор: Клоп воведува ред и радикални промени во редовите на „Панцерите“.

Клоп воведува ред и радикални промени во редовите на „Панцерите“

Според медиумските извештаи, трофејниот Јирген Клоп, новиот селектор на германската фудбалска репрезентација, по преземањето на функцијата одлучил да воведе правила поврзани со дисциплината.

„Билд“ пишува дека германскиот стручњак вовел строги правила, меѓу кои и забрана за користење мобилни телефони пред натпреварите, со цел играчите да останат фокусирани на теренот.

Покрај тоа, сите играчи, без исклучок, мора заеднички и навреме да присуствуваат на тимските вечери. Играчите нема да можат да повикуваат фризери во хотелот, туку сите репрезентативци се должни да ги завршат тие обврски пред да се приклучат на националниот тим.

За време на големите турнири, посетите од семејството ќе бидат строго ограничени и ќе се дозволуваат само во посебни случаи.

Овие правила ќе стават крај на малку поопуштената атмосфера што владееше додека Јулијан Нагелсман беше селектор на „Панцерите“. Клоп сака германската репрезентација да биде целосно затворена за јавноста додека тимот е на собир.

Се чини дека експертот за освојување трофеи смета оти токму недостатокот на дисциплина бил проблемот со кој се соочувале Германците во претходниот период, кога бележеле слаби резултати. Останува да се види како играчите ќе реагираат на строгите правила и дали тие ќе вродат со плод.

По преземањето на тренерската функција, Клоп изјави дека сака повторно да го направи настапот за националниот тим посебен и дека неговата задача е јасна: да ја врати Германија на врвот на светскиот фудбал.

Германските фудбалери ќе го одиграат својот прв натпревар во новата сезона во Лига на нации вечерва на гостински терен против Холандија, додека три дена подоцна ќе ја пречекаат Грција.

Потоа, за 1 октомври е закажан натпревар против Србија во Минхен, по што тимот на Клоп ќе гостува во Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер